Луѓето кои имаат копии од специфични гени речиси сигурно ќе развијат Алцхајмерова болест


Луѓето кои носат две копии на генот APOE4 речиси сигурно ќе добијат Алцхајмерова болест и ќе се соочат со симптоми на порана возраст, објавија научниците во студијата, а пренесува британската агенција Ројтерс. Оваа прекласификација би можела да го промени истражувањето на оваа болест, дијагнозата и пристапите кон лекувањето, велат научниците чие истражување е објавено во […]

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре


 Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи.  -Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе […]

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да гласаат за двата вида избори или само за еден


Државната изборна комисија упати апел до гласачите и до избирачките одбори во пресрет на утрешните двојни избори. Според членот на ДИК, Бобан Стојаноски, избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден вид одеднаш. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за […]

Град Скопје се бори со меѓуврсничкото насилство


Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите од сите градски средни училишта задолжени за справување со врсничкото насилство кај младите. Координаторите ги презентираат училишните извештаи за состојбите од оваа проблематика во училиштата, а ги презентираат и мерките и […]

Изложени ликовни творби од ученици по повод Националниот комеморативен ден на Израел – Јом Хашоа


По повод одбележувањето на Националниот комеморативен ден на Израел – Јом Хашоа, кој е посветен на хероизмот во Варшавското гето, денеска во Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје е отворена изложба од ликовни творби на ученици кои учествуваа на наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Учесниците низ своја призма […]

Само 31 македонски државјанин пријавен за гласање во македонската амбасада во Белград


  Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на вториот круг од претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата во македонската амбасада во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. – Гласачкото место 5025 во македонската амбасада во Белград беше […]

ДИК: Гласаат болните и изнемоштени, затворениците, внатрешно раселените и дијаспората


Во земјава денеска во тек е гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор, лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, внатрешно раселените лица и лицата од дијаспората, информираат од Државната изборна комисија. Вкупно 11.095 болни или немоќни […]

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била […]

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи


 Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје . Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. 

Најстудено утрово во Лазарополе


Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови. Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница. Времето […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. […]

Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром


Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.   На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат […]

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи


Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот […]

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија


Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј […]

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата


Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата […]

Жаклина Андоноска, единствена жена – возач на автобус во меѓуградскиот сообраќај


Ќе ја сретнете на автобуската линија Прилеп-Скопје. Патиштата се нејзино секојдневие, сигурноста на патниците – аманет. Со решителност својствена на жените и упорност и сигурност како мажите во светот на возачите, прилепчанката Жаклина Андоноска, сигурно, катадневно, го вози автобусот и им пренесува смиреност и спокој на 50-тината патници на релацијата од 160-тина километри. Жаклина е […]

Сончево со јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени. Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е понеделник, 6 мај 2024 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 239 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 19 часот и 38 минути. Денов трае 14 часа и 15 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, на социјалните мрежи напиша дека со сите заложби и успеси на Владата за негова заштита, унапредување и промоција, се потврди дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде. – Денес кога го одбележуваме празникот на нашиот македонски […]

Христовото воскресение го одбележаа и Македонците во Брисел


Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.  Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.  Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.  Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на […]