Времето сончево со мала облачност, утре силен ветер по должина на Повардарието


До крајот на денов времето сончево со мала облачност која од вечерните часови ќе се зголемува од север. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко, преку ноќта со променлива облачност. Температурата до 10 степени. Синоптичарите за утре најавуваат […]

Меџити ја разрешил Стевановиќ зашто „ѝ истекол сертификатот за англиски“


  Сопартиецот на министерот за здравство Фатмир Меџити, доктор Фадил Цана ја победи доктор Милена Стевановиќ на конкурсот за директор за Инфективната клиника. И покрај тоа што таа ја водеше Клиниката седум години, вклучително и во најтешките периоди на ковид пандемијата, според Министерството за здравство „ѝ пресудил истечен сертификат за англиски јазик“, пишува „Слободен печат“. […]

Детско игралиште кај поранешен Јукан доби нови реквизити


Општина Центар продолжува со реконструкција на детските игралишта. Детското игралиште близу Градската болница кај поранешен Јукан има комплетно нови реквизити, а реконструирана е и подлогата. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека новите реквизити односно лизгалка, 2 лулашки и 4 коцки за качување на ова детско игралиште ќе ја вратат детската смеа и детскиот џагор во овој […]

Од денес па се до 11 февруари заборавете на се друго освен на шопинг во „Рамстор мол“ и сите Рамстор маркети


Од денес па се до 11 февруари заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол и сите Рамстор маркети! Најпопуларниот и нај препознатлив настан кој со нетрпение го очекувавте ќе Ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70% бидејќи ПРАВИМЕ ЧИСТКА – ВАДИМЕ СЕ НАДВОР! Рамстор Мол и […]

Турски државјанин се заглавил во предел близу граничниот премин со Бугарија


Турски државјанин вчера се заглавил во предел меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија. Откако се јавил на бројот за итни случаи – 112, Регионалниот центар за управување со кризи-Струмица веднаш контактирал со СВР Струмица, а граничната полиција излегла на терен и го пронашла лицето, коешто безбедно е извлечено од теренот. Центарот за […]

Насекаде температури под нулата, најстудено во Берово -11 степени


Најстудено утрово е во Берово -11 Берово, во Демир Капија е -9, Скопје-Петровец, Битола, Велес, Струмица, Гевгелија – 8, во Штип и Кавадарци -7, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Крива Паланка -6, во Дебар Куманово, Охрид, Виница и Дојран се зимерени -4, во Крушево – 2 и на Попова Шапка -1 степен. УХМР информира дека снежната […]

Регионалниот пат Велес – Градско затворен за сообраќај од 08 до 16 часот


Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај до 3 февруари во периодот од 08:00 – 16:30 часот, сопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На […]

Промоција на книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“


Книгата „Долгата транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“ вечер, во 18 часот, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Книгата е приредена од историчарот и професор од Велика Британија Роберт Хадсон и Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Книгата […]

Утрото студено, преку ден до 14 степени


Утрото денеска ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од […]

Без струја утре дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани


Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Карпош, Илинден, Гази Баба и Студеничани. Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат дел од корисниците од ул.4 бр.235 Бардовци во општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Миладиновци ул.8, ул.10 и ул.1 во […]

Македонија и Албанија ја прошируваат соработката во високото образование


Северна Македонија и Албанија ја прошируваат соработката во сферата на високото образование, а во таа насока иницирана е соработка меѓу универзитетите „Гоце Делчев“ од Штип и „Александер Мојсиу“ од Драч, информираа од македонската Амбасада во Тирана. Посочуваат дека во рамки на програмските задачи на Амбасадата, во делот на соработката од областа на високото образование македонскиот […]

Големата кашлица коси низ регионот – родителите да ги вакцинираат децата


  Вакцинацијата е најдобра заштита од зимските болести како грип, голема кашлица и други респираторни инфекции, но со оглед на малиот опфат на вакцинирани, кај нас и во регионот, се бројат новозаразени. Според Комисијата за заразни болести, состојбата не е загрижувачка, а лекарите постојано апелираат на вакцинација, бидејќи опфатот во Македонија е под препорачаниот од […]

Бубевски: Во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица


Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.  На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза. […]

Павловска-Данева помина за уставен судија на Комисијата за избори и именувања со седум гласа „за“


  Собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на продолжението на денешната седница, со седум гласа „за“ и три против, го изгласа предлогот за Ана Павловска-Данева да биде кандидат за уставен судија. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сепак останаа на ставот дека предлогот е партиски, додека власта тврдеше дека опозицијата не истакнала ниту еден издржан […]

Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се против набавка на модерни автобуси


  Раководството на Градот Скопје денеска ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека не сакаат да се осовремени градскиот превоз дека гласале против набавка на модерни еколошки автобуси. Од Градот велат дека „советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните“. „Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со […]

Уставниот суд демантира дека ја отфрлил иницијативата за измените на Кривичниот закон


Уставниот суд ги демантира тврдењата на претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов искажани во емисијата „Аргумент Плус” на ТВ24 , дека ја отфрлил неговата иницијатива која се однесува на Законски измени на Кривичниот законик. „Станува збор за неточна, непроверена информација со која се манипулираат гледачите, бидејќи Уставниот суд сеуште води постапка за овој предмет и […]

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, повикаа од детски диспанзер Куманово


Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е 75 проценти, информираа денеска од Здравствен дом Куманово, детски диспанзер. Надлежните велат дека оваа болест што ја има во соседството е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата. – Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани […]

Меџити: Истражните органи ќе кажат кој е виновен во случајот „Онкологија“


Министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање за вчерашните случувања околу скандалот „Онкологија“, денеска повика да не се плука по сите здравствени работници. Тој рече дека остава на истражните органи да испитаат до крај и со име и презиме да се знае виновникот. – Во врска со вчерашниот настан, го знаете мојот став. Стоиме […]

Случај „Онкологија“: Многу злоупотреби, создаван вишок лекови, штетата е 30 милиони евра


  Седум јавни набавки на преговарање без објавување на оглас и без одобрение и согласност од Фондот за здравствено осигурување, скапи третмани на ден пред да починат пациентите и создавање вишок лекови се дел од дејствијата за кои се товарат петмина осомничени во случајот со Онкологија. Станува збор за поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија […]

Марија Јосифовска-Спасовска од „Макпетрол“ меѓу највлијателните 50 луѓе на Балканот


Иницијаторот на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничкото насилство“, Марија Јосифовска-Спасовска, се најде на листата на 50 највлијателни луѓе во регионот според „Блумберг Адрија“. Како член на управниот одбор и директор во „Макпетрол“, Јосифовска-Спасовска е предводник на активностите за едукација и подобрување на состојбите поврзани со булингот. Токму овој ангажман е истакнат како клучна […]