Мицкоски им се извини на пратениците за обвинувањата за „слугување“ од Левица


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како пратеник се обрати на собраниската говорница и рече дека „им се извинува на сите за непријатностите што ги предизвикале народните избраници на Левица“. Претходно сите шест пратеници на Левица зедоа збор и беа најжестоки против изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието, со аргументи дека тоа претставува „етнотрибализација …

Мицкоски им се извини на пратениците за обвинувањата за „слугување“ од Левица Read More »

Африм Гаши избран за претседател на Собранието со 76 гласа


  Помалку од четири часа траеше конститутивната седница на новото Собрание која заврши со избор на пратеникот од коалицијата „Вреди“, Африк Гаши за нов парламентарен спикер.  За неговиот избор гласаа 76 пратеници, против беа шест, немаше воздржани. За Гаши гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ. Шесте пратеници на Левица беа против неговиот избор. Пратениците …

Африм Гаши избран за претседател на Собранието со 76 гласа Read More »

Лентата била многу мала, немало место за Македонија: Сиљановска за венецот во Рим


  Советниците во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и самата таа разговарле што требало да пишува на венецот што таа го положи во црквата „Санта Марија Маџоре“ пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на светите браќа Кирил и Методија. Како резултат на овие дискусии останало само нејзиното име. Затоа што лентата била …

Лентата била многу мала, немало место за Македонија: Сиљановска за венецот во Рим Read More »

Крмов до ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат за да не слугувате на Вреди?


Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, жестоко ги нападна ВМРО-ДПМНЕ за предлогот Африм Гаши да биде нов претседател на Собранието тврдејќи дека во изминатите четири години не зел збор ниту еднаш , а само еднаш влегол во вербален дуел на некоја од комисиите во парламентот. Според него Гаши ниту има искуство за оваа позиција, ниту пак …

Крмов до ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат за да не слугувате на Вреди? Read More »

Крмов до Собранието: Само што почнавте, продолживте со лошите практики


Левица како партија е четврта политичка сила во Собранието, по ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, но веќе во старт ова собраниско мнозинство ја оштети  со неизбор на наш член во Верификациската собраниска комисија, рече од собраниската говорница пратеникот Борислав Крмов, како единствен пратеник што побара збор пред паузата.   „Според член 12 став 2, Верификациската комисија …

Крмов до Собранието: Само што почнавте, продолживте со лошите практики Read More »

Нови и стари лица во Собранието (Галерија)


  Многу одомаќинети фигури во Собранието, а и некои нови лица во парламентарниот состав се појавија денеска на конститутивната седница на новото Собрание. Меѓу новите лица пратеници  е и победникот на изборите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а и поразениот, претседателот на СДСМ во оставка, Димитар Ковачевски. Средната редица, секогаш наменета за власта, речиси целосно …

Нови и стари лица во Собранието (Галерија) Read More »

Апасиев нема да поддржи Албанец претседател на Собранието


 Пратениците на Левица нема да го поддржат Африм Гаши од Алтернатива да биде претседател на Собранието. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница изјави дека тие не би дале поддршка Албанец да биде претседател на Собранието. На прашање зошто не сакаат Албанец да биде претседател на Собранието, Апасиев рече дека е противуставно …

Апасиев нема да поддржи Албанец претседател на Собранието Read More »

Мицкоски очекува поддршка Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието – Апасиев со непристоен предлог


Пред почетокот на конститутивната седница за 11 парламентарен состав на Собранието, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека очекува сите кои се потпишале да дадат поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собранието. – Очекувам поддршка од сите оние кои се потпишани, Африм Гаши да биде претседател на парламентот  – рече Мицкоски пред новинарите. …

Мицкоски очекува поддршка Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието – Апасиев со непристоен предлог Read More »

Новата влада ќе треба да има 24 министри. Сегашната има 20


  Доколку ВМРО-ДПМНЕ стигне до двотретинско мнозинство во парламентот и се усвои неопходниот закон владата ќе го зголеми бројот на нејзините членови. Како и бројот на министерствата и министрите без ресор. Во моментов владата, на чие чело е техничкиот премиер Талат Џафери, има 20 членови. Од нив четворица се потпретседатели. ВМРО-ДПМНЕ планира воведување на нови …

Новата влада ќе треба да има 24 министри. Сегашната има 20 Read More »

