Македонија со 78 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители, европскиот просек е 45


Во Македонија во 2024 година биле регистрирани 78 смртни случаи во сообраќајни несреќи на милион жители, покажуваат податоците нза регионалната распределба на жртвите во сообраќајот во Европа. Со оваа стапка Македонија е над просекот на Европската Унија, кој изнесувал 45 смртни случаи на милион жители. Иста стапка од 78 загинати на милион жители имала и […]

Без вода делови од Капиштец и Водно


Дел од населбите Капиштец и Водно денеска ќе останат без вода поради санација на дефекти на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Од 8:30 часот без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Партение Зографски, Периша Савелиќ и Ацо Караманов во Капиштев поради дефект на затворач со пречник од 80 милиметри […]

Сончево и топло до 20 степени


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Филипче: Мед и млеко има само за власта – на граѓаните им се празни паричниците и фрижидерите


Мед и млеко има само за власта, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, со празни паричници и фрижидери, нагласи претседателот на СДСМ,  д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Топ тема“, на телевизија Телма. Филипче посочи дека животниот стандард паѓа, цените растат, граѓаните, немаат доволно пари ниту за покривање на основните трошоци, ниту за прехранбени […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 17 ноември 2026 година, 321-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 44 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денов трае 9 часа и 45 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Новата јавна обвинителка ќе даде шанса на спогодувањето со обвинетите


Новата шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, сака да ја реорганизира работата со заостанатите предмети за обвинителите да имаат повеќе време за прибирање докази во активните истраги, особено во случаите од јавен интерес. Во интервју за „360 степени“ таа се заложи и за почесто склучување […]

Новиот бугарски конзул во Битола ги „хармонизира“ бугарските здруженија


  БИТОЛА – Заедничко полагање цвеќе на историските споменици во Битола на неколкуте бугарски здруженија од градот, во присуство на новиот бугарски генерален конзул во Битола во последниот период, наликува на „неочекувана хармонија“. Бугарските здруженија навидум се консолидираат, иако во минатото едните практикуваа тврд политичко-историски наратив (кој предизвикуваше значајни тензии во битолската и македонската јавност), […]

Програмата за култура за Скопје 2028 е објавена и е отворена за консултации, забелешки и коментари


Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје. Фондацијата ја објави […]

Клековски: Преживувањето на предвреме родените деца е решено подобро од европскиот просек


  По повод Светскиот ден на предвремено родените деца, министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со директорката на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев и раководителката на одделот за интензивна нега и терапија, д-р Елизабета Петковска, го претстави напредокот во неонаталната здравствена заштита и приоритетите за наредниот период.   Годинешното […]

Хаџи Василева најави фокус на предметите од висок јавен интерес и институционална ефикасност


Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, денеска ја презеде функцијата најавувајќи фокус на административните и внатрешните прашања, ефикасно постапување по предметите од висок јавен интерес, како и поголема отвореност кон јавноста. Хаџи Василева рече дека на почетокот фокусот ќе биде ставен на неопходните административни […]

Пецаков конечно се јави: „Згрозен сум“


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, остро го осуди насилниот настан што го потресе градот и побара надлежните институции да постапат брзо, ефикасно и правично. Во својата реакција, Пецаков истакна дека е згрозен од случувањето, нагласувајќи дека ваквите настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во градот. „Како личност и како […]

Протест за Сара утре во Охрид


Форумот на жени на СДСМ утре, 17.11.2026 година (вторник), со почеток во 18:00 часот, организира протест пред СВР Охрид, во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, на сите жени жртви на насилство и протест против нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците. Форумот на жени на СДСМ, ги повикува и […]

Невладините: До кога оваа држава ќе создава и ќе штити насилници?


Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените?, прашуваат од Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Уште еднаш јавноста со ужас ги гледа вестите, ги поставува истите прашања и бара […]

Отворени 3. Мисиркови денови: Идеите на Мисирков – поттик и инспирација за современата научна и културна дејност


Симбол на интелектуалната храброст, на научната посветеност и на стремежот кон македонската национална самобитност. Најдостоинствен начин да го чествуваме Мисирков е неговите идеи да не останат само дел од историското паметење, туку да бидат поттик и инспирација за современата научна и културна дејност.  Ова се некои од пораките од отворањето на третото издание на  манифестацијата […]

Државата должи 713 милиони евра и не ги плаќа, изјави Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата за економијата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека наталожените обврски на државата од 713 милиони евра ја загрозуваат ликвидноста на компаниите и нивното натамошно функционирање. „Страшно загрижува огромниот долг кој што државата го има кон јавните претпријатија, кон локалната самоуправа, кон […]

Исчезнал кај Леништа, најден кај Кален


По повеќечасовна потрага, денеска во 10:15 часот, во село Кален, во Мариовскиот Регион, беше пронајден 62-годишниот планинар кој исчезна при планинарење во близина на село Лениште, општина Прилеп. Во акцијата беа вклучени полициски службеници, екипа на ТППЕ Прилеп, РЦУК Прилеп и Дирекцијата за заштита и спасување – Прилеп, со координација на Центарот за управување со […]

Зајкова бара вештачење на мобилните телефони на насилникот од Охрид и на неговото семејство


По поднесувањето на кривична пријава од МВР против К.К. (31) од Охрид за сторено насилство – тешка телесна повреда врз жена, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи, побара од ОЈО да се проверат мобилните телефони за утврдување на комуникациите на насилникот со роднините. „ОЈО да да иницира […]

ДОМ: Фемицидите не почнуваат со убиство туку – со насилство


Бруталниот напад врз младата девојка во Охрид, која преживеала откако била претепана до бесознание, е уште едно алармантно предупредување дека жените не се безбедни ниту кога нивниот живот е непосредно загрозен. Ова не е изолиран инцидент, туку случај што повторно го отвора прашањето за институционалната заштита на жените и неказнивоста на насилниците, особено кога постојат […]

Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај Тумбе Кафе во Битола


Процесот на откупување и безбедно отстранување на поголем број на неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна во непосредна близина на последните куќи во Битола кај Тумбе Кафе околу 200 метри воздушна линија најпосле е завршен, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пиротехничарите на дирекцијата за заштита и спасување последните денови ја […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна обвинителството за случајот со Сара во Охрид


Владејачката партија денеска сите напади околу новиот шокантен случај поврзан со жена, овој пат во Охрид, ги насочи кон Обвинителството. Според владејачката партија, морало да има одговорност зошто на тепачот му се изрекле благи мерки. ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение рече дека застанува зад Сара и нејзиното семејство, сочувствува со нив и повикува на итна и решителна […]