Изјава на министерката Шукова пред панелот за зелена енерегетска транзиција (Видео)


Изјава на министерката за животна средина Каја Шукова пред панел-дискусијата „Зелена енергетска транзиција и поздрава животна средина за европска иднина“ во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Предлог зaконот за  државно правобранителство пред пратениците на 16 јануари


  Предлог зaконот за  државно правобранителство ќе се најде пред пратениците на седницата на 16 јануари, извести Министерството за правда.   Со измените што ги предложи Министерството се предвидува можност за мирување на државноправобранителската функција ако државните правобранители бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на […]

Судски совет за настаните во М-НАВ: Судиите се независни при одлучувањето


  Во врска со последните реакции во јавноста за случајот М-НАВ и неопределувањето мерка притвор за четирите осомничени лица, Судскиот совет денеска излезе со став дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамки на своите законски надлежности ја следи работата на судовите. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен […]

Синдикалците од Контролата на летање кај Пендаровски


  Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор. На средбата Пендаровски ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ, која што е дел од критичната инфраструктура во државата. Во оваа насока, претседателот Пендаровски […]

Русите во Македонија не ќе можат да гласаат на претседателските избори


  Руските власти се подготвуваат да го откажат гласањето на претстојните претседателски избори во руските конзулати лоцирани во „непријателските“ земји, изјави за весникот „Ведомости“ извор од дипломатските кругови. Тој извор појасни дека можеби не станува збор за сите земји кои се вклучени во соодветната владина листа, која брои 49 држави, туку за значителен дел од […]

Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19


Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“. Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на […]

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско


Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45-годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чека да поминат 48 часа […]

Две скопски села без вода поради дефект


Две села во околината на Скопје се без вода за пиење поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. – Поради уличен дефект на улицата „7“ број 355 во село Батинци, прекинато водоснабдување имаат корисниците од селото, како и тие од Љубош, појаснуваат од претпријатието. Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ до санирање на дефектот.

Најниски температури утрово измерени на Попова Шапка и Маврови Анови


Утрово најладно било на Попова Шапка, каде што се измерени -7 степени целзиусови, извести УХМР. Потоа следуваат Маврови Анови -6, -4 во Крушево, -2 во Прилеп, -1 во Битола, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Штип, Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје Петровец, Демир Капија, Кавадарци, Охрид, Велес, Виница, 1 во Претор, Струмица, 2 во Дојран, Гевгелија. […]

Г. Порфириј: Односите меѓу МПЦ и СПЦ се братски


Односите со Македонската православна црква, не се добри, туку се братски, вели српскиот патријарх Порфириј во божикното интервју за весникот „Политика”. – Автокефалноста на МПЦ, барана и добиена на канонски и на начин според светото предание, во дијалог на братска љубов лишена од политички притисоци и скриени еднострани, утилитарни цели од било која страна, никогаш […]

Скопје и потребите на скопјани заглавени меѓу градоначалничката и Советот


Локалната самоуправа не е само данок на имот и одобренија за градба, таа е сервис за сите потреби на граѓаните за урбано живеење, почнувајќи од јавен превоз, комунални услуги, чисти улици и тротоари, се до одржување зелени површини и забавни паркови. Градот Скопје во изминатата 2023 година “потфрли” во многу од овие области, a скопјани […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Во Скопје од денеска до сабота, 13 јануари, ќе има посебен режим на сообраќај поради официјална посета на делегација предводена од Абдулах Бин Мухамед АлШеикх, претседател на Собранието на Кралството Саудиска Арабија – Меџлиси Ал Шура. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), со посебниот режим кој ќе го спроведе Единицата за безбедност […]

Променливо облачно и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 9 јануари 2024 година, деветтиот ден во годината. До крајот на годината остануваат 357 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 20 минути.  Денов трае 9 часа и 18 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Во Македонија расте бројот на заболени од грип


Додека во соседството расте бројот на заразени со Ковид-19, кај нас ситуацијата е поинаква и бројот на позитивни случаи на Ковид бележи тренд на опаѓање, информира Злате Мехмедовиќ од Kомисијата за заразни болести. Од друга страна, расте бројот на заболени со грип или заболувања слични на грип. Според податоците на Комисијата за заразни болести во […]

Дука: За подобра патна инфраструктура во Дебар, обезбедени 65,9 милиони денари


За изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици, општина Дебар годинава планира да потроши 65,9 милиони денари за подобрување на патната инфраструктура, што е за над 14,3 милиони денари повеќе споредено со потрошените средства минатата година. -Најголем дел од средствата или 16,5 милиони се донација-Светска банка, 12,5 од министерството за локална самоуправа-Биро […]

По нападот на здравствен работник: Нервозните пациенти да ги остават пиштолите и ножевите дома


Незавизниот синдикат за здравствени работници, остро реагира за настанот во ГОБ „8 Септември“ , односно за нападот со нож врз здравствен работник.Тие во напис на социјалните мрежи пишуваат дека насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, треба да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила и во здравствените институции […]

Повеќе од два часа се чека за излез од државата кон Бугарија на граничен премин Делчево – Станке Лисичково


 Километарска колона возола повеќе од два часа чека за влез во Бугарија на граничниот премин Делчево-Станке Лисичково. Според информациите кои ги доби дописникот на МИА, како една од причините се наведува присуство на повеќе автобуси затекнати на овој граничен премин, додека дел од причините за застојот се и проблеми со системот за влез на граничниот […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Меџити дека вработува роднини


ВМРО-ДПМНЕ оценува дека кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити станало „дувло на непотизам“ и декабез соодветни критериуми се вработува кадар и на скопските клиники, иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем. „Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку […]

Умерен до засилен северен ветер и дожд, значително заладување во текот на неделата


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските […]