Без вода дел од Автокоманда поради дефект во паркот Гази Баба


Корисниците од населба Автокоманда (висока зона), се без вода од 12.40 часот поради уличен дефект во Парк шума Гази Баба, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст


Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието. „Преку оваа соработка сакаме да им […]

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури


 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени. – Според прогнозираните и пресметаните гранични […]

Собранието ги избра составот на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал


Собранието на денешната петта седница ги избра составите на Буџетскиот совет на Собранието и на Советот на Собранискиот канал. За претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Република Северна Македонија е избран Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се избраа […]

Не е убиство со умисла – туку самоодбрана: Жената што ги уби свекорот и сопругот во Кратово 13 години трпела ќотек


Акт на самоодбрана, а не убиство со умисла како што тврди Обвинителството, сметаат од Платформата за родова еднаквост за двојното убиство што го изврши жена во Кратово врз сопругот и свекотор, пред една недела. Оттаму се повикуваат на соопштението на Обвинителството во кое се наведува дека на убиството му претходела вербална расправија, а оти потоа […]

Почина познатиот новинар Иван Андреевски – Маче


На 17 јуни на 76 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско. Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и […]

Електронско пријавување за упис во средно образование од 20 до 25 јуни


Од четврток (20 јуни) до вторник (25 јуни до 15 часот) ќе се спроведува првото електронско пријавување на учениците за запишување во средно образование за учебната 2024/2025 година. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули до 15 часот. Со цел да се оптимизира процесот за запишување во средните училишта, […]

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп


Сообраќајот на патот Градско-Прилеп, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран од синоќа од 23:45 часот, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со мала до умерена […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 18 јуни 2024 година, 170-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 196 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Цела армија административци ќе се селат од едно во друго министерство во следните пет месеци


Со реорганизација на министерствата, односно со новите четири министерства и со трансформацијата на дел од останатите министерствата, се отвораат голем број прашања за тоа како ќе функционира државниот апарат, дали и колкаво зголемување ќе има на бројот на вработените во јавниот сектор, но и колку време ќе биде потребно за да се стабилизира и усогласи […]

Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби две години затвор – не им е достапна на органите на прогонот


  Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од Клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство. Пресудата е правосилна. Обвинителството барало повисока затворска казна, но Апелација […]

Падна бандера во Влае, сообраќајот е отежнат


Од општина Карпош информираат дека попладнево на раскрсницата на улицата Ацо Шопов со улица Фјодор Достоевски (Влае 1) поради несовесни возила со висок габарит турнати се столбовите за телекомуникации и се пречка за нормално одвивање на сообраќајот. Известени се сите кабелски оператори за кои се очекува дека ќе интервенираат во најкус рок, велат од локалната […]

Одборот за акредитација на високото образование го поништи Факултетот за здравствени науки на Мерко


Одборот за акредитација на високото образование на денешната седница донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга. -Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа […]

Тарчуговски: „Ер тракторите“ се спремни, немаме пилоти


Колку што ми е мене познато, „ер тракторите“ сега се исправни, но, не можат да бидат оперативни зашто во моментов, во државата, немаме вработени пилоти за нивно управување. Со нив управува Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), па подетално би требало да се обратите кај нив, одговори денеска на новинарско прашање, државниот советник за организација […]

Мицкоски до идните функционери: Засукајте ги ракавите


 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање нова влада Христијан Мицкоски од обраќањето на свеченоста „34 години ВМРО-ДПМНЕ, 131 година ВМРО, завет, слобода, иднина, продолжуваме“ искажа почит кон сите негови претходници и членови на партијата потенцирајќи дека сега партијата е обединета и силна и останува тоа што отсекогаш била партија на народот. Мицкоски кажа дека […]

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!


Масовниот одговор од страна на вработените во „Алкалоид“, на повиците за хуманост во општествени рамки, е најдоследна потврда за хуманата мисија која компанијата ја негува речиси девет децении. Одлучноста и подготвеноста за колективна помош и за брз хуманитарен одговор во заедницата, беше стартна позиција на многу значајни проекти и активности во знакот на солидарноста, реализирани […]

Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски


 Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случај со не добивање дозволи за градење згради во Куманово. Градоначалникот Димитриевски потенцира дека не се чувствува виновен. Наредната расправа е закажана за 2. […]