Мечката што го касна данскиот скијач ги штитела своите мечиња
Мечката што гризна дански скијач на Шар Планина, всушност ги штитела своите мечиња.
Данскиот „фри рајдер“ скијач, кој скијал надвор од обележани скијачки патеки, е добро. Пренесен е во Тетово, каде му се преврзани раните, а своеволно ја напуштил болницата, информираше Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, кој беше на местото на несреќата.
Ангелов апелираше до сите кои се шетаат низ планините да бидат внимателни, затоа што поради топлото време, дивите животни се излезени и се во потрага по храна, а често имаат и подмладок, што го штитат.