Подгответе „Чинија љубов“ за кучињата од „Лајка“


Во сабота, 26 септември, од 11 до 15 часот, во дворот на ЈП „Лајка“ ќе се одржи настанот „Чинија љубов“. За првпат дворот ќе стане место каде што граѓаните заедно ќе подготвуваат оброци за кучињата кои сè уште го чекаат својот дом и ќе поминат време со нив. „Чинија љубов“ е граѓанска иницијатива за готвени […]

Европска ноќ на истражувачите во Скопје


Скопје денеска ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачите – европска иницијатива посветена на приближување на науката и истражувачката работа до јавноста, преку директна комуникација со научниците и интерактивни активности за различни возрасни групи. Активностите се реализираат во рамки на проектот CHOOSE SCIENCE – „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“, координиран […]

Прекин на водоснабдувањето во Маџари, во Хиподром и Трубарево намален притисок


Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населба Маџари, а во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), а ќе почне во 9:00 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се […]

Прекин во снабдувањето со струја утре во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден


Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден, соопшти ЕВН Македонија АД. Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.„Хо Ши Мин“ во Општина Бутел, а од 08:30 до 14 часот корисниците на ул.„9“ и дел од ул.„1“ во Општина Сопиште. […]

Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од улицата „Пиринска“ во Центар


Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од ул.„Пиринска“ во општината Центар, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што се наведува, е уличен дефект ф 80 мм на бул.„Партизански одреди“ бр.14.

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години постоење – средношколците подготвуваат базар


По повод големиот јубилеј, 100 години од постоењето на Зоолошка градина Скопје, на 25 и 26 септември ( петок и сабота) , од 12 до 15 часот, во Скопје ЗОО ќе се одржи дводневен базар под мотото „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните”. За првпат, средношколци од 22 средни училишта од Град […]

Почнува новиот фестивал за еко култура и креативен активизам ФЛУДО


Првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко култура и креативен активизам започнува денеска (четврток 24 септември) и ќе трае до сабота (26 септември). Сите програми ќе се одржуваат во Сули – ан во Скопје. Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започна со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните […]

Општина Центар организира „Обука за финансиска писменост на жените“


Општина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“. На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување  и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за […]

Фестивал ФЛУДО: Кога уметноста ја раскажува приказната за животната средина


Од денеска до 26 септември во Сули-ан во Скопје ќе се одржи првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко-култура и креативен активизам, во организација на „Еко-свест“. Фестивалот има за цел преку уметноста, културата и образованието да ги отвори прашањата поврзани со животната средина и да создаде простор за нивно поврзување со пошироката јавност. Од […]

Утре ветар, од петок дожд


Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури, прогнозира УХМР. Утрe наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево […]

„Гола месечина“ се „облече“ и почна да пее


Манифестацијата „Гола месечина“, која со години се одржува во Општина Аеродром и годинава ќе се одржи од  25 до 27 септември, овојпат  во паркот „Авионче“, но место театарска манифестација, со претстави, се претвора во музичка манифестација, со дополнителна стендап-комедија, кабаре и детска програма  . „Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да […]

Ќе се прска против комарци во Скопје, утре


Градот Скопје ги известува граѓаните дека  на 24.09.2026 година (четврток), во текот на денот, на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци.    Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.   Се известуваат пчеларите навреме […]

Се реконструираат последните 250 метри од „Ленинова“


Општина Центар ja реконструира последната фаза од улицата Ленинова, на потегот од крстосницата со улицата Илинденска до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во тек се градежни активности на последната делница во должина од 250 метри. Со реконструкцијата се предвидува уредување на коловозот и на пешачките површини, поставување нови рабници, подигнување и нивелирање […]

„Зелен Хуман Град“ бара од Обвинителството истрага што горело во управната зграда на „Факом“


Црн густ чад од комплексот Железара вчера стигна дури до скопската населба Ново Лисиче, а екоактивистите од „Зелен Хуман Град“ бараат од Основното јавно обвинителство веднаш да отвори истрага за загадување на животната средина   „Денешниот голем пожар во управната зграда на фабриката Факом го изложи Скопје на сериозно аерозагадување и токсични честички. Бараме Основното јавно […]

Прекини во снабдувањето со струја и вода во делови од Скопје


Делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија, а дел од корисниците во општина Карпош ќе имаат прекин во водоснабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Прекини во снабдувањето со струја ќе има од 7:55 до 9:55 часот, за дел од корисниците од улиците „Тале […]

Гореше магацин за бои и лакови во Железара, 20 пожарникари на терен го изгасија


Пожар избувна попладнево во скопската населба Железара, каде гори магацин за бои и лакови на булевар „Александар Македонски“ бр. 67. Црн, густ чад се гледаше над Скопје. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен се екипи на Бригадата за противпожарна заштита со шест противпожарни возила и 20 пожарникари. „Гори објект – […]

Утре ново заладување, во петок дожд, потоа нова промена на времето


Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре изутрина најавуваат ведро и постудено време, а во текот на денот тоа да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 12, […]

Полицијата одзеде 20 електрични тротинети од мај навака


Возачите на електрични тротинети и натаму претставуваат опасност по себе, но и по другите учесници во сообраќајот низ македонските улици, булевари и вело-патеки. Иако полицијата постојано врши контроли и изрекува санкции, граѓани сведочат дека и натаму има малолетници кои возат електрични тротинети, качени и по двајца, а има и возрасни кои „пролетуваат“ без да носат […]

Скопје ЗОО склучи Меморандум за соработка со сите 11 стручни средни училишта во Скопје: Природата, животните и емпатијата кај младите во фокусот


Скопската зоолошка градина информираше дека склучиле Меморандум за соработка со сите 11 стручни средни училишта на Град Скопје. „Оваа соработка отвора ново поглавје во кое образованието, практичната работа, креативноста и грижата за природата ќе се спојат на едно место. Заедно, со поддршка на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и градот Скопје ќе работиме на нови проекти и активности […]

Ѓорѓиевски: Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“


Ново партнерство за филмската уметност во пресрет на „Скопје 2028“. Со Томи Салковски, управител на „Скопје филм студио“ и организатор на Скопскиот филмски фестивал, потпишавме Меморандум за соработка со што воспоставуваме долгорочно партнерство за развој на филмската уметност, побогата културна понуда и посилна меѓународна афирмација на Скопје, соопшти денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Нашиот […]