Облачно со сончеви периоди и повремен дожд


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува …

Облачно со сончеви периоди и повремен дожд Read More »

Издадена поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев, промоцијата на 2 април


Поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ издаде АД Пошта – Скопје, во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев. Поштенската марка ќе биде промовирана на 2 април во 13 часот во „Порта Македонија“.  Сашко Кедев, познат македонски кардиолог, доктор на медицински науки, но и врвен алпинист, на 19 мај 2009 се искачи на највисокиот …

Издадена поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ во чест на врвниот подвиг на Сашко Кедев, промоцијата на 2 април Read More »

Програмата за јубилеи во 2026 со 94 предлози, Комисијата за култура му предлага на Собранието да ја разгледа и усвои


Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои. Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од …

Програмата за јубилеи во 2026 со 94 предлози, Комисијата за култура му предлага на Собранието да ја разгледа и усвои Read More »

Почина новинарот Гоце Контевски


На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар, кој целиот професионален век го помина во весникот „Вечер“ каде ги помина сите скалила во новинарската кариера од приправник до заменик на главниот уредник и в.д. главен уредник.  Во текот на својата долгогодишна кариера, посебно се ангажираше на бројни проекти со кои се унапредуваа содржините во весникот …

Почина новинарот Гоце Контевски Read More »

Денеска е светски ден на мечката – кај нас има само еден вид


Денеска се одбележува Светскиот ден на мечката, што е одлична можност да се потсетиме и да научиме нешто повеќе за неа!   Во светот постојат 8 различни видови на мечки, а кај нас се сретнува само кафеавата мечка (Ursus arctos) која е и најголемиот копнен месојад на европско тло.   Овдешната популација на кафеавата мечка …

Денеска е светски ден на мечката – кај нас има само еден вид Read More »

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, на местото на старата


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника. „Денес го потпишав договорот со економскиот оператор за изградба на нова модерна поликлиника. Носител на овој мега проект е општина Бутел, додека министерството за здравство партнерски ќе учествува во истиот“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук, каде нагласи …

Ќе се гради нова поликлиника во Бутел, на местото на старата Read More »

Обновен Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово


Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово доби нов лик. Заврши реконструкцијата и опремувањето на сите објекти во рамки на ова државно училиште во кое се реализира образовен процес во повеќе струки – машинство; електротехника; угостителство и туризам; земјоделство, рибарство и ветеринарство; и сообраќај, транспорт и складирање. Инвестицијата е во вредност …

Обновен Регионалниот центар за стручно – образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово Read More »

Од лажни доктори до ризични предизвици – како дезинформациите стануваат опасни


  ЕЛИЦА БОЧВАРОВСКА Лани четворица доктори до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи пријавиле кражба на идентитет, со ширење на лажно видео креирано со вештачка интелигенција. Од Државното јавно обвинителство ни изјавија дека засега не може да се споделат дополнителни информации, бидејќи истрагата е во тек и најверојатно се работи за поширока …

Од лажни доктори до ризични предизвици – како дезинформациите стануваат опасни Read More »

ДЗС здоби уште два пилота за гасење пожари – летото ќе го дочекаме со вкупно пет


ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата . На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се …

ДЗС здоби уште два пилота за гасење пожари – летото ќе го дочекаме со вкупно пет Read More »

 СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик


Како што ВМРО лажеше дека ќе го врати името, така водеше и лажна кампања дека е загрозен македонскиот јазик. Денеска, македонскиот јазик е признаен од целиот свет и од Европската унија. Но, македонскиот јазик денеска е загрозен од владата на Христијан Мицкоски, вели пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска. „Не се применува Законот за употреба на македонскиот …

 СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик Read More »

Војната во Иран влијае и врз снабдувањето со хелиум – болниците да се проверат заради магнетните резонаци


Болниците во Македонија да проверат уште колку хелиум имаат за апаратите за магнетна резонанца, чија набавка е отежната поради војната во Иран, односно цената на хелиумот скокнала за 30 отсто,а  се очекува и понатаму да растем – Еден од ланците што ќе се прекине е хелиумот. Хелиумот е неопходен за работата на магнетната резонанца и …

Војната во Иран влијае и врз снабдувањето со хелиум – болниците да се проверат заради магнетните резонаци Read More »

Полицаец четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување


Во втората половина на 2025 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле 514 боледувања, од кои повеќето траеле до седум дена, 171 до 15 дена, а 83 траеле и повеќе од 30 дена. – Утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица или околу 37 отсто. Овие 29 лица користеле 236 боледувања, од …

Полицаец четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување Read More »

„Лајка“ со нова иницијатива за привремено згрижување на кучиња


Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка ја интензивира својата мисија за општествено одговорно вклучување на граѓаните со нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. …

„Лајка“ со нова иницијатива за привремено згрижување на кучиња Read More »

Светски ден на метеорологијата: Македонското земјоделство веќе ја живее климатската криза


Сè поекстремните температури, намалените врнежи и зачестените суши го ставаат македонското земјоделство пред сериозен предизвик. Во земја со околу 180.000 земјоделци, климатските промени веќе не се далечна закана, туку секојдневна реалност што директно го намалува приносот и го зголемува ризикот од штети. На Светскиот ден на метеорологијата, експертите предупредуваат: адаптацијата не е опција, туку нужност …

Светски ден на метеорологијата: Македонското земјоделство веќе ја живее климатската криза Read More »

Охрид СОС до иницијатива околу Билјанини извори да има санитарно-заштитни зони


Денес, Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и просторно планирање и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Ова не е апстрактно правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат – …

Охрид СОС до иницијатива околу Билјанини извори да има санитарно-заштитни зони Read More »

Без вода дел од Центар и висока зона Пржино


Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона …

Без вода дел од Центар и висока зона Пржино Read More »

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска ќе го одбележи 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Одбележувањето во кое УХМР се вклучува како рамноправен партнер во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, годинава е на тема „Набљудуваме …

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до пет, а максималната ќе достигне од девет до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Суад Мисини ќе го претвори домот во засолниште за ранливи лица


Скопјанец реши домот што зад себе го оставила неговата покојна сопруга да го стави во служба на заедницата, со идеја просторот да прерасне во сигурно засолниште за ранливи групи граѓани.Станува збор за Суад Мисини од Скопје, активист за човекови права, кој заедно со синот Исак решил да ја донира куќата по смртта на Азбија Мемедова. …

Суад Мисини ќе го претвори домот во засолниште за ранливи лица Read More »

Владата се консултирала, но не ги имплементирала забелешките за законот за пушење


Трговците на мало реагираат дека предлагачите на законот за заштита од пушење не ги имплементирале нивните аргументи во драфт-верзијата што наскоро треба да се најде пред Владата. Велат дека и покрај тврдењата на Министерството за здравство, дека како предлагач на законот се консултиралo со сите засегнати страни и ги зело предвид нивните барања, сепак, во …

Владата се консултирала, но не ги имплементирала забелешките за законот за пушење Read More »