Пејачката Лара Иванова во кампањата ,,Вдоми затоа што животот е поубав со куче“


Пејачката Лара Иванова се вклучи во во кампањата ,,Вдоми затоа што животот е поубав со куче“ на ЈП „Лајка“.  Во соопштението од „Лајка“ стои: 

„Со помош на Лара Иванова и даваме видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом. Присила е помалку од една година во нашето прифатилиште и толку време бара дом.Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица.Она е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен миленик кој е мешанец од далматинец, обожава луѓе, деца и одлично би се вклопила во сечија фамилија. (Повеќе слики од неа можете да најдете тука: https://drive.google.com/drive/folders/1x_Z4CGzmMKjclykdgYvZe_D3Im_olEmg

Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.Затоа што животот е поубав со куче!“

Во прилог линкот од видеото: https://www.youtube.com/watch?v=BkUHvA7e4D0