Има европски, а има и латиноамерикански затвори во Македонија, вели Пандов


  Водачот на ВМРО од 1920-тите, Тодор Александров, доби уште еден споменик во Македонија. Овој пат во Штип. На откривањето беше директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој е и претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. По откривањето тој зборуваше за состојбата во македонските затвори. „Има голема разлика од еден до друг затвор. Има …

Има европски, а има и латиноамерикански затвори во Македонија, вели Пандов Read More »

ВМРО-ДПМНЕ продолжува за Костадиновска-Стојчевска: Купила карти за Дубаи, но не отпатувала


  Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја продолжи канонадата од напади против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Пратеникот Миле Лефков на прес-конференција рече дека на 5 февруари 2022 таа со својата службена картичка купила три авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. „Кога требала да замине на пат, таа не заминала. …

ВМРО-ДПМНЕ продолжува за Костадиновска-Стојчевска: Купила карти за Дубаи, но не отпатувала Read More »

Колективните распуштања ќе бидат лош преседан, вели претседателот на Уставниот суд


  Колективната одговорност може како лош преседан да не втурне во еден лавиринт од кој нема да можеме да излеземе долг период, потенцира Дарко Костадиновски, претседателот на Уставниот суд во интервју за МИА одговарајќи на прашањето за најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители.  „Секогаш без исклучок индивидуалната одговорност …

Колективните распуштања ќе бидат лош преседан, вели претседателот на Уставниот суд Read More »

До крајот на октомври се очекува да профункционира „глувата соба“ во Собранието


Заштитената соба односно т.н „глува соба“ во Собранието е речиси завршена и целата опрема во неа е поставена. Официјалното отвoрање на Заштитената соба се очекува да биде крајот на октомври годинава, информираат за МИА од Собранието.  Претседателот на Парламентот Африм Гаши на првиот брифинг со новинарите во вторникот кажа дека „глувата соба“ е целосно при …

До крајот на октомври се очекува да профункционира „глувата соба“ во Собранието Read More »

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 26 до …

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи Read More »

Астрономски календар


Денеска е сабота 31 август 2024 година, 244-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 59 минути, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Приватните превозници нема да возат – на секоја линија само по еден автобус


Приватните автобуси од понеделник ќе останат паркирани во гаражите. Приватните превозници на состанок вечерва во 20 часот донеле одлука во понеделник да прекинат да возат. В понеделник во промет само изутрината ќе има само по еден автобус на секоја линија, по што ќе се вратат во гаражите. Според договореното, одлуката е само за еден ден, …

Приватните превозници нема да возат – на секоја линија само по еден автобус Read More »

(Видео) Во руски напад на Харков погодена станбена зграда, пет лица загинаа, а 47 се повредени


Во руски воздушен напад погодена е станбена зграда и детско игралиште во североисточниот украински град Харков, при што загинале пет лица, а најмалку 47 се повредени, соопштија локалните власти. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, објави на Телеграм дека едно дете загинало на игралиштето. Три лица го загубиле животот во 12-катната зграда, каде што избил пожар …

(Видео) Во руски напад на Харков погодена станбена зграда, пет лица загинаа, а 47 се повредени Read More »

Трет случај на заболен од западнонилска треска во земјава


Институтот за јавно здравје регистрира трет случај на заразен со вирусот на западнонилска треска во земјава. Станува збор за 60-годишна жена од Тетово, која, како што велат од ИЈЗ, негирала дека била на патувања надвор од државата, како и надвор од местото на живеење во периодот на инкубација. Таа забележала каснувања од комарци во периодот …

Трет случај на заболен од западнонилска треска во земјава Read More »

Турската амбасада го одбележа 30 Август – Денот на победата на Турција


 Во резиденцијата на турската Амбасада во Скопје попладнево беше одбележан 30 Август – Денот на победата на Турција. Амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој го честиташе празничниот ден и нагласи дека е среќен што има можност Денот на победата да го прослави во Северна Македонија – земјата во која се наоѓала Воената академија …

Турската амбасада го одбележа 30 Август – Денот на победата на Турција Read More »

Лафчински не ги коментира обвинувањата дека незаконски стана началник на Генералштаб


Новоименуваниот началник на генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска не сакаше да ги коментира реакциите за неговото именување со порака дека „не сака да коментира укази и наредби кои се во согласност со законот“.Лафчиски ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање во врска со предметот што Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) неодамна го …

Лафчински не ги коментира обвинувањата дека незаконски стана началник на Генералштаб Read More »

Онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање


Како се носат законите и како да се препознаат закони со ризици од корупција, со конкретни примери како граѓаните може активно да се вклучат во следење на овие процеси и како да пријават и реагираат до надлежните со содржи платформата за борба на граѓаните и граѓанските здруженија/иницијативи против корупцијата во процесот на донесување на урбанистички …

Онлајн платформа за борба против корупција во процесот на урбанистичко планирање Read More »

СДСМ му бара оставка, Тошковски ги учи демократија


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Охрид ја повика опозицијата, како што рече, „да ја работи работата за која што зема плата во рамки на Собранието особено пратениците таму, да е во насока на она кое што го подразбира едно нормално општество, а тоа е да имаме опозиција која што ќе биде коректор …

СДСМ му бара оставка, Тошковски ги учи демократија Read More »

Данела до Мицкоски: Купете ни автобуси, ако немате пари – ќе ви префрлиме


Откако Советот на Град Скопје, вчера повторно не ги изгласа одлуките за набавка на екоавтобуси и за БРТ системот за превоз, денеска градоначалничката Данела Арсовска го замоли премиерот Христијан Мицкоски, Владата да набави автобуси, а доколку нема пари во Буџетот, на 4 септември да закаже вонредна седница на Советот, за Градот да им префрли пари. …

Данела до Мицкоски: Купете ни автобуси, ако немате пари – ќе ви префрлиме Read More »

Пуштени семафорите на крстосницата кај „последна 5-ка“


Од денеска проработеа новите семафори на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, каде досега, поради немање сообраќајна регулација, често се случуваа сообраќајки. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, кои ја одржуваат светлосната сигнализација на градските сообраќајници, денес ги пуштија во програма новите семафори кои беа поставени на крстосницата булевар „АСНОМ“ …

Пуштени семафорите на крстосницата кај „последна 5-ка“ Read More »

Перински: До 5 септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините


Министерството за локална самоуправа до 5 септември ќе го објави јавниот повик за доделување средства на општините за реализација на инфраструктурни проекти, најави денеска ресорниот министер Златко Перински.  – Како што веќе информираше премиерот на минатата владина седница се донесе одлука и се формираше Координативно тело за следење на целокупниот процес. Денеска има прв состанок …

Перински: До 5 септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините Read More »

За „Вреди“ иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар


  Албанската коалиција во владата, „Вреди“ денеска оцени дека иницијативата на Левица за уставноста на Законот за употреба на јазиците е ибид за државен удар. „Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од анти НАТО партија која го глорифицира комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме, е таа да се отфрли со констатација дека …

За „Вреди“ иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар Read More »

Бесплатни ранчиња со училишен прибор за околу 720 првачиња во Општина Карпош


Членовите на Советот на Општина Карпош, на денешната 51-ва седница, едногласно ја изгласаа предлог одлуката за прифаќање на донација за бесплатни ранчиња со училишен прибор за сите новозапишани ученици во прво одделение во учебната 2024/2025 та година во сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Оваа година, за прв пат …

Бесплатни ранчиња со училишен прибор за околу 720 првачиња во Општина Карпош Read More »

Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост


Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост. Од нив 13 лични асистенти секојдневно ќе им помогаат на исто толку ученици во основното образование, додека четири лични и еден образовен ќе имаат ангажман во трите средни општински училишта. Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за …

Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост Read More »

Општина Центар започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше во населбата Капиштец каде започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“. Градежните активности предвидуваат отстранување на стариот и поставување нов асфалт на површина од 4.822 метри квадратни, подигнување и нивелирање на постојните шахти, вградување нови бетонски рабници и поплочување на тротоарите со павер елементи. Герасимовски посочи дека улицата …

Општина Центар започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“ Read More »