Повеќе скопски села и населби утре без струја


Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар. Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците […]

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре


 По посета на две избирачки места претпладнево,  претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.  – Досега посетив само две избирачки места […]

На Попова Шапка утрово најстудено и најголемо количество врнежи


Најниска температура, 0 степени, утрово е измерена на Попова Шапка, каде што има и најголемо количество врнежи во изминатите 24 часа – 29 литри на квадратен метар. Како што соопшти УХМР, во 8.30 часот се измерени 3 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 4 во  Крушево, 5 степени во Битола и Претор, 6 во Тетово […]

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности


  До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Како што рече Даштевски на првата прес-конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15.487 гласачи. Според него, […]

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес


Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што […]

Почнуваат активностите за вежбата „Swift Response 24“


Од денеска почнуваат подготвителните активности за изведување на вежбата „Swift Response 24”, што е во рамки на кампањата на вежби „DEFENDER 24“ кои се во организација на командата на вооружените сили на САД за Европа и Африка „USAREUR-AF”, а се изведуваат секоја година на тлото на Европа, соопштија од Армијата на Република Северна Македонија. Делот […]

Лични документи можат да се подигнат и денеска


 Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР. – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до […]

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 24 април 2024 година, 115-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 251 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минута, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 46 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор


 Врховниот суд в четврток ќе одржи јавна седница по изјавената жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, против решението на Апелацискиот суд Скопје за мерката притвор. Ова е втора јавна седница пред Врховниот суд по мераката притвор на таткото на Вања. –  Врховниот суд ја известува јавноста дека по изјавената жалба на […]

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови


Министерството за образование и наука  информира дека наставата од деновите на гласањето за изборите, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември 2023 за учениците од Скопје, кога беше организиран Самитот на ОБСЕ, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови. МОН во допис до медиумите попладнево соопшти дека учебната година нема […]

Мицкоски се сретнал со контроверзниот бугарски бизнисмен Валканов


  Вчера, за време на кампањата во источна Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретнал со контроверзниот бугарски бизнисмен, Николај Валканов. Информацијата за тоа прв ја објави „Инфомакс“, пренесувајќи ги фотографиите од Фејсбук профилот на Драган Ковачки, носителот на изборната листа во ИЕ3. Според објавата на Ковачки, тој заедно со Мицкоски бил во посета […]

Сто години постоење на Институтот за јавно здравје


ЈЗУ Институт за јавно здравје го најави одбележувањето на 100 години од своето формирање, под мотото „Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија – 100 години чувар на вашето здравје“. – Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата […]

Одборот за акредитација на високото образование почна со работа и средби со факултетите


Вчера се одржа втората седница на Одборот за акредитација на високото образование во просториите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје. Од страна на Одборот беа формирани стручните комисии од соодветните научно-истражувачки подрачја според Меѓународната фраскатиева класификација: природно-математички науки; техничко-технолошки науки; медицински науки и здравство; земјоделски и ветеринарни науки; општествени науки; […]

Со супер вештачење ќе продолжи судскиот процес за родилката од Дебар


Судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети за отстранувањето на три органи на родилката од Дебар Јилдз Веапоска ќе продолжи со супер вештачење, беше одлучено на денешното рочиште во Основниот суд во Струга.  Таквата одлука на судијата Јордан Јованов дојде поради […]

Oштетена гумената брана за наводнување на оризовите површини кај кочанското село Грдовци


Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани утрово забележале намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви. Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната […]

На Плетвар живее редок вид пеперутка – македонска сивка (видео)


Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите. Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка […]

Досие jавни претпријатија – над 75 отсто вработените постари од 46 години, над 70 отсто ја кријат етничката припадност


Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и Град Скопје. Најголем дел или 143 се основани од Град Скопје и општините, 13 се под “капа“ на Владата, а три јавни претпријатија се основани од Собранието. Според податоците од Министерството за финансии,  голем дел од […]

Утре неработен ден заради изборите, инспекторите ќе ги контролираат бизнисите


Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на техничката влада , 24 април (среда) и 8 мај (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да […]