Скопјани утрово се разбудија со пороен дожд и грмежи


Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица. Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена […]

Концерт на хармоникашот Филип Трајковски во Мала станица


По повод Денот на државноста на Република Словенија во Национална Галерија – Мала станица вечер ќе одржи концерт хармоникашот Филип Трајковски. Концертот, што ќе започне во 20 часот, го организира Словенечкиот центар – Скопје. Филип Трајковски е роден во Скопје, на 07.03.2006 година. Од најрана возраст се интересира за музиката. Од своите девет години, почнува […]

Прекинато водоснабдување за корисниците од неколку улици во Кисела Вода


Прекинато водоснабдување  денеска од 8.30 часот ќе имаат корисниците од  улиците „Иван Козаров“, „Киро Крстевски“, „Боте Боцевски“, „Марко Цепенков“, „Вера Јоциќ“ и „Божидар Аџија“ во Кисела Вода  поради изведување водоводен приклучок ф-200мм на ул. „Иван Козаров“ 6, соопшти ЈП Водовод и канализација. Во останатиот дел од населбата, односно во објектите во близина на наведените улици, […]

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани


Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ – зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д. Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе […]

Променливо облачно, претпладне повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УБ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје времето ќе биде променливо […]

Силниот ветер откорна триесетина дрва во Битола


  Силниот ветер откорна триесеттина дрва низ Битола, искрши гранки во голем дел од Градското шеталиште, по дрворедите низ градот и во приватни домови. Дел од паднатите дрвја налегнаа на сообраќајниците и го попречија за кусо одвивањето на сообраќајот. Екипите на ЈКП „Комуналец“ го расчистуваат нередот. Веторот и дождот траеја крако време попладнето „Од денешното […]

Јаневска најавува сериозна ревизија на универзитетите – не може да имаме 34


  Весна Јаневска, која најверојатно ќе биде министер за образование во новата влада на Христијан Мицкоски, смета дека неопходни се реформи во образованието во кои ќе бидат вклучени сите и владата, министерството, родителите, наставниците, а и да се направи сериозна ревизија на Универзитетите и студиските програми кои се нудат во државата. „Кога се прават сериозни […]

Невреме ја погоди Битола – силниот ветер сруши дрвја


Попладнево во Битола имаше невреме проследено со дожд и ветер. Како што може да се види и од фотографијата, силниот ветер, кој достигнувал брзина од 50 км на час, срушил и дрвја низ градот. Инаку, во текот на денот во Битола беа измерени 29 степени, додека пак до крајот на денот се очекува променливо облачно, […]

Во Скопје измерени 36 степени Целзиусови – ноќеска и утре наутро дожд и невреме


Највисока температура денеска е измерена во Скопје – 36 степени. Од УХМР информираат дека во во текот на ноќта на повеќе места во земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од Скопската котлината и со услови за краткотрајно невреме. Во Гевгелија, Кавадарци и Велес се измерени 35, во Демир Капија […]

Гол шетал низ Загреб и со секира удирал по автомобили. Во куќатa му нашле тело на жена


Полицијата во Загреб денеска во 14 часот и 25 минути добила пријава за маж кој без облека оди по улица и со секира оштетува автомобили во областа Суседград. Мажот потоа се упатил на домашната адреса, каде што полициските службеници го пронашле и го однеле во службените простории. Во куќата е пронајдено тело. Според првите информации, […]

Ковачевски стана член на регионалниот одбор на глобалниот тинк-тенк COSCU од Холандија


  Глобалната тинк-тенк организација COSCU, чие седиште е во Хаг, Холандија, соопшти дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски станал член на организацијата. „Со задоволство соопштуваме дека Димитар Ковачевски, поранешен премиер на Северна Македонија, се приклучи на COSCU (Конфедерација на училишта, колеџи и универзитети), како член на Регионалниот советодавен одбор за Европа. Господинот Ковачевски носи богата експертиза […]

Беџети за измените на Законот за локална самоуправа – без одговор


Сѐ уште немаме предлог законско решение, откако ќе го добиеме, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе кои се нашите ставови, изјави координаторот пратеничката група на „Европскиот фронт“ во Собранието, Блерим Беџети, прашан кој е ставот на ДУИ за најавените измени на Законот за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, со што би се избегнале предвремени локални […]

Собранието во овој мандат ќе има дури пет потпретседатели


Собранието на денешната трета седница ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела. Одлуката за утврдувањето на бројот на потпретседатели на Собранието гласаа 84 пратеници. Собранието ќе има пет потпретседатели. Деведесет и еден пратеник гласаа „за“ утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието, односно формирање […]

Европа промовира „живи лаборатории“, а кај нас е уште ниско нивото на основните земјоделски практики


Емисијата на стакленички гасови од еден хектар оризово поле кое се одгледува под вода, е приближно колку едно возило кое поминува 100.000 километри. Ако во Кочани има 3 500 хектари површина под ориз, може да заклучиме дека овој град двојно повеќе загадува со производството на оризот, отколку со возилата кои ги користат неговите жители. Преку […]

МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводите


АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.  -Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија: Не поминувајте со комбајни или друга […]

Пустинска прашина од Сахара денеска и утре ќе ја зафати Македонија


Според прогнозите на службата за мониторинг на атмосферата Коперник (CAMS), се очекува нов бран на сахарска прашина оваа недела повторно да стигне до југоисточна Европа и источниот Медитеран, вклучително и во Македонија. Бранот, кој се движи се до граничниот дел меѓу Косово и Србија, се предвидува да достигне врв денеска и утре со зголемена концентрација […]

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне да се применува


 Министерството за образование и наука (МОН) со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта. […]

Се асфалтираат седум улици во Стопански двор во Ѓорче Петров


Во Општина Ѓорче Петров денеска почна асфалтирање на улицата 52 во Стопански Двор која има шест краци. Улицата ќе добие нов асфалт на главната артерија, а следно и на краците во должина од приближно 1.200 метри или над 3.000 м2 површина. Од Општина Ѓорче Петров соопштија дека досега самостојно реконструирале над 60-тина улици, со што […]

Реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата „Илија Димовски – Гоче“, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот. Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, […]

Детските реквизити што беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови


Детските реквизити на игралиштето близу т.ц Зебра, кои деновиве беа искршени од поединци или група вандали се реконструирани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека ваквите вандалски однесувања се чести во општината и поради нив трпат и децата и општинската каса. „Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детските […]