Си дивееме и со ратраци на Шар Планина – Македонија единствена во Европа го дозволувала ова
Известување до јавноста во однос на одлуката со која се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на Национален парк Шар Планина
Во 2021 година, македонската јавност се согласи да ја заштити уникатната природа и пределни вредности на Шар Планина. Од тука, речиси целата планина е прогласена за заштитено подрачје од втора категорија, Национален парк, при што заштитата на националните природни богатства е приоритет, а користењето на природата за економски интереси треба да е во согласност со нејзината заштита. Како институција основана од Владата на Република Северна Македонија, Јавната установа Национален парк Шар Планина (Ј.У.Н.П. Шар Планина) е должна на територијата на Националниот парк, да ја спроведува заштитата на природното наследство. Согласно член 74 од Законот за заштита на природата, Ј.У.Н.П. Шар Планина управува интегрално на целата територија, на начин со кој се обезбедува: заштита на природните подрачја од национално и меѓународно значење за културни, научни, воспитно-образовни и туристичко-рекреативни цели; стабилност на еколошките процеси и разновидноста преку трајно зачувување на репрезентативните физичко географски региони, биоценози, генетски ресурси и видови во автентична состојба; создавање на услови за развој на туризмот во согласност со принципот на одржлив развој и остварување на културни, научни, образовни и рекреативни цели, кое во исто време ја одржува природната состојба на подрачјето.
Според планот за управување со Националниот парк Шар Планина, активноста скијање со ратраци е идентификувана како дозволена активност во сите зони, со исклучок на зоната на строга заштита. Сепак, поради движењето на ратраците надвор од регистрираните патишта, направени се оштетувања на високо планинските предели и оваа дејност е означена како една од потенцијално најголемите закани за заштитеното подрачје и неопходно е да се регулира нивното движење.
Република Северна Македонија е единствената држава во Европа, во која може да се практикува скијање со ратраци во Национален парк, или популарно Free ride скијање. Повеќе од една година се обидуваме да најдеме решение, со кое ќе се регулира дејноста скијање со ратрак надвор од скијачкиот центар Попова Шапка. Зборуваме за дејност која на Шар Планина нерегулирано се одвива веќе 15 години, период во кој бизнис апетитите пораснаа, па така од 1-2 ратрака на почетокот, сега се присутни 27 ратраци од кои на дневна основа, 8-10 ратраци пренесуваат туристи многу подлабоко во планината, надвор од скијачкиот центар Попова Шапка.
Во сезоната 2023/2024 година, техничката служба на Ј.У.Н.П. Шар Планина реализираше преку 60 теренски денови, во кои собравме доволно информации дека оваа дејност не влегува во категоријата на еко-туризам, движењето на овие возила прави трајни оштетувања на природата и видовите при што се загрозува нивниот опстанок, се нагрдува пејзажот и се вознемируваат другите љубители на природата. За жал при топењето на снегот, станува се’ повидливо дека на високо планинските пасишта на кои се одвива традиционално сточарење, многу површини се изорани, а по искази на овчарите, на местата каде поминале овие машини овците веќе не пасат.
За таа цел, во март месец минатата година, се обративме до неколку релевантни институции, а поради недоволно снежна покривка беше донесена одлука за забрана на дејноста.
Секако, разбирајќи ја важноста на оваа економска дејност продолживме да бараме решенија за нејзино регулирање, така што Ј.У.Н.П. Шар Планина, Република Северна Македонија до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) достави барање за мислење во врска со дејноста која се одвива во територијата на Националниот парк Шар Планина.
По мислење добиено од МЖСПП, Управниот одбор на Ј.У.Н.П. Шар Планина донесе одлука со која се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на Национален парк Шар Планина, заради спречување на деградација на природата, загрозување на опстанокот на видовите и природната рамнотежа на територијата на Национален парк Шар Планина, согласно одредбите на Законот за заштита на природата.
Во дискусиите за регулирање на дејноста, активно беа вклучени и двата оператори кои ги организираат активностите, со кои последниот состанок беше одржан на 16 февруари 2024 година и им беше најавена одлуката со која се забранува движење со моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на Национален парк Шар Планина, со цел навремено да се подготват за откажување на турите.
Мечката што го касна данскиот скијач ги штитела своите мечиња
Јасно е дека ваквата одлука значително ќе влијае на економските интереси, но истите во никој случај не треба да бидат на штета на природата. Ова е последна скијачка сезона во која се продаваат тури во кои прикажуваме уништување на нашите богатства и тоа пред туристи од Шведска, Норвешка, Франција, Англија и многу други земји кои грижливо ја чуваат својата природа.
Единствен начин на кој понатаму може да се одвива возењето ратрак надвор од заштитениот појас кој е воспоставен околу скијачкиот центар Попова Шапка, е да се користат само двата постоечки регистрирани патишта. Затоа, за идна промоција на Шар Планина како подрачје со исклучителни вредности, ги покануваме операторите да ги редизајнираат продуктите, придржувајќи се до правилата за движење со моторни возила и тоа во насока на промоција на еколошки форми на туризам, како турно скијање, сноу шуинг или планинарење.
Согласо Законот за заштита на природата, за организирање движење со моторни возила или движење со моторни возила во природата, освен во населени места и сите видови патишта, уредени патеки и полигони за возење, како и за преземање активности за користење на природата на начин кој предизвикува оштетување или уништување на биолошката разновидност или преземање активности за користење на природата на начин кој предизвикува деградација на почвата и губење на нејзината плодност предвидени се прекршочни санкции за правни лица со глоба во износ од 9.000 евра до 140.000 евра во денарска противвредност и глоба за одговорното лице на правното лице во износ од 500 евра до 7.000 евра во денарска противвредност, во зависност од големината на субјектот и прекршокот, како и глоба за физички лица во износ од 300 евра до 450 евра во зависност од прекршокот.
Дополнително картата за движење можете да ја симнете од сајтот на Ј.У.Н.П. Шар Планина на следниот линк https://www.sarmountain.org.mk/soopshtenie/230525-rezhim-na-dvizhene-so-motorni vozila-vo-np-shar-planina
Пред една недела, Данец беше повреден од мечка која ги штитела своите мечиња, додека тој практикувал фри рајдинг на Шар Планина, па многумина се прашуваа што барал Данецот во дури до Македонија за да скија. Можеби токму нерегулираноста ан дивите предели и користењето на планината кој како и за што сака, го привлекло овој човек на падините на Шар Планина.
Мечка на Шар Планина изгризала и изгребала дански скијач по нозете