Стартот на „Вози право, вози здраво“ поместен за 11 часот
Поради најавите за силен дожд, настанот „Вози право, вози здраво“ во недела претрпе промена и ќе почне од 11 часот, соопшти организаторот.
Стартот на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“- vol.7 што ќе се одржи во недела (28 мај) ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, наместо од 17 часот како што првично беше најавено. Промената на времето е поради променливите временски услови и најавата за пороен дожд во периодот за кога првично беше закажана ревијалната трка.
Освен промената на времето на одржување на ревијалната трка, сѐ друго останува исто. Учесниците ќе стартуваат од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк каде што ќе има освежување и грицки за сите учесници, голема забава и богата лотарија.
Регистрацијата за овој настан е отворена до сабота и се одвива преку следниот линк.
Се надеваме на добро време а за одличното расположение ќе се погрижиме сите заедно!