Седници на собраниската Законодавно-правна и Комисијата за европски прашања


 По две седници денеска ќе одржат собраниската Законодавно-правна комисија и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на 207-та седница на Законодавно-правна комисија се предлог-закони по скратена постапка – за дополнување на Законот за јавните патишта, за регистар на задолжително социјално осигурување и за системот за проценка на лица со попреченост. 

На 200-та седница на Законодавно-правната комисија се предлог-закони во прво читање од областа на образованието: за изменување и дополнување на Законот за основното образование; за изменување на Законот за основање Национална агенција за европски образовни програми и мобилност; за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција; за изменување на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење и Предлог-закон за изменување на Законот за спортска академија.

На оваа седница се и неколку предлог-закони по скратена постапка: за изменување на Законот за здравствената заштита; за данокот на солидарност; за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност; за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, како и Предлог-закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој  во прво читање и Предлог-одлука за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на ОН – УНИФИЛ во Либан. 

Собраниската Комисија за европски прашања, исто така, ќе одржи две седници. На 62-та на дневен ред се неколку предлог-закони по скратена постапка: за изменување и дополнување на Законот за акцизите; за изменување и дополнување на Законот за Развојната банка на Северна Македонија; Предлог-закон за решавање банки; за регистар на задолжително социјално осигурување; за системот за проценка на лица со попреченост, како и Предлог-закон за дивечот и ловството – во прво читање.

На 60-тата седница на  Комисија за европски прашања на дневен ред се три предлог-закони во второ читање: Предлог-закон за адвокатурата; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната и Предлог-закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.