Утре влажен бран со силен ветер и врнежи над 20 литри на метар квадратен


УХМР информира дека утре, под влијание на влажен бран, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, поројни и проследени со грмежи и засилен ветер и над 60 километри на час. Ветерот долж Повардарието ќе засилува и […]

Отворена Лабораторија за напредни и одржливи материјали на ТМФ финансирана од НАТО


На Технолошко – металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска, беше отворена Лабораторија за напредни и одржливи материјали во вредност од 90.000 евра. Лабораторијата ќе овозможи да се развие иновативна технологија за мултифункционална војничка униформа која ќе биде огноотпорна, ќе штити од микроорганизми и УВ-зрачење, а преку промена на боја ќе […]

Штрајкот на приватните специјализанти времено ставен во мирување


 Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања. Доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна […]

Во март зголемен бројот на заболени со овчи сипаници, регистрирани и случаи на заушки


Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биел овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.   – Во текот на март, најчесто […]

Митинг на „Скендербег“ – улиците во центарот на Скопје повторно затворени


Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците […]

Лекторите заборавени од државата: Не ја земаат целата плата и не им се исплаќа девизен додаток за работа во странство


Лекторите по македонски јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) вршат значајна национална мисија за ширење на македонскиот јазик, литература и култура на 11 активни лекторати во светот. И покрај нивните сериозни заложби и посветеност за ширење на македонистиката на образовен, културен и дипломатски […]

Германците задоволни од изградбата на топловодот за Битола, најавуваат и соларни мрежи


Изградбта на топловодот за Битола добро напредува, а германските партнери од каде е земен креди од 40 милиони евра најавуваат и инвестиции во соларни мрежи за централно греење кои  користат големи површини со соларни термални колектори како извор на топлина. „Исклучително сме задоволни од текот на работите за изградба на топловодот од РЕК Битола до […]

ЕУ и УНДП ќе го штитат биодиверзитетот на Преспанското Езеро со речиси 14 милиони евра


  Со пакет мерки, вредни 13,720.000 евра, Европската Унија и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро, развојот на одржливо земјоделие и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води и подобрување на регионалниот развој. Инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот […]

Началникот на израелскиот воен штаб одобри продолжување на војната во Газа


Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа, соопшти синоќа израелската армија. Халеви синоќа ги „одобри понатамошни чекори“, рече портпаролот на армијата Даниел Хагари. Израелскиот ТВ канал Кан јави дека дел од плановите е воена операција во градот Рафа на југот од енклавата долж границата со […]

Прв средношколски самит за кариерен развој


Во Скопје денеска ќе се одржи првиот средношколки самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academу“ и во соработка со Сојузот на средношколци. На самитот ќе се разговара за важноста на неформалното образование и континуираното учење, како да се избере идната професија и да се започне кариерата со креирање на силен персонален брендинг. […]

Сончево со локални врнежи дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, сончево со […]

Академијата за судии и обвинители поднесе тужба до Управен суд по одлуката на ДКСК


  Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба до Управниот суд, откако во петокот Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) расправаше по втор пат за запирање на постапката за прием на 130 слушатели до завршување на претседателските и парламентарни избори, потврдија за МИА од Академијата за судии и јавни обвинители. На седницата, […]

Мраз нема, ама температурите наутро околу 0 степени Целзиусови


Во текот на следните часови од запад се очекува постепено врнежите да престанат во Македонија, но и ќе има постепено, но не и целосно намалување на облачноста низ државава. Токму поради ова намалување на облачноста, во текот на претстојната ноќ и утре рано наутро ќе биде значително постудено, па така на повеќе места температурите утре […]

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров на надојдената Црна Река


Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација, вчера во 17.32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток […]

Снег паѓа на Стража и во Дебарско


  Студеното и врнежливо време донесе и снег во западниот дел од Македонија. Особено во Дебарско. Снег паѓа и на превојот Стража. Засега снегот не создава проблем во одвивањето на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози. „Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и […]

Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


Од 18:35 часот, сообраќајот на патниот правец Штип-Кочани е нормализиран, соопштија од АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец од 17.15 часот беше затворен за сообраќај, откако  во 14.25 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Естрадата пееше за собирање средства за лекување за малата Кара


Општина Центар организираше музички хуманитарен хепенинг во Парк на Франкофонија каде се собираа средства за лекување на Кара Селовска. Кара има 12 години и е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар. Има сериозни здравствени компликации поради кои е сместена во болница во Барселона, Шпанија. Средствата и се потребни за да ги покрие третманите за дијагностицирање на болеста […]

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер


Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, откако првиот пат успешно се реализираше на 11 Април. Според информацијата од Центарот за управување со кризи, […]

Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи – пробиен е законскиот рок


Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат. „Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат […]

Сообраќајната култура во Македонија ниска, се вози брзо, под дејство на алкохол и се прскаат пешаци


Во Македонија се вози брзо, без дозвола, на црвено и под дејство на алкохол. Овие прекршоци се помеѓу најчестите фактори за незгодите со тешки последици. Анализата на МИА покажува дека возачите често не носат појас, паркираат на недозволено место и користат мобилен телефон додека управуваат со возилото. Ова ја отсликува сообраќајната култура кај нас која […]