Без вода дел од улицата „Ванчо Мицков“ и намален притисок во фабриката „Реплек“


Поради изведување водоводен приклучок ф-125 мм на ул. „Ванчо Мицков“ 4а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето во фабриката „Реплек“, пак, ќе биде со намален притисок од 09:30 часот до завршување со работните активности.

Без струја дел од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, соопшти дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода. Од 08:00 до 14:00 часот, без елекстрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Славеј Планина“, […]

Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет


Судиите денеска гласаат за два нови члена на Судскиот совет, еден од редовите на врховните судии и еден од апелационо подрачје Битола. На избирачките ливчиња од редот на врховните судии се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, а од битолското апелациско подрачје се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска – судии на Апелационен суд Битола и […]

Сончево и топло, температури до 34 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен правец. Попладне, во јужните и југоисточните делови од земјата ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а […]

Од утре времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево – Сладуево


Од утре сообраќајот на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево – Сладуево ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај. Како што информираа од АМСМ, времената измена на сообраќајниот режим е заради започнување со градежни активности во врска со проект санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, во […]

Палевски негира дека е поврзан со убиството на Ѓорчевска и Жежовски


  Љупчо Палевски – Палчо денеска на распит во Обвинителството негирал каква било поврзаност со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и во своја одбрана посочил докази кои дополнително ќе бидат доставени, информираше вечерва адвокатот Марјан Витановски по повеќечасовниот распит на Палевски.  Како причини поради кои е посочен како обвинет во постапката навел дека […]

Во Тетово отворена седмата Европска куќа во државава


 Во Тетово денеска почна да функционира канцеларија Европска куќа (Еurope House) на Делегацијата на Европската унија, седми таков објект во државава. Евроамбасадорот Дејвид Гир присутвуваше на отворањето на објектот и активности по тој повод кои, кои беа посветени и на Светскиот ден на животната средина. -Во некои култури бројот седум значи нешто кога се завршува, […]

Дебата: Демократија сѐ уште не матурирала


  Како демократија која сѐ уште не матурирала, премногу бараме од политичарите и јавноста да се однесуваат како да сме Холандија, беше речено на денешната дебата по повод Извештајот за изборната етика што го изготви Форумот за разумни политики. Учесниците изнесоа различни размислувања и ставови, но речиси заеднички беше заклучокот дека во однос на изборната […]

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ и Општина Битола градат нова градинка


  БИТОЛА – Во Битола како своевиден феномен може да се толкува состојбата во која се празнат училишните клупи, а нема место во градинките за згрижување на најмалите. На крајот на секоја учебна година и пред почетокот на летото секогаш се разгорува прашањето, дали наесен ќе се најде место во градинките за згрижување на децата […]

Пејачката Лара Иванова во кампањата ,,Вдоми затоа што животот е поубав со куче“


Пејачката Лара Иванова се вклучи во во кампањата ,,Вдоми затоа што животот е поубав со куче“ на ЈП „Лајка“.  Во соопштението од „Лајка“ стои:  „Со помош на Лара Иванова и даваме видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом. Присила е помалку од една година во нашето прифатилиште […]

Гази Баба доделува по 3.000 денари за секое прваче


Општина Гази Баба ги повикува сите семејства кои живеат на територија на општината, а имаат запишано дете во прво одделение во општинските основни училишта да аплицираат за добивање на еднократна финансиска поддршка од 3.000 денари. Оваа мерка општина Гази Баба ја реализира трета година по ред и истата се воведе со доаѓањето на Бобан Стефковски […]

Светлана Мојсов наградена од шпанското кралско семејство за научните достигнувања


Светлана Мојсов, ќерка на македонскиот дипломат Лазар Мојсов и хемичар, заедно со нејзиниот научен тим  доби високопрестижна награда од шпанското кралско семејство – Принцезата од Астуриас. Наградата е доделена  за научните истражувања со кои се прослави Мојсова околу третманите на дијабетисот. Наградата шпанското кралско семејство им ја доделува на лица или институции кои низ нивната […]

Озан, бебето родено со само 690 гр., замина дома со тежина од 2.400 грама


Во прегратките на своите родители, вчера по шест месеци престој на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во стабилна состојба и со телесна тежина од 2400 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.   Озан е роден на 20 декември 2023 година во 24 гестациска недела со тежина од само 690 грама […]

Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија


На Клиниката за урологија ќе работи една сала во две смени, од денеска и официјално имаме известување од директорот дека ќе се почнува со елективна програма, најдено е некое привремено решение, затоа што еве веќе три недели има технички проблем. Привремено решение со поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала. Сѐ уште нема […]

Отсуство на учебници и наставен кадар за учење немнозински јазици проблем за овие заедници


Отсуство на дидактички материјал за образование во основно училиште за учење на немнозинските јазици, учебници и недостиг на образовен стручен наставен кадар обучен за таква настава, се дел од проблемите, со кои се соочуваат немнозински заедници во државата. Вака одговори на прашање на МИА, Братислава Танасковиќ, која даде изјава за медиумите, во името на Форумот […]

„Не биди ѓубре” акција за чистење на општина Кисела Вода


На Светскиот ден на животната средина се одржа заедничка еколошка акција во која учествуваа Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, градинките и училиштата од овој дел на градот, заедно со тимот на „Не биди ѓубре”, предводен од актерката и екоактивист Ирена Ристиќ. Од локалната самоуправа информираа дека се чистеа јавните површини низ целата општина, а […]

Третоодделенци од Илинден место на екскурзија останаа на паркинг – не дошле автобусите!


120 третоодделенци од ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден, кои денеска требаше да заминат на еднодневна екскурзија во Крушево, останаа на паркингот од училиштето, затоа што не дошле автобусите. Училиштето не потпишало договор со агенцијата „Кондор“, која ја добила јавната набавка пред неколку месеци, врз основа на законскиот услов, најниска цена. Автобусите кои требаше да […]

ЦУК: Пожари на отворено во скопските општини Бутел, Карпош, Сарај


Три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје – Тетово во Сарај. Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите […]

Промовиран прирачник за машкото здравје „Фокусирај се на себе, за себе“


Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукароски“ од Прилеп  синоќа го промовираше раритетниот прирачник „Фокусирај се на себе, за себе“, посветен на грижата за машкото здравје. Во месецот на машкото здравје, јуни, Здружението со прилози и совети на истакнати стручњаци, го претстави прирачникот пред јавноста за да укаже на потребата од грижата, уште повеќе во […]

Повисоките зони во Делчево денеска и утре без вода за пиење


Поради реконструкција на дел од водоводната мрежа, повисоките места во Делчево денеска и утре ќе бидат без вода за пиење, информираа од делчевското комунално претпријатие „Брегалница”. Без вода за пиење ќе бидат и село Тработивиште и населбата Ѕвегорска Река. -Поради изведување активности на водоводна приклучна шахта С-3 на доводен цевковод ф 315, од кој се […]