Астрономски календар


Денеска е четврток, 9 февруари 2024 година, 40-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 326 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 16 часот и 58 минути. Денов трае 10 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Да завршат административните процедури и Палевски може да биде екстрадиран од Турција


Министерот за правда, Кренар Лога на средбата со неговиот турски колега, Јилмаз Тунч разговарал и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Лога бил информиран од турскиот министер за правда дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде […]

Велковски: Инспекција ќе проведува дали децата во градинките се вакцинирани против голема кашлица


Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица. – Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. […]

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание


Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници […]

Шукова на деградацијата на животната средина гледа како на можност за раст и развој


Справувањето со регионалните еколошки и климатски предизвици преку имплементација на Акциониот план за Зелената агенда за Западен Балкан и унапредување на регионалната соработка, со посебен осврт на кружната економија, беше во фокусот на обраќањето на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панел дискусијата на високо ниво, организирана во рамки на Регионалниот […]

Медицинскиот персонал во Прилепската болница со договор на дело бара решавање на статусот


Медицинскиот персонал во Прилепската градска болница ангажиран со договор на дело на денешната прес-конференција упати барање и апел до Министерството за здравство да го реши нивниот статус. Велат дека со години работат, и тоа во здравствена установа, а немаат здравствено осигурување. -Работиме во здравствена институција, а немаме здравствено осигурување. Некој е една, а има кои […]

Ана Павловска-Данева избрана за уставна судијка


  Познатата универзитетската професорка по управно право и поранешна пратеничка, Ана Павловска-Данева стана нова уставна судијка. Таа на денешната собраниска седница беше избрана со 65 гласови „за“ и 26 „против“. По гласањето, ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот. Со овој избор конечно […]

Целосна реконструкција на стадионот „ССК“ во Драчево


Почнува целосна обнова на стадионот „ССК“ во Драчево. По иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и бројните заложби за овозможување современи услови за спортистите кои тука тренираат и се натпреваруваат, почнува инвестиција овозможена од ФФМ, која во првата фаза ќе чини 8,5 милиони денари. Како што информира Општина Кисела Вода, спортскиот терен […]

Гази Баба дава субвенции за сончеви колектори


Општина Гази Баба оваа година за прв пат ја реализира мерката за доделување на субвенции на граѓаните за набавка и вградување на сончеви термални колектори за што објавен e и јавен повик.   За јавниот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук.   „За прв […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзалната сала


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. […]

Од недела дожд и пад на температурите


 Утре и во сабота стабилно време, од недела врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, утре и во сабота ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, […]

Општина Аеродром почна кампања за зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Градски паркинг“ започна кампања за информирање на граѓаните за бенефитите од зонското паркирање кое треба да се имплементира во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Паралелно со информативна кампања се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за предлог иницијативата за […]

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината


Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски […]

Пристигнаа налепниците со „НМК“


  Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, изјави за „Слободен печат“ техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според Тошковски, налепниците ќе бидат на товар на МВР, иако претходно беше предвидено граѓаните за нив да плаќаат од 30 до 50 […]

Нема термини, линиите се блокирани, снемува и обрасци за пасоши


  До термин за фотографирање за лични документи речиси невозможно е да се дојде. Граѓаните се жалат дека постојано ѕвонат во контакт центарот, но безуспешно. Телефонските линии се блокирани и речиси никој не успева да стигне до оператор за закажување на термин, пренесе „Скопје 1“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во средата изјави дека […]

Земјотресот од Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево


  Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е […]

Без вода корисниците од ул. „Радишанска лево’ и дел од „Бел камен“ поради дефект на приклучна цевка


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје соопштија дека денеска без вода ќе бидат корисниците од ул. „Радишанска Лево“ и дел од „Бел Камен“ поради водоводен дефект на приклучна цевка на ул. „Радишанска Лево“ бр. 26г. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.

Без струја делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров


Без струја денеска ќе бидат делови од општините Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе бидат корисници од овие општини, појаснуваат оттаму. Според најавеното, во период од 07.30 до 15 часот, без струја […]

Продолжува собраниската расправа за избор на уставен судија


 Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 140. седница.  Пратениците вчера во рамки на оваа седница ја почнаа расправата по предлогот за избор на судија на Уставниот суд. Станува збор за професорката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Ана Павловска-Данева, да биде нова уставна судијка. Предлогот Павловска-Данева дојде откако на 24 […]