Владина делегација присуствуваше на свечената Велигденска литургија во соборниот храм Св. „Климент Охридски“


  Владина делегација, составена од заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски,  денеска присуствуваше на свечената литургија по повод најголемиот православен празник Христово Воскресение – Велигден, во соборниот храм Св. „Климент Охридски“ во Скопје. Со свечената […]

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик


Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни, стои меѓу другото во пораката од претседателот на Стево Пендаровски по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. -Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно […]

Националната комисија на УНЕСКО ја бара документацијата за изградба на хотелот во „Горица“


Националната комисија на УНЕСКО  одржа седница на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“ во Охрид. Членовите на Комисијата донеле заклучоци со барања до Општина Охрид, како надлежен орган, за доставување на целокупната документација околу изградба на предметната локација. Како што соопштија од Министерството за култура, седницата се […]

Сончево и тивко


Времето ќе биде сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 5 мај 2024 година, 126-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 240 ден.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 24 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути. Денов трае 14 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Соборниот храм преполн – радосно дочекано воскресението Христово


Со објавата „Христос воскресе!“, ноќва на полноќ, беше објавено воскресението на господ бог Исус Христос, а бројни православни верници веста ја дочекаа во храмовите. Во скопскиот Соборен храм, поглаварот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан богослужеше во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки. Верниците со насмевки и црвено јајце во рака го […]

Пожар во Дом за стари лица во Банско – корисниците евакуирани


Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека вечерва околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Домот за стари лица во селото Банско. Корисниците биле безбедно евакуирани, а откако пожарот бил изгасен, биле вратени назад. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарно возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот. Прво биле […]

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница


Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња низ државава за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, потврдија за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот. – Екипите […]

Костадиновска-Стојчевска на откривањето на бистата на Гоце Делчев во Пустец


  „Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа“, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска откако денес во Пустец, Албанија, беше откриена бистата на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на тој настан. Министерката истакнува дека бистата „е вечен потсетник за значењето на искрената […]

(Фото) Урнато дрво го попречува сообраќајот на Ленинова кај Хемпро


Сообраќајот кај кружниот тек помеѓу улиците Ленинова (Аминта Трети) и Орце Николов (кај Хемпро) предпладнево е делумно во прекин поради паднато дрво.  Една од липите на тротоарот речиси целосно се урна врз коловозната лента во правец на Илинденска и го блокираше коловозот. За среќа, нема штети врз автомобили или врз околните дуќани.  Во моментов, просторот […]

Денес ќе биде тмурен и врнежлив ден


  Дожд речиси секаде низ државава се очекува денеска. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер […]

Бездомно куче изгризало оптички кабли – без интернет поликлиниката „Букурешт“


ЦУК информира за невообичаена и специфична ситуација за решавање итен случај на 112 – куче во шахта ги изгризало оптичките кабли па без интернет биле дел од ПЗУ „Филип Втори“ и цела Поликлиника „Букурешт“, а мајсторите не можеле веднаш безбедно да интервенираат Денеска паднато куче во шахта ги изгризало оптичките кабли на „Македонски Телеком“ и […]

(Галерија) Верниците се поклонија пред распетието на Велики петок


Велики петок, кој уште се нарекува и Распет петок, зашто на тој ден бил распнат Исус Христос, се смета за најтежок празник во христијанската религија. Во овој ден од Страсната седмица Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која бил поставен огромен камен. Наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии, […]

Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес


На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. – Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој […]

Во прекин патот Радовиш – Штип поради сообраќајка


Патот Радовиш – Штип е во прекин, поради сообраќајка. Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа што се има случено во 18:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин.

Сто и седум години од раѓањето на Киро Глигоров првиот Претседател на Република Македонија


Околу 5.000 до 6.000 граѓани и туристи во текот на годината го посетуваат Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“, каде што се наоѓа и неговата спомен соба во Штип. На денешен ден пред 107 години роден е Киро Глигоров првиот претседател на Република Македонија. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип и Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ вели дека […]

Вонредно метео предупредување: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи


Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во западните делови ќе дува засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната […]

Голем дел од улиците во Скопје утре периодично ќе бидат затворени за сообраќај


Улиците околу верските објекти утре периодично ќе бидат затворени за сообраќај, а измени ќе има и во трасите на автобуските линии.   Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, […]

Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот


Република Северна Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година на Репортери без граници, што е за две места подобор од 38-то место лани. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е […]

Oсигурителните компании разочарани од враќањето на цената на полисите за автомобилите


Осигурителните компании се разочарани од одлуката на Комисијата за Автомобилска одговорност да го укине поскапувањето на полисите за автоодговорност. Според нив, одлуката била донесена без да се земат во прредвид анализите на осигурителната индустрија. -Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот АСО а врз основа на кои […]