Бесплатен топол оброк за учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип


Учениците од прво до петто одделение во училиштата во Пробиштип ќе добиваат бесплатен топол оброк, соопшти денеска градоначалникот Драган Анастасов.

Посочи дека проектот, кој е во рамки на социјалните мерки за 2024 што ги усвои Општината, започна со реализација овој месец, и како што рече, позитивно е прифатен од учениците и родителите.

– Оваа мерка се воведува по проектот за обезбедување на бесплатни униформи за сите учесници во основните општински училишта, како позитивен проект за подобри услови во образованието, вели Анастасов.