Делови од Сарај, Чаир и Аеродром без струја


Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај. Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и […]

Децата од СОС Детско село засадија 150 дрвца во Инџиково донација од „Иуте“


За Денот на пролетта, 21 март, ќе се засадат 5.000 нови дрва на територија на општина Гази Баба. Првата активност се оддржа на просторот околу спортскиот терен Солидарност во Инџиково каде што се засадија 150 нови садници кои се донација од финансиското друштво Иуте Македонија. – Заедно со дечињата од СОС Детското село и преставници […]

Четворица наставници од Карпош учествуваат во проект поддржан од американскиот Стејт Департмент


Претставници од Универзитетот „Тринити“ од Сан Антонио (САД), минатата недела го посетија основното училиште „Петар Поп Арсов“, по повод реализација на проектот за млади лидери во спортот „Youth Leadership Through Sport“ (YLS). Имено, во овој проект којшто е поддржан од американскиот Стејт Департмент, учествуваат наставниците по физичко и здравствено образование, м-р Александар Аргироски (ООУ „Петар […]

Без струја дел од корисниците на ул. „Даме Груев“ во Центар


Корисниците на дел од ул. „Даме Груев“ во општина Центар (спроти Собрание кон Зелен пазар) и „Силк роуд банка“ на ул. „Даме Груев“ кај Собранието  ќе немаат електрична енергија.  Според известување од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во снабдувањето со струја ќе биде од 9 до 13 часот. 

За децата со попреченост нема да се плаќа градинка во Општина Бутел


Советот на Општина Бутел донесе одлука според која родителите на децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките. Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист. – Соочувајќи се со енормните поскапувања, […]

Донација на „Спорт лајф“ за ООУ „Ј.Х. Песталоци“


„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје. Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога […]

Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден


ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на улица 9 во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства, извести општина Илинден. Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 […]

Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ


Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски […]

Под слоганот „Летаме заедно“ почнува шестото издание на „Литера“


Под слоганот „Летаме заедно“, од денеска до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца „Литера“. Организаторите најавуваат дека Фестивалот ќе понуди многу настани, активности и креативни изрази во едукативна и забавна атмосфера. Годинава фестивалот „Литера“ го става акцентот на Турција […]

Без струја делови од општините Чучер Сандево, Центар и Сарај


 Без струја денеска ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Центар и и Сарај. Во периодот од 09.00 до 11.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Блаце, како и караулата Блаце, Мобимак Блаце, Филип Инженеринг, граничен премин Блаце и терминал Блаце во општина Чучер Сандево. Во периодот од 09.00 […]

Нов спортски комплекс „Шампиони” отворен во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, заедно со спортските легенди Аце Станковски, Коки Аврамовски и синот на починатиот Николчо Зиков, ја пресекоа лентата и со тоа го отворија новиот спортски компекс „Шампиони” во дворот на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”. „Денешниот спортски комплекс, ,,Шампиони” е уште еден во низата спортско-рекреативни центри и паркови кои ги изградивме во […]

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ги советува носителите на проекти во Младинскиот културен центар (МКЦ) – Скопје кои користат средства преку Министерството за култура  да ги одложат проектите доколку се во можност додека да се реши проблемот со ангажманот на 30 хонорарни соработници во МКЦ  на кои од почетокот на месецов не им се […]

Без струја утре делови од Центар, Петровец, Аеродром и Чучер Сандево, без вода улицата „Прашка“ во Карпош


Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Центар, Петровец, Чучер Сандево и Аеродром. Според Регионалниот центар за управување со кризи, кој се повикува на информација од ЕВН, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „Рилски Конгрес“, „Кајларска“, „Банско“, „Наум Охридски“ и „Востаничка“ […]

Нов терен на старото спортско игралиште во Реонски центар


Со вкупна инвестиција од 23 милиони денари кои треба да се инвестираат во следните шест месеци, на местото на старото спортско игралиште во Реонски центар, Аеродром ќе добие нов и модерен фудбалски терен. Проектот се реализира како дел од јавно – приватно партнерство помеѓу Општина Аеродром и приватна компанија. Станува збор за соработка која ќе […]

Без вода дел од општина Центар, без струја делови од Чаир и Аеродром


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Петар Попарсов“, „Костурски херои“, „Васил Стефановски“,  „Диме Аницин“ и „Роза Луксенбург“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради санирање дефект од од ф – 80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ број 16. Корисниците […]

Јакимовски: Мојот син и снаата побараа венчаница, а добија умреница


Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски се пожали дека неговиот син и снаата наместо извод од матичната книга на венчани лица, добиле извод од книга на умрените и денот на нивната венчавка е впишан како денот на нивната смрт. „Скандал. Од црн по црн хумор. Замислете мојата снајка и мојот син побараа […]

Општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево заедно до повеќе пари за рурален развој


Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со градоначалниците на општините Гази Баба, Бобан Стефковски, на Бутел, Дарко Костовски и на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, потпишаа Меморандум за соработка за основање на локална акциона група (ЛАГ). Со потпишувањето на овој Меморандум сите општини, потписници партнерски ќе учествуваат во основањето на ЛАГ- локална акциона група, како […]

Со клик до извод од ДУП, регистрирајте се на ГИС порталот на Општина Центар


Услугата вадење на извод од ДУП е достапна за сите регистрирани корисници на ГИС порталот на општина Центар односно на (географскиот информациски систем). Со регистрација на  https://gis.centar.gov.mk/NexusPublicPortal/PublicPortal/Map, или преку страната  на Општина Центар https://www.centar.gov.mk активна е опцијата  за електронско поднесување барање за извод од ДУП, со што се олеснува и забрзува процедурата, без беспотребно чекање по шалтери. Регистрираниот […]

O2 Иницијатива предложи законски измени: „Јакимовски не го поништува одобрението за градба на висококатницата кај Воена болница“


Токму пред избори, ќе видиме кој кого брани и кој е на страна на правдата, а кој ги брани приватните интереси на моќниците. На потег се пратениците. Поради сериозни злоупотреби и сериозна штета која секојдневно се акумулира со изградбата на комплексот на згради, т.н. 17 катница, во заштитеното подрачје на привремено заштитеното добро Споменик Воена […]

Отворање на изложбата „Калиопе Австрија и Северна Македонија“


 „Калиопе Австрија и Северна Македонија“, Жените во општеството, културата и науката, е насловена изложбата што денес ќе биде отворена во Чифте амам, во организација на Австриската амбасада во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.   Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи и Женскиот музеј во австриското гратче Хитисау во покраината Форарлберг, се […]