Скопје со 55 милиони евра ќе се трансформира во Европска престолнина на културата за 2028, вели Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, по успешните средби во Брисел. Заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, Ѓорѓиевски оствари значајна средба со еврокомесарот Глен Микалеф, каде ја претстави подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација. …