Иванов школата за млади лидери потпиша договор со Универзитетот Тексас – Тајлер од САД


 Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на посетата на Универзитетот Тексас – Тајлер во САД, потпишал договор за разбирање и соработка меѓу Школата за млади лидери и Универзитетот Тексас – Тајлер.

Договорот предвидува петгодишна соработка која вклучува размена на студенти и учесници во нивните програмски активности, заеднички проекти во областа на образованието, можности за заеднички сертифицирани програми и тн. 

Во името на американскиот универзитет договорот го потпишал нивниот претседател, д-р Хал Калоун.

На годинашната 14-та по ред Школа за млади лидери што ќе се одржи во октомври во Охрид, предвидено е да учествуваат пет студенти од овој универзитет, како и три професори во својство на предавачи.

– За време на неколку дневната посета на Тајлер во Тексас поранешниот претседател Иванов се обрати и пред студентите на катедрата за политички науки на тема „Предизвиците на политичката наука во 21 век”. Исто така оствари и средба со градоначалникот Дoн Ворен и други официјални претставници на градот Тајлер, соопштија денеска од кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов.