Дел од Кисела Вода денеска без вода, а утре без струја


Поради уличен дефект Ф-150 милиметри на улица „Чедомир Кантарџиев“ 3, без вода ќе бидат корисниците од оваа  и дел од улицата „Наум Охридски“ во Општина Кисела Вода. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато во текот на денот поточно од 09:30 часот, па се до отсранувањето на дефектот.  […]

На референдум да се одлучи што со брегот на Езерото Треска


Камперите, кои имаат поставено камп-куќички на брегот на езерото Треска во близина на Скопје, денеска на протест побараа граѓаните на главниот град, што пред години го изградиле комплексот, на референдум да се изјаснат што понатаму со него. – Граѓаните на Скопје што го платија овој објект да кажат преку референдум што понатаму со него – […]

Во општина Карпош се распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места


Зимската служба на Општина Карпош распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Бардовци, Жданец и Трнодол). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи. – Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на […]

Поставено ново ЛЕД енергетски ефикасно улично осветлување во Дебар Маало


Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината. Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски“, „8 Март“ и „Наум Наумовски Борче“ отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови ЛЕД светилки, кои значително ќе ги […]

Се заменуваат азбестните цевки од водоводнате мрежа на ул. „Антон Попов“ во Гази Баба


ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со реализацијата на проектите и инвестициите кои се однесуваат на обнова и реконстукција на водоводната и канализационата мрежа, самостојно, но и во соработка со општините и Град Скопје.   Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски со градоначалникот […]

Водата во Скопје безбедна за пиење


Примероци од вода земени на 39 мерни места во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопштувајќи  резултати од неделниот извештај за анализа на водата за пиење. Од 4 до 8 јануари биле земени 112 примероци за физичко-хемиска и 112 примероци […]

Вардар се заканува да ги поплави Аеродром и Острово


    Од попладнево станува можна заканата Вардар да се излее кај скопските населби Аеродром и Острово. Со тоа, загрозени од поплавување се велосипедските патеки и пешачката патека. Според „Вечер“, остануваат само уште десет сантиметри до целосно излевање на реката.

Во посета на „Лајка“: Доби ли Скопје стационар по светски стандарди?


Прифатилиште за бездомни животни чии услови ќе ги задоволат потребите од хуман третман и нега на бездомните кучиња е нешто за што во земјава се зборува долги години и за кое речиси и да немаше надеж, иако претходно „функционираше“ стационар, за кој и здруженијата, а воедно и граѓаните имаа критики и реагираа за нехуман третман. […]

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар 


Општина Центар и покрај минатогодишната состојба со пандемијата на КОВИД 19, успеа врз основ на судски пресуди и активирани банкарски гаранции во буџетот да инкасира вкупно 223.973.602 денари, односно речиси 4.000.000 евра. Одделението за нормативни и правни работи при Секторот за правни и организациони работи на Општина Центар тековно ги реализираше судските постапки и спорови […]

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП


Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето. На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат […]

Помош за семејството во Скопје чија куќа изгоре на првиот ден од јануари


Комуналните служби на Општина Карпош целосно ја исчистија опожарената куќа во населбата Карпош 2, на улицата „Руѓер Бошковиќ“. Службите ги подигнаа изгорените делови и мебел од домаќинството, кои настрадаа на првиот ден од 2021 година. Исто така, прeку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош стапи во контакт со претставници од засегнатото семејство […]

Град Скопје: Пријавете бадникови огнови на бројот 193


Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници, со цел да се избегнат групирање на лица поради пандемијата со корона вирусот, како и со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. Ги потсетуваме граѓаните за Одлуката на Владата на Република Македонија за […]

Градски автобуси по неделен возен ред за празниците


  Од ЈСП „Скопје“ инфпормираат дека утре, среда (6.01.2021 год) и четврток (7.01.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Утре, среда (6.01.2021 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во […]

Дури 150 семејства во социјален ризик добија пакети со храна во Центар


  Редовните месечни активности од проектот „Нула глад во Општина Центар“, во соработка со Банка за храна Македонија продолжуваат и во новата година.  И овој месец 150 семејства со висок социјален ризик добија пакети со прехранбени и основни хигиенски производи, за подобар почеток на годината и полесно да можат да го поминат месецот. Оваа активност […]

ОУ „Киро Глигоров“ во потесен избор за наградата на ЕУ за современа архитектура


Општинското основно училиште „Киро Глигоров“ влезе во потесен избор за наградата на Европската Унија за современа архитектура, „Мис ван дер Рое“ за 2022 година. – Ми претставува особена гордост и задоволство што нашето најубаво и најмодерно основно училиште, „Киро Глигоров“ влезе во потесен круг за наградата на ЕУ за современа архитектура Мис за 2022 година. […]

Ќе се гради општинска зграда во Аеродром, објавен конкурс за идејно решение


  Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда. Со изградбата на општинска зграда ќе се создаде можност за поефикасна соработка со граѓаните и ќе се рационализираат издатоците од буџетот на Општината, сметаат оттаму. Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории […]

(Галерија) Водно го понуди својот раскош – скопјани уживаа во убавото време


Првите два дена од Новата година беа сончеви, па скопјани поитаа на падините на Водно да прошетаат во природа. По година помината со карантин, ограничување на движењето, седење дома по препорака на здравствените власти, но и задолжително носење маски и на отворено, како заштита од пандемијата од корона вирус, жителите на главниот град, имаа можност […]

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 23 пациенти, вкупно се лекуваат 356 лица


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 356 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на ОРЛ и […]

Град Скопје му додели 20 илјади денари на првото бебе што се роди во 2021


Првото родено бебе во 2021 година во Скопје е машко, тешко е 3 650 грама и е долго 51 сантиметар. Новороденчето е родено во 00:01 часот, мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска, а ова е нејзино второ дете. Првото родено бебе, поради протоколите за корона вирусот денеска на Клиниката за гинекологија го посети само […]

Известување од ЈП Водовод и канализација за работењето по Нова Година


Водовод и канализација – Скопје во пресрет на новогодишните празници ги известува корисниците дека на 2 јануари шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај нема да работат. За евентуални потреби граѓаните треба да се јават на бројот 02/3073 010, или да пратат мејл на [email protected].  -Информирајте се на www.vodovod-skopje.com.mk и […]