Нов спортски комплекс „Шампиони” отворен во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, заедно со спортските легенди Аце Станковски, Коки Аврамовски и синот на починатиот Николчо Зиков, ја пресекоа лентата и со тоа го отворија новиот спортски компекс „Шампиони” во дворот на основното училиште “Кирил Пејчиновиќ”.

„Денешниот спортски комплекс, ,,Шампиони” е уште еден во низата спортско-рекреативни центри и паркови кои ги изградивме во овие две години, а чиј број веќе е околу 15. И ние нема да сопреме.  Градењето и обновата на спортската инфраструктура ќе продолжат со засилено темпо. Во секоја населба, во секое населено место. Бидејќи спортот не носи само успех на теренот, туку зацврснувајќи ја посветеноста и дисциплината носи и и развој на карактерот. Нека ,,Шампиони” биде место каде нашите млади секојдневно ќе се надградуваат себеси, креирајќи нова и подобра верзија од себеси. Нека овој спортски комплекс ја трасира спортската иднина на новите шампиони“ напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.