Шукова: Првпат обезбедивме финансиски средства за поддршка на сите национални паркови во државата


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) преку буџетот во рамки на Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година, првпат обезбедува директна финансиска поддршка за сите четири национaлни парка во висина од 20.000.000 денари, најави министерката Каја Шукова на денешниот работен состанок со директорите на националните паркови. За добивање на средствата, националните […]

Бесплатен топол оброк за учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип


Учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип ќе добиваат бесплатен топол оброк, соопшти денеска градоначалникот Драган Анастасов. Посочи дека проектот, кој е во рамки на социјалните мерки за 2024 што ги усвои Општината, започна со реализација овој месец, и како што рече, позитивно е прифатен од учениците и родителите. – Оваа мерка […]

Куманово ќе субвенционира 15.000 денари за приклучок на гас


Општина Куманово денеска објави повик за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациската мрежа за годинава. – Општина Куманово, со цел да ги стимулира граѓаните за користење гас за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од […]

ССМ поднесе барање за разрешување на тројцата врховни судии за одлуката за одземање на работничкиот дом


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесе барање до Судскиот совет за утврдување на одговорност на тројцата врховни судии кои ја имаат донесено одлуката за одземање на работничкиот дом. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска пред Судскиот совет рече ССМ бара судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев и Исамедин Лимани да бидат разрешени од функцијата вршење […]

Двојно повеќе вакцинации во „Букурешт“, почнуваат и со втора смена


Зголемен е интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, а најавено е и двосменско работење и работа в сабота, информираа денеска во Вакциналниот пункт „Букурешт“ во Скопје. Оттаму наведуваат дека по зголемениот број случаи со голема кашлица, од утрово зголемен е бројот на пациенти. Пред сѐ, пациенти – дечиња поголеми од три […]

Дете го изгубило говорот поради малтретирање од негувателка во градинка во Радишани


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишна негувателка во детска градинка за која постои основано сомнение дека сторила продолжено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска […]

Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони


Сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, јави дописничката на МИА од Атина.  Според информациите на МИА, земјоделците од […]

(Видео) Депонии низ Националниот парк „Шар Планина“ – отпадот не се собира


Директорот на Национален парк Шар Планина, Ибрахим Дехари одржа прес-конференција од која побара повеќе соработка од општините и нивно ангажирање во собирање и носење на сметот од селата во депонии. Според него за дел од планинските села нема систем за собирање и транспортирање на отпадот. Сега кога го нема снегот, Дехари вели дека ситуацијата е […]

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е упад во автономијата на Универзитетот


Претседателот на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Ангел Ристов на денешната прес-конференција обвини дека државата не обезбедила средства во буџетот за примена на обврските од колективниот договор склучен меѓу Синдикатот на УКИМ и Собранието, иако истиот е полноважен и стапил на сила на 1 јануари оваа година. Тој упати апел […]

Во Скопје уапсени деветмина заради дрога, меѓу нив и малолетници


Министерството за внатрешни работи во својот билтен известува за апсење на повеќе локации во Скопје поради поседување дрога. Денеска во 00.35 часот на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Н.(25) од Неготино поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. […]

Работилници против врсничко насилство и во Чучер-Сандево преку кампањата на „Макпетрол“


Учениците во Општина Чучер-Сандево ќе имаат можност да се запознаат со различните форми и аспекти на врсничкото насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска и градоначалникот Сашко Комненовиќ денес потпишаа меморандум за соработка. Активностите ќе вклучуваат одржување на работилници, како и едукативен материјал […]

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот


Врховниот суд ги одби како неосновани барањата на одбраната за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. По предметот по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, како што информираат од Врховен, одлучувал Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна […]

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор


Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.  – Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето […]

Се знае кој ќе го спроведува проектот „Смарт Аеродром“


Паметните светилки, бесплатниот интернет и изнајмувањето велосипеди и тротинети, односно ветувањата и заложбите за попаметна општина стануваат реалност и тоа за прв пат во Аеродром. Општината Аеродром преку повик за јавно – приватно партнерство ја избра компанијата „Кресцент-смартсити дооел Скопје“ која во следниот период има обврска да го спроведе проектот „Смарт Аеродром“. Станува збор за […]

Денеска од 11 до 17 часот блокада на меѓународниот сообраќај на граничниот премин Меџитлија


Земјоделците од северниот дел на Грција, денеска од 11 до 17 часот по македонско време, целосно ќе го блокираат премин Ники на грчка страна.  -Блокадата на граничниот премин Ники, исто времено значи дека нема да биде во функција и граничниот премин Меџитлија, односно македонските граѓани нема да имаат можност да патуваат во соседна Грција се […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница


Во Берово утрово е најстудено, -4 степени, а најтопло во Виница, 4 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), изутрина во 7:30 часот се измерени -3 степени во Скопје-Петровец и Струмица, -2 во Демир Капија, -1 во Велес и Гевгелија, нула степени во Битола, Тетово, Крива Паланка и Штип, еден степен во Скопје-Зајчев […]

Почнува шестдневен „Базар на љубовта и виното“ во Скопје


Во пресрет на Свети Валентин – Денот на вљубените и пријателството и Свети Трифун – Денот на виното и лозјето, во организација на Скопје Сити Мол од 9 до 14 февруари ќе биде отворен шестдневен „Базар на љубовта и виното“. На базарот, учество ќе земат преку 50-тина ракотворци, a ќе се претстават и неколку мали […]

Без вода дел од Центар, со намален притисок Карпош 3


ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска без вода ќе бидат жителите на Маџир Маало и корисниците од улицата „11 Октомври“ во Општина Центар, а со намален притисок ќе бидат жителите од населба Карпош 3. Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-100 мм на кеј „13 Ноември“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир […]

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност


 Синоптичарите за утринава најавуваат услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од […]