Кадар на Билал Касами ќе се бори против корупцијата во власта


Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами од коалицијата „Вреди“ во интервју за „360 степени“. За „Влен“, во владата со 20 ресори, ќе има пет министерства, плус министер без ресор.   -Можам да потврдам дека еден …

Кадар на Билал Касами ќе се бори против корупцијата во власта Read More »

Касами: Вреди добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор


Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. – Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во …

Касами: Вреди добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор Read More »

СДСМ ќе избира нов лидер на 30 јуни


На 30 јуни, на непосредни внатрепартиски избори СДСМ ќе избира нов претседател на партијата. Ова е одлучено на денешната седница на Извршниот одбор на партијата, откако на 22 мај Димитар Ковачевски си поднесе оставка од функцијата. „Согласно роковите во Статутот на партијата, ќе има доволен период за подготовка на кандидатурите и програмите, претставување на кандидатите …

СДСМ ќе избира нов лидер на 30 јуни Read More »

Сиљановска: Преспанскиот договор е правен акт и јас ќе го почитувам


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова изјави дека Преспанскиот договор е правен акт кој ќе го почитува, иако е критичар на неговата содржина. Сиљановска Давкова вечерва при учество на настан по повод 20- годишнината од постоењето на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), на новинарско прашање потенцира дека не смета оти го прекршила Преспанскиот договор. …

Сиљановска: Преспанскиот договор е правен акт и јас ќе го почитувам Read More »

Биљал Касами бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат


Претседателот на Движењето БЕСА и градоначалник на Тетово Биљал Касами до Собранието доставил изјава дека се откажува од пратеничкиот мандат и бара да не му биде верифициран.  -Јас Биљал  Касами како избран кандидат за пратеник  во Шестата изборна единица на Парламентарните избори 2024, при чиста совест и здрав разум, неприсилен од никого, под целосна морална, …

Биљал Касами бара да не му се верифицира пратеничкиот мандат Read More »

Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието


Поради кандидатурата за претседател на Собранието, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од Секторот за односи со јавност на Алтернатива.  Информацијата за МИА ја потврди и Гаши. – На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм …

Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, ќе биде предложен за претседател на Собранието Read More »

Маринакис: Договорот од Преспа не влезе на предизборната агенда со одлука на грчката Влада


Договорот од Преспа не влезе во предизборната агенда со одлука на Владата, туку поради тоа што Владата мораше да реагира за она што беше неприфатливо, историски погрешното и спротивно на билатерално договореното и изгласано од двете земји, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од …

Маринакис: Договорот од Преспа не влезе на предизборната агенда со одлука на грчката Влада Read More »

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо и распеано


  БИТОЛА – „Воскресна“ бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во срцето на Битола за време на празникот посветен на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, дента на 24 мај. Живо и распеано, како ретко кога досега, поминал празникот во седиштето на сега згаснатото здружение „Клуб Иван Михајлов“ во Битола. Речиси триесетина млади хористи од Бугарија настапиле …

„Воскресна“ клубот „Иван Михајлов“ во Битола, живо и распеано Read More »

Мицотакис: Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, но го почитував


Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, кој го склучи претходната Влада. Но, го почитував. Се обидовме да соработуваме со Северна Македонија за да ѝ помогнеме во нејзиното европско патување. Но, за некој да се приближи до Европа ќе треба да го почитува европското законодавство и да постигне напредок во прашањата што се однесуваат …

Мицотакис: Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, но го почитував Read More »

Грчките медиуми пишуваат дека Блинкен не ѝ честитал на Сиљановска и зошто било така


  АТИНА – „Писмото на Блинкен остана во фиока“; „Дипломатски маратон за прекршувањето на Договорот од Преспа“ и „Враќање на тврдокорните“ се насловите на текстовите во неделните изданија на три грчки весници -„То вима“, „Реал њуз“ и „Катимерини“ – едни од најголемите во земјата, кои и оваа седмица македонско-грчките односи ги држат високо во фокусот. Дописникот …

Грчките медиуми пишуваат дека Блинкен не ѝ честитал на Сиљановска и зошто било така Read More »

Италијанскиот претседател Матарела информира во една реченица дека се сретнал со Сиљановска


  Со наслов „Претседателот Матарела ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова“, прес-службата на италијанскиот претседател, Серџо Матарела соопштува за средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Во многу кусото соопштение се вели: „Претседателот на Републиката, Серџо Матарела, во Квиринале ја прими претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Присутен беше државниот потсекретар за …

Италијанскиот претседател Матарела информира во една реченица дека се сретнал со Сиљановска Read More »