Без струја утре делови од Чаир, Аеродром, Карпош и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Од 7 до 10 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Битпазарска“ брoj 60 во општина Чаир, односно само корисниците од зградата спроти слаткарницата „Охрид“.

Според известување од  ЕВН Македонија АД, утре од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улица „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода и корисниците од дел од улица „Ванчо Мицков“ во Карпош. 

Безнапонска состојба за утре од 8.30 до 11.30 часот е најавено и за корисниците од ул. „Блажо Орландиќ“ во општина Аеродром, вклучително и бензинската „Макпетрол“.