„Налепници нема“ известување на станиците за технички преглед


Возачите, кои утрово се обидоа да земат налепница цо кратенката „НМК“ за своите возила, во станицата за технички преглед во Автокоманда, не можеа да го направат тоа, затоа што уште на вратата стои известување дека налепници нема.  Налепниците со ознаката НМК кои треба да се залепат на регистарските таблички се бесплатни за граѓаните, а од […]

Се расчистуваат одроните кои не го загрозуваат сообраќајот во Пијанечко-Малешевскиот регион


 Во Пијанечко-Малешевскиот регион продолжува расчистувањето на одрони на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово. Појава на одрони имаше и на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, како и на патот Берово – Виница. Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколки локации, притоа напоменувајки дека […]

Најмногу дожд во Струмица 34 литри на кавдрат


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Струмица 34 литри на метар кавдратен, во Крива Паланка 29, Берово, Охрид и Виница по 20, Тетово 18, а осум литри во Скопје, соопшти УХМР. На Попова Шапка има снежна покривка од 13 сантиметри. Утрово е променливо облачно, во делови од Скопската Котлина магливо. Дува слаб до умерен […]

Уште денеска важат пасошите и возачките со името Република Македонија, на полноќ почнува неизвесноста за многумина


На полноќ истекува преодниот период од пет години, односно одредбата од Договорот од Преспа, со која ќе престанат да важат патните исправи и документи за меѓународна употреба, што го содржат старото име на државата. Шефот на дипломатијата Бујар Османи во петокот на брифинг за медиуми кажа дека граѓаните кои што се затекнати во странство по […]

Без вода дел од село Рашче


 Поради водоводен уличен дефект, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од ул.3 во село Рашче, соопшти ЈП Водовод и каналзиација Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во државава


Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 477. седница на која ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и за утврдување на конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип. Членовите на советот треба да формираат Комисии за подготвување на кандидатски листи како и за утврдување на број на […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје […]

Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар


Седмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа се одржа денеска во чест на македонски планинари Александар Миновски и Калина Велевска кои загинаа трагично во бездна на денешен ден 11 февруари во 2018 година искачувајќи се на планината Ниџе на врвот Кајкамкачан во соседна Грција. Околу 500 учесници од повеќе планинарски друштва од земјава и неколку […]

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, снег со послаб интензитет на Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и […]

Ако возите со возачка без „Северна“ ќе платите казна исто како да не поседувате дозвола


Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, соопшти денес МВР. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме […]

МВР: Излез не, но влез ќе може со пасош Република Македонија


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година, согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор,  престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија. Ги замолуваме граѓаните со стари патни […]

Адвокатот Ненад Јаниќевиќ стана советник на претседателката на Меѓународната унија на адвокати


Реномираниот македонски адвокат Ненад Јаниќевиќ, стана советник на претседателката на Меѓународна унија на адвокати (УИА), Американката Жаклин Скот. Изборот на адвокатката Скот за претседател на УИА и изборот на македонскиот адвокат Јаниќевиќ за нејзин советник, се случи на неодамна завршениот конгес на адвокати во Рим, на најстарата адвокатска асоцијација, Меѓународна унија на адвокати (УИА). -Во […]

Врнежи од дожд и засилен јужен ветер


Под влијание на влажен бран денеска и утре ќе има врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат пообилни и поројни, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник (наместа над 20 л/м2) и ќе бидат проследени со локална појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен јужен ветер, (над 60 км/час). Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 11 февруари 2024 година, 42-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 324 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 36 минути, а ќе зајде во 17 часот и 1 минута. Денов трае 10 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Скопје ќе има вода! Неовластено лице ширело неточни информации


Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето. За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради […]

Утре без вода половина Скопје и околните села – се поправа главната водоводна цевка Рашче


На ден 11.02.2024 година (недела) од 17 часот поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат следните населени места: – Арнакија – Сарај – Глумово – Горна Матка – Долна Матка – Ѓорче Петров – Влае – Карпош – Жданец – Нерези – Центар – […]

Родителите се загрижија: Тројно зголемена вакцинацијата против голема кашлица


  Галопирачкиот пораст на заболените деца од голема кашлица и апелите на лекарите  поттикнаа многу родители кои беа сомничави кон вакцинацијата да нагрнат во вакциналните пунктови за да ги имунизираат нивните чеда. Препораката на Комисијата за заразни болести во градинките да не се примаат невакцинирани деца исто така одиграл сериозна улога. Според податоците, тројно зголемен […]

Денеска топло, од утре дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе […]

Десет дена од техничката влада – дезинформации и лажни вести: Мониторинг на „Цивил“


  „Според наодите на ‘Цивил’, како и на аналитичарите во организацијата, се бележи дека десетте дена на техничката влада ги карактеризира дискредитирачки тон во јавната комуникација, лажни наративи, дезинформации, национализам и потпалувачка реторика“, изјави Џабир Дерала од „Цивил“ на прес-конференцијата за промоција на извештајот од изборниот мониторинг. Тој додаде дека проевропската ориентација не се напаѓа […]

Тошковски: Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува кон крајот на овој месец


Поголема пратка на обрасци за пасоши се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, изјави вечера министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски. Тошковски во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 рече дека во моментот нема доволно обрасци за пасоши и дека поради тоа доцнат документите за оние кои се фотографирани во […]