Како помина првиот ден во кафулињата по новите мерки?


Од прошетката што ја направивме во центарот на Скопје, може да се види дека кафулињата и рестораните се празни или полупразни. Сепак, во кафулињата на улица „Мекедонија“ и на Кеј, има граѓани кои покажале сертификат за вакцинација, барем примена прва доза или доказ дека прележале Ковид-19 пред не повеќе од 45 дена. Пред секое кафуле […]

Се гради надворешноста на Универзална сала


Реконструкцијата на Универзалната сала се одвива со металната конструкција на со чие поставување ќе се овозможи брзо завршување на надворешноста на овој култен објект за Скопје и за скопјани.  –  Вчера споделив со јавноста како планираме да изгледа внатрешноста на објектот. Карактерот на објектот е таков што прво мора да се сработи надворешноста, зашто објектот […]

Како изгледаат новите училници во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче


Целосно заврши изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Станува збор за капитален проект кој опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. Училниците се опремени со нови клупи, столчиња и […]

Мораториумот на Богдановиќ версус „Шанса за Центар“


Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“ од денеска собира потписи за учество со независна граѓанска листа за Општина Центар за претстојните локални избори, а планираат да бидат противтежа на големите политички партии кои излегуваат со свои кандидати, затоа што сметаат дека одлуките за активностите на локалните власти не треба да се донесуваат зад затовреи врати. Платформата […]

Фото: Шилегов покажа како ќе изгледа новата Универзална сала


Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил ги сподели првите фотографии кои прикажуваат како ќе изгледа внатрешноста на реновираната Универзална сала. „Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сѐ и сешто (особено за мене), […]

Над 3 000 граѓани се вклучија во проектот „Скопје вежба“


Заврши проектот „Скопје вежба“, а во текот на 44 дена 3 000 граѓани од различни возрасти ја искористиле можноста бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование. Се вежбаше, како што соопшти денеска Град Скопје, гимнастика, аеробик, пилатес, бокс, моторика, јога, голф и фудбал, […]

Нови летни сцени во Градскиот парк во Скопје


Скопје ги започна постапките за изведба на две летни отворени сцени во зелениот појас на Градски парк во Скопје, едната спроти Сточарскиот институт во вториот дел во Градскиот парк  и другата во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак кану клубот „Илинден 90“. Двете сцени ќе се изведуваат според наградените решенија, каде Град Скопје минатата година […]

Се обновува плочникот во Порта Влае


Во полн ек се активностите за реконструкција на плочникот – партерниот дел во Порта Влае. Старите и оштетени плочки се отстрануваат и на нивно место ќе бидат поставени нови гранитни плочки, како и нов систем за хидроизолација, за да се спречи протекување вода во гаражните делови. Службите на Oпштина Карпош, во овие моменти работат на […]

Се реновира училиштето „Гоце Делчев“ од Горно Лисиче


Основното училиште „Гоце Делчев“ од Горно Лисиче подготвено го очекува почетокот на новата учебна година. Деновиве во централното училиште се поставуваат висоококвалитетни гранитни плочки на горниот кат, а во подрачното училиште во Долно Лисиче се врши замена на вратите. Исто така, пред влезот на  училиштето се поставуваат и бекатон-плочки. Со цел осовременување на наставата во […]

Општина Центар се закани со казни за несовесно одложување oтпад


Комуналните редари од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изминатиот период се на терен и вршат засилени контроли во подрачјето на Дебар Маало. Преполни контејнери, расфрлан отпад до контејнерите и несовесно одложени отпадоци, особено во време на викендите е непријатната глетка која секојдневно ги затекнува жителите на општината. Досега од страна на комуналните редари, […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 14.08.2021 година (сабота) и 15.08.2021 година (недела), во раните утрински часови, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска дезинсекција против комарци. Терестричната дезинсекција против комарци, пак, ќе се одвива од 16.08.2021 година (понеделник) до 20.08.2021 година (петок), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден. […]

Комплекс од десеткатници и бизнис-центри се гради кај новиот мост на Вардар


На површина од 9.440 метри квадратни покрај Вардар, кај новиот мост што се гради зад хотел „Русија“ никнува нова населба со сопствена катна гаража и дури три бизнис-центри. Комплексот го гради „Саник инженеринг“, компанија со 15-годишно искуство. На својата веб-страница, проектот го најавуваат како „рапсодија во зелено и сино“ со оглед на близината на реката […]

Уште едно спортско игралиште во Аеродром доби ергономска подлога


Општина Аеродром изврши целосна реконструкција на спортското игралиште што се наоѓа на булеварот „Јане Сандански“ во непосредна близина на кулите Џевахир. Кошаркарското игралиште доби нова ергономска подлога, која покрај естетскиот изглед, им нуди и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто. Обновени се и кошевите, […]

Аеродром пожолте: Лесно е да се засади – тешко е да се одржува


Билјана Богдановска Од сонцето изгорена трева, суви лисје попаднати по тревниците како да е есен, а и тревата под нив е сува, жолта и мртва. Вакви се сликите од Општина Аеродром во Скопје, иако на повеќе места се поставени системи капка по капка или прскалки. Всушност тие се и единствените зелени површини во општината. Зелено […]

„Лајка“ сака да затвора бездомни кучиња во КПД Идризово


По многубројните реакции од граѓани за држењето во заложништво на кучиња со сопственици, по ловењето веќе истретирани кучиња со маркици, сега в.д. директорката на ЈП Лајка сака да затвора бездомни кучиња во КПД Идризово каде што според сите извештаи од македонски и странски набљудувачи, како и Годишниот извештај од Народниот правобранител за 2019 година – […]

Центар за деца со попреченост во Општина Карпош


 Општина Карпош ќе добие Центар за деца со попреченост. Неговото отворање е новиот проект во рамки на Проектот за подобрување на социјални услуги што го спроведуваат Министерството за труд и социјална политика и Светска банка. Од Општина Карпош информираат дека во рамки на овој центар ќе бидат опфатени 32 деца со попреченост, од кои 16 […]

Автобусите 5, 11 и 11А со изменет режим во Дексион


Од денеска линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица „Кузман Шапкарев“. Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје. ЛИНИЈА 5 *автобусите од семафорите на булевар […]

Изгаснат пожарот во скопскиот ресторан „Рагуза“


Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража „26 јули“ на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“. Засега нема инфромации за евентуални повредени лица и за причинетата материјална штета. Според […]

Пожар на кровот на катната гаража „26 јули “, гори ресторанот „Рагуза 360“


Пожар го зафати кровот на катната гаража „26 јули“, во непосредна близина на надвозникот во центарот на Скопје, при што гори делот каде што се наоѓа познатиот ресторан „Рагуза 360“.  Не е познато дали и колку е оштетен ресторанот и дали пожарот се заканува да ги зафати и другите катови каде што има паркирани возила. […]

Симоновски: Не се памети ден како вчерашниот, дел од пожарите се подметнати


Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаи, а седум дојави биле лажни. – Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку […]