До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време. Времето денеска е облачно […]

Мостот „Беласица“ издржа шест камиони тешки 208 тони, се чека целосно да биде пуштен


Професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отворени градби и климатски промени (ИСОГКП) објави дека мостот „Беласица“ во Скопје успешно го издржал товарењето и дека е спремен да биде пуштен за сообраќај и за тешки товарни возила. – Битката за мостот „Беласица“ падна, мостот „Беласица“ не падна – напиша Гаревски на фејсбук. Мостот беше опожарен […]

(Во живо) Доделување новинарски награди на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“


„Кревките Шуми“ на Александар Методијев и Сузана Мицева и „Штипските пожарникари имаат над 70 интервенции по завршување на жетвата“ на дописничката на МИА од Штип, Викторија Димитрова Јованова, се добитници на наградата за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“ која ја доделува Советот за етика во медиумите на Македонија. СЕММ […]

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи. Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Повик за учество на средношколци од трета и четврта година на летен воен камп за млади во Црна Гора


Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за одбрана објави повик за учество на пет средношколци од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади кој ќе се одржува од 24 јуни до 8 јули 2024 во Црна Гора заедно со средношколци од таа земја. Огласот е наменет за средношколци од трета и четврта […]

Токсикологија останува без д-р Беќаровски: Време е приватна клиника да отвори одделение за детоксикација


  Докторот Нико Беќаровски си заминува од државното здарсвтво, од токсикологија, таму кадешто навикнавме да го гледаме со години. Така може да се протолкува неговата порака на Фејсбук. Докторот од  Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски на својот фејсбук-профил напиша: „35 години бев најголем борец за здрав ЈАВЕН ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР. ДОН КИХОТ конечно го напушта оклопот. […]

ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени


Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот. – Во реон на автопатот A2 […]

Награди на СЕММ за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ќе ги додели наградите за најдобри новинарски стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, објавени во периодот мај 2023 – април 2024. Наградите се во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО […]

Облачно со повремен пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во […]

Управен суд ја отфрли тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители за одлуката на ДКСК


Управниот суд ја отфрли како неоснована тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев“ против Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако во петокот ДКСК расправаше по втор пат и одлучи да се стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите.  При соопштување на […]

Извештај на Стејт департментот: Сериозна корупција и насилство врз новинари


  Сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари, се регистрирани во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Извештајот наведува дека законот предвидува кривични […]

Се бараат автори кои ќе напишат учебници за осмо одделение, ќе добијат по околу 6.000 евра


Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурс за издавање на учебници во деветгодишно основно образование. Се бараат автори по речиси сите наставни предмети за осмо одделение, кои треба да се прават согласно Концепција за деветгодишно образование. Инаку, учениците кои учат по нови наставни програми од септември ќе бидат седмо одделение, што значи дека учебниците за осмо […]

Демири: Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест


 Приватните специјализанти по изборите ќе добијат поголем надомест, најави денеска ресорниот министер Илир Демири. -Сите приватни специјализанти добиваат надомест од 25 до 28 илјади денари и им се платени дежурствата. Дел од нив по објавувањето на изборите и по започнувањето на кампањата зпотегнаа иницијатива за да се зголеми нивниот надомест. Со задоволство би го направиле […]

Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов


 Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири. -Даден е налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано […]

Вакцинацијата се зголемува, но сè уште е под препорачаните 95 отсто


  Министерот за здравство д-р Илир Демири, специјалната претставничка на СЗО во земјава, д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и д-р Кети Ставридис од Институтот за јавно здравје, денеска, одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа за опфатот со имунизација во државата по повод одбележување на Европската недела за имунизација. Демири, потенцираше дека Министерството […]

Економската директорка на Токсикологија сака да вработи лица без соодветно образование


Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија денеска јавно го кренаа гласот против самоволието на економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази.Докторите велат дека таа не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, туку да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите […]

Лични документи можат да се подигнат и во среда – на денот на изборите


Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 […]

Се отстранува застаклен објект без дозвола на ул „Железничка“, сообраќајот во хаос


Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти. Како што информираат од Центар станува збор за објект на улицата „Железничка“. За таа цел, на првата лента од еднонасочната улица има паркирано сервисни и градежни камиончиња. Работат десетина работници, а ги чува полиција.  Тротоарот […]

Во општина Карпош е поставен првиот „хотел“ за диви пчели


По повод одбележување на Денот на планетета Земја, денеска во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија првиот „хотел“ за згрижување на инсекти – опрашувачи на територија на локалната самоуправа. Станува збор за иницијатива којашто се реализира во рамки на проектот СУДЕКУ (Одржлива демократка култура), чии носители […]

„Средноленд“ низ Скопје – средношколците ги покажуваат своите таленти


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори средношколската манифестација „СРЕДНОЛЕНД 2024“, на која скопските средношколци ги претставуваат своите таленти преку музика, танц, ликовна и драмска уметност, фотографија и филм.   По успешната реализација минатата година, кога за првпат се одржа оваа средношколска манифестација, продолжуваме со поддршката и мотивацијата на нашите талентирани […]