Обвинителството бара мерки на претпазливост против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека е поднесено барање за определување мерки на претпазливост за 12 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, без да наведе повеќе детали за која институција станува збор. -Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 […]

Спортскиот комплекс „Бојмија“ во завршна фаза


Општина Аеродром добива уште еден репрезентативен комплекс. Градоначалникот на општината Тимчо Муцунски денеска заедно со претседателот на Советот, Дејан Митески и кандидатите за пратеници од Аеродром, го посетија спортскиот комплекс „Бојмија“ каде во завршна фаза е поставувањето на функционално фудбалско игралиште со вештачка трева и атлетска патека, се обновува детското игралиште и фитнес просторот и […]

ИЈЗ: Меланом – најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме


Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај – месецот на борба против ракот на кожата. – Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на […]

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања


Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања. Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, […]

Вработените во ФЗО најавуваат генерален штрајк – бараат усогласување на платите


Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк. Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку […]

Герасимовски: Започна инсталирање на смарт јавно осветлување близу училишта, градинки, паркови и шеталишта


Денеска започна инсталирањето на Тип 2 светилките кои се дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Тип 2 светилките ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Од овој тип светилки ќе бидат инсталирани вкупно 2.637 парчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека Општина […]

Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв по повод шестдеценискиот јубилеј


Повеќе од половина вработени во Уставниот суд пријавени за давање крв во денешната акција што сами ја организираа по повод шестдеценискиот јубилеј. Како што информира утрово претседателката на Судот Добрила Кацарска, со ова институцијата ја покажува и својата хумана страна. -Уставниот суд одбележува 60 години постоење и по повод овој јубилеј најави низа активности. Вработените […]

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред


 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од […]

Град Скопје: Продолжува реализацијата на првата фаза на изградбата на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска


Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна мрежа која произлегува од градската програма за работа. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП Водовод и канализација Скопје и Секторот за планирање и уредување при […]

Танц Фест го одбележува Светскиот ден на танцот, „Менада“ за Марин Црвенов


 Со јубилејна претстава под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“, фестивалот Танц Фест, вечер, во Македонскиот народен театар, ќе го одбележи 29 април, Светскиот ден на танцот.  Во рамки на одбележувањето на Денот, прочитана ќе биде и македонската порака, чиј потписник годинава е примабалерината на Националната опера и […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје сончево со мала до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 30 април 2024 година, 121-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 245 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минута, а ќе зајде во 19 часот и 32 минути. Денов трае 14 часа и 1 минутa. Месечината, која е во фаза на последна четвртина  ќе изгрее 1 […]

Најавен штрајк во Фондот за здравство


Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат, барајќи усогласувањето на платите со растот на минималецот. Како што информираа од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), покрај усогласувањето со минималната плата, ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои […]

Во општина Аеродром се врши пролетна дератизација


Деновиве, на територијата на Општина Аеродром се одвива пролетна дератизација. Во акцијата се опфатени 3.000 шахти со 9.000 мамци. Дератизацијата ја врши Институтот за јавно здравје – Скопје, а се спроведува двапати во годината, информираат од локалната смаоуправа на општината. 

Се разубавувааат улиците на влезот во Велес


Завршија градежни активности за реконструкција со бехатон плочки на тротоарите на улиците „Димитар Влахов“ и дел од „Илинденска“ на еден од влезовите на Велес, од левата страна на градот, информира градоначалникот Марко Колев. Во овој дел е поставена и нова заштитна ограда со цветни аранжмани со што се разубави влезот од оваа страна на градот. […]

Нови 27 случаи на голема кашлица, четворица се хоспитализирани


      Во последната недела, пријавени се 27 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 41 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје, а пријавени случаи има и во Битола, Куманово, Тетово и во Демир Хисар. Возраста на заболените се […]

ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково


Државната изборна комисија  денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково. На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што кажа, […]

Без струја утре дел од корисниците во село Бардовци и ул. „Дрезденска“ во Карпош


Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија утре (30 април) од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во село Бардовци во општина Карпош.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД, од 9.30 до 14 часот утре струја ќе немаат […]

Младите од Делчево цртаа мурал со порака за почиста животна средина


Група средношколци од Делчево денеска спроведоа акција за подигање на свеста за заштита на животната средина. Преку креативен активизам цртање мурал, тие ја пренесоа пораката против загадувањето, промовирајки чиста животна средина за сите граѓани на Општина Делчево. Како што истакна активистот Зоран Биковски, акцијата ја спроведува Организацијата „Жена” од Делчево, во рамки на активноста на […]

Дојран за празниците очекува над 10 илјади гости (фото)


За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов. Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети. -Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран […]