И Бени Шаќири ќе пее за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот.

Бени, односно Арбен Шакири, беше кандидат за градоначалник на Град Скопје, но во вториот круг продолжија само Данела Арсовска и Петре Шилегов. 

 

-Скопјани, вечерва од  20:30 часот дојдете на плоштадот „Македонија“ и се македонски изведувачи дочекајте ја Новата 2022 година на плоштадот „Македонија“. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја дочекаат Новата година, порачаа од Град Скопје.

Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година.

Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје. 

Со тоа, новата програма изгледа вака:

20:30-21:30 – Пука Козметика

21:30-22:30 – ДНК

22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп

23:30-00:30 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова