Одложување на обврските сигнал за психички проблем- отворен разговор на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“


  За подигнување на свеста за значењето на менталното здравје, „Ротари Клуб СкопјеИнтернационал“,продолжува со серијата отворени разговори насловени „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија.“ Тема на утрешниот отворен настан е исклучително актуелна тема „Прокрастринација – современ крадец на времето“. Прокрастринацијата или одложување на обврските, честопати е сигнал за …

Одложување на обврските сигнал за психички проблем- отворен разговор на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ Read More »

ЕСМ се дообјаснува за потпишувањето нови договори за парното


Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика. Заради регулирање на потрошувачкиот однос на …

ЕСМ се дообјаснува за потпишувањето нови договори за парното Read More »

Над 100 прегледи на деца за едно дежурство во болницата „Козле“


Приливот на пациенти во детската болница „Козле“ енормно расте. Над 100 е бројката на деца кои доаѓаат на преглед само на дежурство, а во абота и недела бројот е зголемен. Номнетално во болницата лежат 86 мајки и деца заедно, од кои само едно дете е заразено од Ковид.   Кашлање, пораст на температура, секреција од нос, …

Над 100 прегледи на деца за едно дежурство во болницата „Козле“ Read More »

Муцунски се фали, за една година имал повеќе проекти отколку СДСМ за четири


За помалку од една година мандат, одбележан со светска и домашна енергетска и економска криза, жителите на Аеродром се уверија дека Општината може да функционира подобро, а дадените ветувања да се остварат.Во овие неполни 365 дена, аеродромци забележуваат огромна разлика во начинот на кој функционира општината, а инвестициите и проектите што се спроведуваат се видливи …

Муцунски се фали, за една година имал повеќе проекти отколку СДСМ за четири Read More »

(Фотогалерија) Адреналинска трка во Скопје


На терените на парк-шумата Гази Баба се одржа адреналинска трка организирана од ОЦР-Скопје. Настанот претставува спортско-рекреативно натпреварување во кое учесниците треба пеш да совладаат 10 километри низ шумска патека исполнета со пешадиски пречки, кои ќе треба да ги совладаат како контролни точки. Пешадиските пречки претставуваат баланс-греда, качување по јаже, прескокнување преку дрвен ѕид, носење товар …

(Фотогалерија) Адреналинска трка во Скопје Read More »

Топланите и дистрибутивната мрежа се 100-процентно функционални


Топланите и дистрибутивната мрежа се 100 отсто функционални, односно кај нив не се евидентирани никакви дефекти, изјави денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ Александра Маројевиќ. Таа појасни дека секој почетокот на грејната сезона е период кога се јавуваат многу дефекти во потстаниците, како и кај внатрешните инсталации во домовите на потрошувачите. Во  текот …

Топланите и дистрибутивната мрежа се 100-процентно функционални Read More »

Од утре корисниците на парно греење во Скопје ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ


 Од утре корисниците на централното греење ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје, информира денеска помошник директорката за производство од АД ЕСМ, Александра Маројевиќ. -Корисниците на централното греење на нашиот систем од утре се повикуваат да се обратат до пунктовите кои се на исто место за да почне регулирањето на нашите …

Од утре корисниците на парно греење во Скопје ќе треба да потпишат нови договори со ЕСМ Read More »

Кисела Вода ќе добие модерен затворен пазар


Фирмата чија понуда беше избрана како најповолна започна да го гради модерниот затворен пазар во општина Кисела Вода, на местото од некогашниот див пазар кој тука функционираше во субстандардни услови, без водоводна и санитарна инфраструктура. Како што велат од Општина Кисела Вода, се работи за современо здание со површина од 250 квадратни метри. – Инфраструктурно …

Кисела Вода ќе добие модерен затворен пазар Read More »

Директорот на АД ЕСМ во увид на топлинските капацитети пред стартот на грејната сезона


  Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изврши увид во системот за обезбедување топлинска енергија за градот Скопје, пред утрешниот почеток на грејната сезона. Ковачевски, како што информираат од АД ЕСМ, ја посети топланата Исток, производен капацитет кој произведува 70 проценти од топлинската енергија за потрошувачите во градот Скопје, и која заедно со топлана …

Директорот на АД ЕСМ во увид на топлинските капацитети пред стартот на грејната сезона Read More »

Од утре топли радијатори во Скопје


Исполнети се сите предуслови за нормално започнување на грејната сезона во Скопје од 15 октомври. Утре ќе бидат топли радијаторите на сите скопјани кои се приклучени на централно греење. Тоа, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, е овозможено со доделените три лиценци за …

Од утре топли радијатори во Скопје Read More »

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија


EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и …

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија Read More »

Без вода дел корисниците во населба Жданец


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улицата „Девол“ и дел од улицата „Жданец“ во населба Жднец, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е дефект на приклучна цевка ф1“ на улица „Девол“ број 54 и ќе трае до санирање на дефектот. 

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот?


Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за спроведување анкета на јавното мислење. Поточно, се работи за сума од 987.000 денари, а според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, на 10 октомври, Град Скопје, склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје, вреден 987.000 денари за спроведување на седум …

Градоначалничката Арсовска ќе потроши милион денари за да си го мери рејтингот? Read More »

Бутел и градските гробишта полни со улични кучиња, се огласија и од „Лајка“


Граѓаните реагираат на голема присутност на улични кучиња во општина Бутел и градските гробишта. Од ЈП Лајка велат дека само изминативе 7 дена се заловени 15 кучиња во овој дел на градот. Заловувачките служби на ЈП Лајка постапуваат постојано на сите градски локации, таргетирајќи ги прво клучните жаришта, како што се конкретно спроведените интервенции во …

Бутел и градските гробишта полни со улични кучиња, се огласија и од „Лајка“ Read More »

Почина Џеваир Јакупи – Џеки, еден од најпознатите скопски бербери


  Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Џеки Јанг“ во ТЦ Зебра. Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се …

Почина Џеваир Јакупи – Џеки, еден од најпознатите скопски бербери Read More »

Посебен режим на сообраќај утре, во четврток и петок во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), поради официјална посета на Република Северна Македонија на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација, Н.Е Ирене Келин, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно …

Посебен режим на сообраќај утре, во четврток и петок во Скопје Read More »

Проверете дали објектите се подготвени за грејната сезона


ЕСМ Снабдување со топлина во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023 која почнува на 15 октомври преку соопштение ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во …

Проверете дали објектите се подготвени за грејната сезона Read More »

Утре без струја ТЦ „Бисер“, и делови на Студеничани и Карпош


Од ЕВН Македонија информира дека утре без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 12.30 часот, корисниците од ТЦ „Бисер“. ( општина Аеродром ) – во периодот од 9 до 15 часот, корисниците на потегот од село Алдинци до Солунска Глава. ( општина Студеничани ) – во периодот од 10 до 14 …

Утре без струја ТЦ „Бисер“, и делови на Студеничани и Карпош Read More »

Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не


Топлинска енергија од 15 октомври ќе има за сите потрошувачи во град Скопје без разлика дали ќе работи или нема да работи когенеративната електрана ТЕ-ТО, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ако не работи ТЕ-ТО во делот на производство на електрична енергија со чиј нус производ се обезбедуваат 60 до 70 отсто од производството …

Скопје ќе има парно без разлика дали ќе работи ТЕ-ТО или не Read More »

Општина Кисела Вода ќе субвенционира набавка на огревно дрво


Субвенции за набавка на огревно дрво обезбедува Општина Кисела Вода за своите жители. Во подготовка е јавен повик, на кој ќе можат да аплицираат сите оние кои набавиле ваков енергенс за загревање од април годинава, се до моментот на објавата на повикот. По 500 денари за еден кубен метар огревно дрво ќе се исплаќа на …

Општина Кисела Вода ќе субвенционира набавка на огревно дрво Read More »