Богдановиќ не седел во кафеана за полициски час, ќе тужи за лажната информација


 
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги демантира информциите дека за време на полициски час седел во кафани.

 

„Целосно ги отфрлувам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони.Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на КК Работнички, кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци. За да се расчисти целиот случај и да се докаже вистината, сите аргументи ги доставив до сите надлежни органи. Воедно барам извинување за напишаните текстови во рок од 24 часа и објава на мојата реакција. Во случај да не се случи тоа, ќе покренам граѓански спор“, наведува во демантот градоначалникот Богдановиќ.