Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“


Во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“  и до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар – информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.  – Се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота!  Започна асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“! Генерации скопјани чекаа […]

Панел-дискусија: Најсовремената медицина, ВИ и роботиката можат значително да го подобрат животот на лицата со церебрална парализа


Здружението „Мобилност Скопје”, со поддршка од Град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз”, синоќа со панел-дискусија го одбележа Меѓународниот ден на лицата со церебрална парализа – 6 Октомври. На панел дискусијата зедоа учество проф. д-р Соња Бојаџиева, педијатар и редовен професор на Катедрата за педијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Илија Кировски, специјалист педијатар […]

Поради дефект без вода дел од општина Центар


 Поради дефект без вода вечерва од 20:00 часот до завршување на работите ќе бидат дел од корисниците од улица „Орце Николов“, „Миладин Поповиќ“ и улица „Мирка Гинова“ во Општина Центар, во Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот, како што информираат, е поради дефект на затварач (Шибер) од ф-150мм на улица „Орце […]

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња


  Скопскиот маратон не ги обедини само оние што трчаа. Покрај организаторите, волонтерите и градските служби кои се грижеа настанот да помине непречено, во неговото одржување и расчистување по трката се вклучија и ученици од 24 средни училишта, со поддршка од Пакомак. Низ улиците на Скопје за време на маратонот беа искористени повеќе од 90.000 […]

Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов“ од фрлени влажни марамчиња


Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, каде што одводот бил затнат поради фрлени влажни марамчиња. На „Фејсбук“ реагира министерката за образование и наука Весна Јаневска, која побара поголема совесност и одоворност на студентите сместени во домот, кој беше темелно реконструиран и отворен пред […]

Се отстрануваат старите тезги на Бит-пазар


Од вчера попладне тешка механизација почна да отстранува дел од тезгите на скопски Бит-пазар, а денеска просторот е заграден со висока метална ограда, пишува Колегиум. Земјиштето каде беа поставени тезгите е во сопственост на приватна компанија и за сега нема информација за причината за уривањето. Ниту во Општина Чаир, на чија територија е пазарот, немаат […]

Гази Баба нареди контејнери за кабаст отпад на неколку места до 11 октомври


Од вчера до 11 октомври, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери наменети за одлагање кабаст отпад. Контејнерите се лоцирани во Стајковци, Црешево, Смилковци, Виниче, Брњарци, Булачани и Раштак, со цел граѓаните навремено и на соодветен начин да го одложат кабастиот отпад. Од ЈКП „Гази Баба 2007“ апелираат до граѓаните кабастиот отпад да […]

Есенска дератизација во Карпош


Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година. Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, […]

„Лајка“ на терен – Во септември, заловени 172 бездомни кучиња во Скопје


Во текот на септември ЈП „Лајка“ заловило 172 бездомни кучиња во Скопје, од кои 124 се стерилизирани/кастрирани, 44 се вдомени, а 105 се вратени на локацијата каде биле заловени. Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени 25 кучиња. Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, во Општина Гази […]

Карпош казни седуммина што фрлале ѓубре околу контејнери


 Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, со што покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. -Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината – велат […]

Без струја дел од Карпош


Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улииците „Миладин Поповиќ“, „Драган Ѓаконовски – Шпато“ и „Беджих Сметана“ во општина Карпош. Прекинот ќе трае од 08:40 до 13 часот, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Без вода делови од општините Центар и Карпош


Без вода во текот на денов ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, без вода од 8:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Чедомир Миндеровиќ“. Водоснабдувањето од 10 часот ќе било прекинато за корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“ и дел од „Орце Николов“, […]

Се премерува булеварот „Цветан Димов“ за да почне проширувањето


Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот. Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир […]

Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”


Плоштадот „Македонија“ и Камениот мост се лицето на нашиот град, па затоа денеска, темелно се чистат од графити, насобрана нечистотија и од написи. – Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“. Се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно […]

Проверете си ги парната – на 15 октомври почнува грејната сезона


Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2026/2027 година за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и пред 15 октомври, односно во периодот од 1 до 15 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за наредниот ден изнесува 12°C […]

Прогласени најдобрите наставници во Аеродром


Најдобрите наставници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари. Признанијата и наградите им ги врачи градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески по повод Светскиот ден на наставникот – 5 Октомври. Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со која ја […]

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи


До четврток во земјава ќе се задржи сончево и релативно топло време, а од петок се очекува промена на временските услови. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи и во текот на викендот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни, особено во западните делови од земјава. Локално врнежите ќе бидат […]

Во септември во Скопје собрани 14.320 тони комунален отпад – најголеми депониите во Чаир


Во текот на месецот септември, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- […]

Обуки за самовработување во Општина Аеродром во соработка со ИНОВА


Денеска во Општина Аеродром започна спроведувањето на обуката од мерката „Поддршка за самовработување – Претприемништво“, која Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА ја спроведува во соработка со Агенцијата за вработување. На почетокот од обуката свои поздравни обраќања пред учесниците имаа градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, заменик-министерот за економија и труд Марјан […]

Ѓорѓиевски по случајот со кобилата: Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улица во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО – Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман. […]