Во Скопје уапсени деветмина заради дрога, меѓу нив и малолетници


Министерството за внатрешни работи во својот билтен известува за апсење на повеќе локации во Скопје поради поседување дрога.

Денеска во 00.35 часот на подрачјето на Чаир во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Н.(25) од Неготино поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера, среде бел ден во 11.45 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(25) и А.Д.(25) двајцата од Скопје поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така во 16.30 часот во с.Петровец-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Е.(22) и Г.К.(25) двајцата од скопско поради тоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Исто околу 16.50 часот но овој пат на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода малолетник од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Нов случај на апсење е регистиран во 17.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје каде полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.П.(35) од скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Апсењата од страна на МВР продолжуваат, па билтенот регистира дека во 19.10 часот во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

За повторно во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(20) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во сите овие случаи од МВР велат дека по целосно документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.