Советниците не ја поддржаа Арсовска за задолжување за еко-автобуси


Само 14 советници гласаа по предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со цел набавка на еко-автобуси за јавниот градски сообраќај во Скопје. И овој обид на градоначалничката да го задолжи градот долгорочно со цел да набави 50 еко-евтобуси, кои би придонеле за обновување на возниот парк на ЈСП и за намалување на загадувањето во […]

Иницијативата на СДСМ за Универзална сала не помина на Совет


Советот на Град Скопје не ја изгласа Иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, за Универзалната сала, со што ќе се овозможеше Министерството за култура да ја доврши сопрената реконструкција. За Иницијативата гласаа 15 советници, шестмина беа против и четворица […]

Стефковски од Гази Баба бара враќање на старите имиња на улиците


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, утрово поднесе Иницијатива до Градот Скопје за враќање на старите имиња на улиците во општина Гази Баба. „Сакам да Ве информирам Вас и јавноста дека утрово поднесов Иницијатива до Градот Скопје со барање за враќање на старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. Имено на предлог […]

Одлука за Владата да ја доправи Универзална не може да се донесе денеска


Дали Град Скопје ќе ја отстапи Универзалната сала на Владата ќе одлучи Советот на Скопје, соопшти денес градоначалничката Данела Арсовска. Извести дека има иницијатива од дел од советниците салата времено да се отстапи на Владата. – Универзалната сала е симболот на градот. Тоа не е одлука која што јас како градоначалник, ниту можам ниту сакам […]

Арсовска предлага субвенции за купување еко-возила за сите – поддршка од 200.000 денари


Набавка на нови еко-автобуси, субвенционирање за купување нови еко-такси возила и возила за граѓани, соработка со општини, за реконструкција на неколку улици, се дел од барањата односно одлуките, кои денеска на предлог на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ќе се најдат пре советниците во Советот на град Скопје. – Градот Скопје мора да биде модерен […]

Јавен повик од Општина Карпош за субвенционирање на поправака на покриви на згради и куќи


Општина Карпош денеска објави Јавен повик кој ги содржи правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на колективните станбени објекти (згради), како и замена на азбестни покриви на индивидуалните станбени објекти (куќи), на територија на локалната самоуправа, известуваат од општината. За таа цел, локалната самоуправа од својот […]

Делови од Карпош, Ѓорче Петров, Илинден и Сарај денеска без струја


Без електрична енергија денеска од 11:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Прашка“ од бр.54 до бр.70 и дел од улицата „Букурешка“ од бр.110 до бр.140 во општина Карпош. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Париска“ без број спроти ГОБ […]

Пожар над скопската населба Пинтија, гори ниска вегетација


Шумски пожар изби над скопската населба Пинтија, информираат од Центарот за управување со кризи. Според напишаното на социјалните мрежи, гори ниска вегетација. – БППЗ на Град Скопје мометално интервенира со 1 ПП Возило и 4 пожарникари. Во моментов пожарот не преставува голема опасност – потенцираат надлежните.

Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала


Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата. Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи […]

Дел од Аеродром без вода


Поради промена на шибер во шахта ф 80 мм, без вода од 10.50 часот се корисниците од бул.„Јане Сандански“ згр.66, згр.68 и дел од ТЦ Бисер. Прекинот во водснабдувањето ќе трае до за вршување на работите, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Општина Центар субвенционира реконструкција на фасада на „Илинденска“


Општина Центар започна со реконструкција на фасадата на станбениот објект бр. 81 на бул. „Илинден“, со површина од 2.200 квадратни метри. На овој потег, во тек е реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда што покрај енергетската ефикасност, ќе добие и нов лик што ќе го збогати целокупниот амбиент. „Ќе се задржи […]

Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“


Колку пати сте си рекле: „Ќе почнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор? Сигурно имате приоритетни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и […]

Без струја утре делови од Драчево, Хиподром, Центар, Тафталиџе, Кучково и Грачани


Корисниците од улица „Дреновска Клисура“ во населба Драчево во Општина Кисела Вода утре ќе немаат струја од 8 до 12  часот, соопшти РЦУК – Скопје по известување од „ЕВН Македонија“ АД. Од 9 до 12 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Пехчевска“ и „Париска комуна“ и дел од улицата „Валандовска“ во […]

„Рузвелтова“ ќе се реконструира два месеца


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“. Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7.350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се […]

Поради замена на семафори ќе биде забавен сообраќајот на крстосницата на булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“


ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека поради демонтажа на оштетен полупортален семафорски столб на кростосницата помеѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ ќе биде забавен сообраќајот во тој дел од Скопје. – Апелираме до граѓаните за трпение до завршување на работите со цел да се воспостави безбедност во движењето и да се врати нормалниот […]

Нападнат синот на Пеце од „Суперхикс“ – тој со смирен повик до институциите


Малолетник бил нападнат во неделата во Капиштец, додека играл кошарка, од други четири малолетници, штитеници на Домот „11 Октомври“. Полицијата дошла, но рекле дека малолетниците им се познати како проблематични и дека не можат ништо да направат.  Целото сведоштво, Петар Младеновски го има објавено на Фејсбук, па ги повикува институциите да ги заштитат сите жители […]

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром


Во тек е пролетна за акција за уредување на парковите и чистење на фонтаните во Аеродром. – Првите денови во Аеродром се денови за пролетно уредување на општината кое опфаќа уредување на парковите и подготовка на фонтаните за пролетната сезона. Акцијата спроведена од страна на општинските служби во Аеродром изминатите денови опфати чистење, уредување и […]

Забрана за работа од 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“


По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали. Поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“  […]

Град Скопје ги отвори понудите од превозниците


Вчера во Град Скопје почна отворањето на пријавите од приватните превозници кои пристигнаа на јавниот повик за 16 линии, поделени во три пакети. Превозниците аплицирале со три новорегистрирани фирми за трите пакети за кои има потреба од дополнителен автобуски превоз, па ќе се изберат тие кои ги исполнуваат условите и критериумите од огласот кој заврши […]