ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности


Три пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, […]

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк – шумата Водно


Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно. Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час. – Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во […]

Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница


Уставниот суд  денеска ќе ја одржи 15. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки. Меѓу нив и предметот во кој е оспорен член  од Законот за Академија за судии и јавни обвинители кој се однесува на бодирањето од усниот дел од […]

Велигденско послание на г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, и да ги надминеме внатрешните разногласија и поделби


Во Велигденското послание, поглаварот на Македонсската православна црква – Охридска архиепископија, ариепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и Светиот архијерејски синод повикаа да се зацврсти единството и слогата, и да се надминат внатрешните разногласија и поделби. „Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон […]

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково


 Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН,  прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


 Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Каевски и Мојсовски тврдат дека политички се гонат од ОЈО


Актуелниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски и Дарко Каевски демантираат злоупотреби со спортските ваучери и го отфрлија отворањето на предметот на ОЈО инициран од Државната комисија за спречување на корупција како политички мотивиран.  Функционерите на актуелната власт се обвинети за злоупотреба на службена положба. Се гони уште едно познато […]

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година


Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години. По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната […]

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега


Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од […]

Работниците испорачаа барања до новата влада


  Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот […]

СДСМ на првомајски пикник во скопскиот парк


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги повика сите демократски и прогресивни сили во државата да излезат на претседателските и парламентарните избори на 8 мај и да дадат масовна поддршка за европската иднина на Македонија. „Немаме друг избор, мора да бидеме европска земја и нема друг начин како да се направат вистински и опипливи промени […]

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви за итни случаи за нашите туристи во Албанија


Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба. -И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат […]

Ставени во функција реквизитите на реконстурираниот парк кај Равна Река – Пехчево


Во туристичката населба Равна Река во Пехчево ставени се во функција реквизитите, кои беа поставени во рамки на проектот за реконструкција и изградба на рекреативен центар од отворен тип. Како што информираше градоначалникот на Општината, Александар Китански иако проектот не е завршен, сепак граѓаните и туристите за време на празниците можат да ги користат реквизитите […]

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада


Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача […]

Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред


 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска  јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред. Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Од […]

ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено


Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. -За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако […]

На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје променливо […]

Антикорупциска вели дека Вишиот управен суд ја одбил жалбата на АСЈО, во мирување приемот на нови слушатели


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека Вишиот управен суд ја потврдил одлуката во врска со приговорот од организатор на изборна кампања за вработувањата во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.  – Вишиот Управен суд донесе пресуда со која се одби жалбата на Академијата за судии и јавни обвинители, со што […]

Судијата Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите


Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев денеска е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Северна Македонија. – Денеска на редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите на Република Северна Македонија го избра судијата Иван Џолев за нов претседател, соопшти попладнево Здружението на […]

Се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје


Активностите за реконструкција на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје предвидени во договорот кој на почетокот на годината МОН го потпиша со австриската компанија „Штрабаг“, како најповолен понудувач на меѓународниот тендер, започнаа да се реализираат на терен. За 18 месеци објектот ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе […]