Ново Лисиче добива лавиринт од садници


Паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче ќе добие лавиринт од 1.200 нови садници. Садниците ќе бидат засадени на тој начин што жителите ќе можат да се движат по патеки меѓу нив и со тоа да ги спојат уживањето и рекреацијата во убаво уредениот парк. 

„Ваквиот тип лавиринти се особено интересни за дечињата и многу ме радува што и Аеродром ќе добие едно прекрасно и оригинално катче”, рече градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. „Продолжуваме да го зазеленуваме нашиот Аеродром, кој е прекрасно место за рекреација и уживање“, додаде тој. 

Општина Аеродром пролетта ја дочека со многу новозасадени садници и продолжува и натаму да го проширува и обновува зеленилото, кое е нејзин заштитен знак.