Најстудено утрово во Берово


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Берово. Следат Попова Шапка со -4 степени, -2 Крива Паланка, Струмица, Маврови Анови, -1 Штип, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Крушево, 1 Битола, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Куманово, Претор и 3 степени во Кавадарци и во Велес. На Попова Шапка има 3 сантиметри […]

Улици од три скопски општини денеска без струја


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (понеделник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Жеденска бр. 2, 4, 6, 8 и 10 (општина Ѓорче Петров) – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 12 во село Долно Лисиче (општина Аеродром) – во перидот од […]

Меѓународна недела на Филозофскиот факултет


Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Темата на овогодинешната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.  Во рамки на настанот ќе биде одиграна и претстава – „Бикот на Фаларис“, монодрама напишана и во изведба на Стивен Фридман.

Сончево време со мала до умерена облачност, температура до 16 степени


 Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.  Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 19 февруари 2024 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 316 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 11 минути. Денов трае 10 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура


Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат […]

Во центарот на Штип се гради втората катна гаража


Се гради и втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градоначалникот на Општина штип, Иван Јорданов истакна дека градежните активности ќе траат наредните два месеца. Посочи дека со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети улица „Ванчо Прќе“, која општината има намера да на […]

МВР: СВР Скопје и внатрешната контрола работат на расчистување на нападот на полициски службеник врз колега


Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник […]

До крајот на денов сончево и ветровито, во вторник температурата ќе опадне


 До крајот на денов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови повремено облачноста ќе се зголемува, ќе дува слаб до умерен. Долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, информираат од УХМР. Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево […]

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов


Од 1 до 3 март ќе се одржи 22. Хуманитарен велеслалом Маврово 2024, а организаторот годинава одлучи собраните средства да бидат наменети за лекување на Леонид Индов, кој во несреќа на летување го повреди вратниот пршлен и остана неподвижен. Леонид во моментов е на лекување во во центарот за повреди во Меидлинг-Виена, Австрија, но лекувањето […]

Без вода корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато поради дефект


Поради уличен дефект од Ф-100 мм на Булевар Видое Смилевски Бато 75/2 во населба Лисиче, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на парните броеви од Бул.Видео Смилевски Бато. Водоснабдувањето е прекинато од 11:30 часот, а граѓаните ќе немаат вода до санирање на дефектот.

ВМРО-ДПМНЕ: Уапсеното лице ќе биде ќе биде отстрането од обезбедувањето на Мицкоски


ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите денесека соопшти дека уапсеното лице ќе биде отсрането од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Од партијата велат дека споменатото лице е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. „Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост […]

Лолеска: Ретката болест не е само дијагноза, тоа е веќе начин на живот


Веќе шеста година последователно Здружението „Ретко е да си редок“ ја спроведува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Во месецот февруари кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, по шести пат се спроведуваат активности насочени кон приближување на јавноста и поблиско запознавање на граѓаните […]

Во Берово измерени – 6 степени, во Дојран четири степени


Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени – 6 степени, во Маврови Анови, Битола, и Демир Капија – 3, во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп и Струмица – 2, во Охрид, Велес и Попова Шапка – 1, во Гевгелија, Кавадарци и Претор 0, во Тетово, Виница и Скопје-Зајчев Рид еден, во Крушево два и […]

Дел од центарот на Скопје денеска без вода


 Поради дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8 денеска од 8:30 часот  без вода ќе останат жителите на дел од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во центарот на Скопје. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување […]

Претежно сончево, облачно само во северните и источните делови од земјава


Времето денеска претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени […]

ЗНМ одбележа 78 години постоење со доделување на новинарски награди


Здружението на новинарите на Македонија вечерва ги додели годишните награди. Како секоја година така и оваа, беа доделени три главни награди: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство и награда за новинарско известување на теми од локално и регионално значење. Истовремено беа доделени и четири признанија за посебен придонес во промоција на […]

Македонци во Германија се закануваат дека ќе ја тужат владата за пасошите


Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија на вонреден состанок едногласно одлучи да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка. Во писмото упатено до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, до германскиот канцелар Олаф Шолц и до македонскиот технички премиер Талат Џафери, Централниот совет на […]

Османи во конзулатот во Бон донел станица за фотографирање


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој учествуваше на Минхенската безбедносна конференција, денеска отпатува од Минхен во Бон, каде во конзулатот на нашата држава, достави дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши. – Од Минхен дојдов во Бон, како прв министер за надворешни работи што некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава. Тука […]

ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица


Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ). Од ИЈЗ информираат дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група […]