Од денеска започнува пријавувањето за бесплатните обуки по фитнес и самоодбрана за жени во општина Карпош


Од денеска започнува пријавувањето за бесплатните обуки по фитнес и самоодбрана за жени во општина Карпош.  – Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош. […]

Партиципацијата за студирање останува иста


Министерството за образование и наука реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму […]

Штипските ученици ќе се здобијат со знаења за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“


Основните училишта во Штип, „Ванчо Прќе“,„Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се приклучуваат на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од овие образовни установи ќе имаат можност, преку работилници организирани од компанијата, подобро да се запознаат со причините за ваквото однесување, како и со последиците од булингот. Со цел […]

Џафери за повикот на Алиу да се одблокираат законите за МИОА: Јас не работам под ултиматуми


Не сум човек, кој работи под ултиматуми, ако некој каже ќе го направам ова, ако постапите вака или онака, изјави на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери при денешното преземање на функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во однос на неодамнешната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, дека […]

Од сите дрвја во Скопје речиси 28 отсто се во Карпош


На барање на Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, тимот професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, изработи Студија за урбаната дендрофлора во рамки на оваа локална самоуправа. – Истражувањето кое го спроведоа професорите Бојан Симовски, Иван Минчев и асистентот Владимир Стојановски е изведено како нераскинлив дел од зеленилото […]

Планинарски марш по повод 10 години постоење на Планинарски-спортски клуб ,,Голак”


Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево викендов реализираше планинарска акција по повод 10 години постоење на клубот. Одбележувањето на 10 годишнината од постоењето на клубот, како што истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, било на симболичен начин, со тоа што неколку членови на клубот реализираа лесна планинарска акција по падините на планината Голак, поточно во […]

Општина Струмица преку јавен повик ќе изработува Стратегија и Програма за енергетска ефикасност


На веб-страницата на Општина Струмица објавен е јавен повик за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност за периодот 2025-2030 година и Програма за енергетска ефикасност на Општината за периодот 2025-2028 година. Според градоначалникот, Костадин Костадинов, енергетската ефикасност е и ќе биде приоритет на локалната самоуправа. – Целта на овие стратешки плански документи е да се […]

Бојмацалиев: Фер и слободни избори – гарантиран пат кон ЕУ


Новиот дополнителен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, Митко Бојмацалиев, ветува дека ќе преземе мерки за заштита на личните податоци и зајакнување на полициските капацитети.   – Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на […]

Најстудено утрово во Крушево


Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 […]

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени. Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти […]

Послаб земјотрес почувствуван во Штип


Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добиено е известување за почувствуван земјотрес. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, […]

БГНЕС: Вучиќ од Скопје се вклучи во антиевропската реторика


По синоќешното пристуство и обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ на Свестосавската академија во Скопје, по повод 27 јануари – Националниот ден на српската заедница во земјава, бугарската новинска агенција БГНЕС излезе со извештај и со коментар за настанот со посебен фокус на обраќањето на Вучиќ. Според бугарската агенција, српскиот претседател вчера во центарот на […]

Комунална хигиена контра Муцунски: Контејнерите во наша надлежност редовно се чистат


Во врска со неодамнешното соопштение на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса. Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се […]

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато. Сите патни правци во државата се проодни, информира ЈП „Македонијапат“. Оттаму нагласуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци. ЈП Македонијапат […]

28 јануари во историјата – Вселенскиот шатл „Челинџер“ експлодира по полетувањето


  Во 11,38 часот по локално време, на 28 јануари 1986 година, вселенскиот шатл „Челинџер“ полета од Кејп Канаверал, Флорида, а Криста Меколиф е на пат да стане првиот обичен американски цивил кој патува во вселената. Мекалиф, 37-годишна професорка по социјални студии во средно училиште од Њу Хемпшир, победи на натпреварот што ѝ донесе место […]

Со хеликоптер спасено лице на Водно со скршеница на нога


  На Горно Водно кај Скопје денеска е извршено спасување на едно лице кое се здоби со скршеница на нога, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Успешно заврши спасувањето на повредено лице со скршеница на нога, во координирана интервенција на ЦУК, Итна медицинска помош, МВР, Црвен крст и други субјекти од Системот за […]

Времето променливо облачно, температурата до 10 степени


  Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, со над 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура […]

Даштевски: Легитимно и законски можеме да работиме и со шест члена


 Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вечерва посочи дека претстојните избори ќе чинат 17 милиони евра. Тој додаде дека побарале повеќе средства, но смета оти и оваа сума ќе е доволна за успешно да се спроведат изборите. Тој во гостување на ТВ 21 потенцираше дека дел од парите ќе бидат наменети за медиумите, […]

Апелација ги уважи жалбите на Груевски и Божиновски за „Талир 2“ – повторно ќе им се суди


Апелациониот суд Скопје поради измените на Кривичниот законик во делот на кривичното дело од член 353 од КЗ, ја укина првостепената пресуда за случајот „Талир 2“ и  предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. За „Талир 2“ беа осудени поранешниот премиер во бегство Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, […]

За Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ, укината мерката „куќен притвор“


 Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и мерката „куќен притвор“, а остануваат мерките на претпазливост.   – Судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за […]