Арсовска на 1 Мај на излет во Сарај


Спортскиот Центар Сарај во минатото беше едно од најпосетените излетнички места за скопјани, а со неговата реконструкција се враќа во својот полн сјај. Градот Скопје во континуитет вложува во нови спортски содржини за сите свои граѓани со цел создавање навики за спортување и здрав живот кај сите генерации.
 
„Денеска ги посетивме спортските терени во паркот Сарај, кои екипите на Град Скопје во соработка со општина Сарај, ги реконструираат. Со реконструкција на шест спортски игралишта во паркот и дополнителни четири спортско рекреативни содржини се враќа убавината на ова познато излетничко место. Екипите на Градот работат и на оформување на нови пристапни патеки до спортските терени и на реконструкција на останати содржини во паркот“, соопштија од Градот Скопје.