Поради несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот е пренасочен


 Поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат. Како што информираат од Автомот сојузот на Македонија, сообраќајот се пренасочува на регионалниот пат од 12.10 часот. Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола Две лица загинаа, а едно лице е тешко […]

Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд


 Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот доцни бидејќи се уште не се спроведени постапките за интегритет и психолошкиот тест, порача денеска претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски. -Комисијата не успеа да го направи тоа, бидејќи имавме повеќе од 70 кандидати од Академија, кои исто така се тестираа. Претпоставувам тоа беше […]

Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени


 До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h). Како што информира УХМР, утре од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните […]

Во три дена повторно 225 фатени без возачка


Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025) како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните […]

Студенти од ФИНКИ ќе работат на дигиталните системи на МОН, а зграда ќе почекаат уште најмалку три години


Студенти од ФИНКИ, заедно со своите професори, како општествено одговорни кон државата, денеска се обврзаа да работат на дигиталните системи кои ги оперира МОН, но за зграда, во која ќе учат и ќе следат настава ќе почекаат до крајот на мандатот на оваа Влада.  – Студенти од ФИНКИ од денес ќе му помагаат на МОН […]

Пролетта доаѓа предвреме


Температури кои ќе надминуваат 25 степени можат да се очекуваат оваа недела на Балканот и во Македонија, според метеопрогнозерот Славчо Попоски. „Се прашувам, дали календарски сме сè уште зима, или пак лето, зошто? Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па сè до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи […]

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено -пожарникарите со полни раце работа и во зима


Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До полноќ, девет биле сѐ уште активни. Два се во општина Прилеп. Првиот активен пожар е на територија на […]

Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, синоќа беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството. “Нашиот фокус сега е да […]

Панел-дискусија „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“ во Јуроп хаус Скопје


По повод Меѓународниот ден на жената, панел-дискусија насловена „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“, ќе се одржи денеска напладне во Јуроп хаус Скопје. Форумот ќе го отвори Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, а говорнички се Кристина Василатоу заменик-шеф на мисија во Амбасадата на Грција во Скопје, професорката на Филолошкиот факултет […]

Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии


Собранието неделата ја започнува со интензивни активности, а според агендата објавена на веб страната на законодавниот дом така ќе биде и во следните денови.   Во Собранието денеска е закажана 38. седница, како и седници на седум парламентарни комисии и на Националниот совет за евроинтеграции.  На дневен ред на 38. седница се Предлог на одлука за […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 10 март 2025 година, 69-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 296 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 17 часот и 35 минути. Денов трае 11 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]

Студено утро, сончево и топло преку ден


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. […]

Жените ги рушат бариерите – низ примерот на пет успешни жени


Детектор во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, низ примерот на пет успешни жени во специјалната емисија „Жените ги рушат бариерите“ анализира како е да се биде понежниот пол во средина која често не е воопшто нежна.  Таков, велат, беше и патот на професорката Гордана […]

Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја


 Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од […]

Делови од Центар и Гази Баба утре без вода


Дел од корисниците улицата „Киро Крстевски Платник“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата  „Киро Крстевски Платник“ број 6. Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „36“ бр. 12 во село […]

МВР и ТАВ Македонија симулираа справување со заложничка криза


Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситуaции и оценка […]

Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница


 Во Берово изутрина во 7 часот се измерени – 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови,  -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, […]

Без вода корисници од неколку улици во општина Карпош, се отстранува дефект на ул.„Гаврил Лесновски“


Поради уличен дефект Ф 100 мм на ул. „Гаврил Лесновски“ бр.4 во општина Карпош, прекинато водоснабдување денеска од 11 часот ќе имаат корисниците од улиците „Гаврил Лесновски“, „Софиска“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Његошева“ и „Петар Драганов“, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Прекинот со водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот

Осми март ја затекна Македонија без национална стратегија за спречување на насилството врз жените


8 Март – Меѓународниот ден на жената ја затекна Северна Македонија сè уште без Национална стратегија за спречување на насилството врз жените. Иако поминаа повеќе од четири месеци откако заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, најави дека се започнати подготовките за стратегијата за борба против родовото насилство, од министерството и денеска велат дека процесот […]