Одборот за акредитација на високото образование во Стопанската комора: Студиските програми да бидат во чекор со потребите на стопанството


Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Марјан Ѓуровски и Претседателот на Стопанската комора Бранко Азевски остварија заедничка средба со цел да ја интензивираат соработката меѓу двете институции во функција на градење механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата. Договорено e Одборот и Стопанската комора да потпишат договор за […]

ЦУК советува што да се прави ако ве касне змија


Центарот за управување со кризи (ЦУК) превентивно потсетува дека при прошетки во природа граѓаните може да се сретнат со змии кои, како што наведуваат, најчесто бегаат од луѓето. Ако змиите бидат вознемирувани намерно или ако случајно бидат нагазени или наседнати, иако во ретки случаи, граѓаните можат да бидат гризнати од влекачите. – Во таков случај […]

Четворица американски професори нападнати со нож во Кина


Четири визитинг професори од американски универзитет се повредени во напад со нож во парк во североисточна Кина, потврди универзитетот. Универзитетот Корнел, лоциран во американската сојузна држава Ајова, потврди за ДПА дека четворица професори, кои престојуваат во Кина како дел од партнерството со кинескиот универзитет, биле повредени „во сериозен инцидент за време на дневна посета“ на […]

Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие


Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба (заради запалено ѓубре); Радовиш кај нас.Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај с.Чифлик (заради запалена ниска вегетација); Тетово кај с.Фалише (депонија) […]

Делови од земјата во портокалова фаза, еве ги препораките за заштита од топлотниот бран


  Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран денеска и утре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. И Скопскиот и Вардарскиот регион овие два дена ќе бидат зафатени од високи температури, но од жолта фаза (алерт – […]

Без вода дел од Студеничани


Поради уличен дефект, без вода од 07:45 часот се корисниците на дел од Студеничани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”


Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе ја промовира публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование”.  Од Меѓаши информираат дека модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамки на програмата за мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството, како и унапредување […]

Панел-дискусија во Скопје за промени во здравството


 Панел-дискусија насловена „Ни „ваши“, ни „наши“ – реформа за поддршка на стручните лекари“, ќе се одржи попладне во „Европска куќа“ во Скопје. Станува збор за настан во рамки на пошироката иницијатива на граѓанската сила „Замисли“ за системски промени во здравството, информираат организаторите преку соопштение до медиумите. Најавено е воведно ообраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир. 

Незаконски разрешувањата на директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, се чека решение за хируршките сали


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) најави дека до надлежните органи ќе покрене иницијатива за одговорност на министерот за здравство Илир Демири, откако ги прифати пријавите оти се неосновани разрешувањата на директорите на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски и на Клиниката за кардиологија, Марјан Шокаровски.   ДКСК констатираше дека со двете одлуки на Демири, прекршени […]

Сончево и топло, температура до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во […]

Без струја делови од Центар и Карпош


 Без електрична енергија денеска ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & […]

Фото-провокација: Покажете ни го Скопје во поубаво светло!


Утописки, надреални сцени може да забележаите ако сакате, со само една кратка прошетка во строгиот центар на главниот град – по кејот на Вардар и плоштадот „Маледонија“. Ваков е погледот кон кулите во изградба спроти хотелот „Холидеј Ин“, ако се шетате по кејот на Вардар. Суво дрво, исчкратн потпорен ѕид и скудна ограда по пристапната […]

Без струја утре делови од Карпош и Центар


 Без електрична енергија утре ќе останат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ […]

Вечерва во Скопје измерени 30 степени Целзиусови, за утре жолт аларм


Близу 30 степени Целзиусови вечерва во 20 часот биле измерени во Скопје, односно во мерната станица на Зајчев Рид. Како што соопшти УХМР, измерена температура во 20 часот, односно најтопло вечерва е во Скопје-Зајчев Рид со измерени 29.7°C. За утре пак, прогласен е жолт аларм за Вардарскиот односно Скопскиот регион.  Сончево и многу топло со […]

Иљас Весели ќе го замени Блерим Беџети на градоначалничкото место во Општина Сарај


Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина. -Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите […]

Невреме во Неготино, нема поголеми штети


Невреме ја зафати попладнево општина Неготино, со дожд и силен ветер. Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов за МИА изјави дека според првичните информации, нема поголеми штети. – Едно дрво е уништено од невремето во центарот на градот и веднаш беше пристапено кон расчистување на теренот. Се следи состојбата и ќе се интервенира соодветно, секаде каде што […]

Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре во портокалова фаза, препораки до граѓаните


Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно […]

Костадиновски најавува преноси во живо од Уставниот суд


Уставните судии да отвораат предмети по сопствена иницијатива, ќе бара новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Според него, особено е неопходно да е покаже судски активизам и за секоја одлука за која судиите ќе се посомневаат во уставноста да можат самите да иницираат постапка, а не само како до сега по иницијатива на граѓани. […]

Стипендии за студии во Италија и Мексико


Амбасадата на Италија во Скопје известува за можноста за добивање  стипендии за македонски државјани од страна на Владата на Италија за академската  2024-2025 година. Како што објави МОН на својата веб-страница, заинтересираните кандидати може да аплицираат за неколку категории студии во Италија: напредни курсеви во траење од три месеци за усовршување на јазикот за студенти по италијански […]

Костадинов најавува изградба на нов градски пазар во Струмица, најголем во државата


За новиот градски пазар во Струмица, што ќе биде најголем во државата, веќе втор пат е распишана јавна набавка и очекувам дека ќе се јават компании кои ќе дадат понуда што ќе одговара на условите пропишани од страна на Општина Струмица и граѓаните ќе добијат нов и современ градски пазар, изјави денеска градоначалникот Костадин Костадинов. […]