Шукова: Потребни се околу 1.000 евра по жител за да се исполнат стандардите на ЕУ за животната средина


Државата креира политики, а општините треба да ги спроведат, доколку сакаме да ја имплементираме зелената агенда, а за тоа се потребни околу 1.000 по жител, па затоа се потребни и фондовите на ЕУ.  – Ако се грижиме за животната средина, не значи дека треба да го стопираме економскиот развој на државата. Тие два процеси треба […]

Николовски за наводно покачување на партиципацијата: Тоа е внатрешна процедура на УКИМ


Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски денеска на новинарско прашање околу објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите, посочи оти тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на УКИМ. -Зголемувањето на партиципацијата ќе оди од страна […]

Истрага за пет лица од Онкологија, за д-р Васев се бара отстранување од работното место и одземање пасош


ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, од кои две биле медицински и организациски директор во периодот од 2017 до 2022 година на Клиниката за онкологија и тројца доктори-онколози. Поднесени се мерки за претпазливост за тогашниот медицински директор Нино Васев и организацискиот директор Нехат Нухи. Мерките предвидуваат забрана за напуштање на […]

Смарт-табли, компјутери и фотокопир донирани во ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром


Нови смарт-табли со проектори, компјутери и фотокопир доби ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром, донација обезбедена од општествено одговорни фирми. „Преку континуирани инвестиции во опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром“, порача градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски  при посетата на основното училиште „Блаже Конески“ во чии рамки беше промовирана нова опрема со која […]

Вкупно 502 бубрежни трансплантации спроведени на Клиниката за урологија


Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени досега на Клиниката за урологија, информираше денеска директорот Сашо Дохчев на прес-конференција. – Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични. Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од Ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите, […]

Без вода дел од населбата Пинтија


Поради дефект на улица „Јабланица“ 54, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Пинтија, односно корисниците кои се поврзани на старата водоводна линија. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Минусни температури во целата држава


Минусни температури утрово се забележани во целата држава. Насјтудено е во Берово -11 Берово, скопски Петровец и Маврово -9, Битола -8, Крива Паланка, Тетово, Штип, Демир Капија и Струмица -7, Скопје, Охрид, Дебар и Попова Шапка -5, во Кавадарци, Велес, Куманово, Гевгелија -4 и во Дојран -2 Дојран. УХМР соопшти дека најмногу снег има во […]

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3 февруари


Поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од денеска до 3 февруари, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 8:00 до 16:30 часот, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и […]

Седница на Уставниот суд


Уставниот суд денеска ќе одржи седница, а на дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Подносител на првата иницијатива е Добра Петковска од Скопје, а е оспорен Законот за социјална сигурност за стари лица, по Решение УП.бр.1702-2488/21 на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Скопје-Кисела Вода Станува збор за член 2, член […]

Утрото студено, преку ден сончево со максимални 12 степени


Времето денеска со студено утро, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до […]

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово


Во врска со информацијата за појавен случај на салмонела во Берово, а со цел да се спречи паника помеѓу населението и особено помеѓу родителите на децата, кои ја посетуваат детската градинка во Берово, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вечерва излезе со известување во кое информира дека за настанатата состојба е известен Центарот за јавно здравје […]

Нема повредени во пожарот на бараките во Драчево


Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17.25 часот е започнат пожар на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско. Во моментот има информација дека пожарот е проширен и бие зафатени три бараки (куќи). Интервенираат 15 пожарникари со шест противпожарни возила од Противпожарната слуба на Град Скопје. Екипите на БППЗ […]

Без струја утре делови од Бутел и Кисела Вода


 Без струја утре ќе бидат делови од општините Бутел и Кисела Вода, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Кисела Вода. Во периодот од 08.30 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците […]

Повозрасен вљубеник во природата скршил нога на Водно – организирана спасителна акција


Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за повредено лице – со скршена нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е […]

Потребна е итна акција за намалување на температурата на воздухот


Центарот за климатски промени (ЦКП) денеска во Хотел „Александар Палас“ ја одржа завршната конференција за проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, на која беше заклучено дека потребно е сите ние веднаш, одговорно да преземе акција во рамките на нашите можности и мандати, и соодветно да одговориме на климатските предизвици кои ни […]

Меџити сменил четири директори на клиники


Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спреведни се конкурси во три јавно-здравствени установи за избор на четири директорски места. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации. На Клиниката за […]

Демолирани канцелариите на Држaвниот инспекторат за локална самоуправа


Демолирани се канцелариите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, искршена е и украдена опрема, информираа од Инспекторатот за МИА. Инцидентот се случил во саботата, а случајот во МВР го пријавил директорот на Инспекторатот Ферди Ашани. Инспекторатот е лоциран во зградата на МРТВ на 12 кат.

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК


 Пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и за повеќе општини беа во фокусот на денешното продолжение на 99. седница на Државната комисија за спречување на корупција на која беа разгледани повеќе предмети кои беа во најголем дел отфрлени или беше одлучено постапката да се запре. За пријавата за градоначалничката на Град Скопје, Данела […]