В недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување атлетска трка


 СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела со почеток од 10.00 часот поради одржување атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што […]

ДКСК ќе бара казнетите функционери и да платат глоба, и да ги достават имотните листови


Доколку се утврди дека дел од лицата кои ДКСК ги стави на список немаат доставено анкетен лист и покрај плаќање на глобата, ќе се достави известување до надлежните органи коишто ќе спроведат натамошни дејства, ова го кажа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Татјана Димитровска во одговор на новинарска прашање на 16-тата седница […]

(Во живо) Прес на Таравари


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за здравство Арбен таравари за состојбата на пациентите од Кочани:  

По контролите, кафанџиите во Прилеп ги потсобраа масите од тротоарите – училиштата и градинките се безбедни


По проверките на јавните објекти, но и контролите во угостителските објекти во Прилеп, се покажа дека градинките и училитата се безбедни, а угостителите мораа да ги потсоберат масите распослани по тротоарите и плоштадот, онолку колку што им е дозволено по елаборат, информира градоначалникот Борче Јовчески.    Во изминатиот период беа спроведени засилени инспекциски надзори во […]

Крива Река има стотици пати повеќе цијанид, а десет пати повеќе олово по хаваријата во „Тораница“


  Водата на Крива река во Крива Паланка е опасно загадена по хаваријата во рудникот „Тораница“, а во неа истекле тешки метали и цијанид. Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски рече дека ќе бара кривична одговорност од одговорните. Тој откри дека во водата има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, […]

Сиљановска горда на АРМ: Мора да инвестираме во нашата одбрана


Нашиот влог во Алијансата е истовремено и влог во Армијата, во бедемот на територијалниот интегритет и независноста на нашата Република, рече претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова на свеченоста по повод 5. годишнината од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, што се одржува во касарната „Илинден“ во Скопје.  Сиљановска Давкова укажа дека […]

(Во живо) Прес-конференција на градоначалникот на Општина Крива Паланка


Прес-конференција во живо на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, за извештајот од акредитирана лабораторија за анализа на водата во Крива Река по земени примероци ден по настанувањето на хаваријата во рудникот „Булмак 2016“.  

Димитриеска-Кочоска: Државата ги покрива трошоците за повредените


Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена преку Буџетот за семејствата коишто имаат свои блиски кои се лекуваат во странство, фокусот е секако на континуирана поддршка во овој процес кој ќе биде долготраен. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во отворената хуманитарна […]

Левица: Рударските компании под контрола на ВМРО- ДПМНЕ ја трујат Крива Река


Партијата Левица оцени денес дека излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! -Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да […]

Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста


Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајот Сашко Лафчиски денеска истакна дека петгодишнината од пристапувањето на земјава во НАТО не ја покажува само нашата посветеност кон колективната безбедност туку дека тоа е и одраз кон нашата непоколеблива посветеност кон демократските вредности, слободата и стабилноста. Пред пет години, рече Лафчиски, исполнивме една од нашите најзначајни стратешки цели […]

Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на луѓето


Наглите температурни разлики негативно влијаат врз здравјето на човекот, а според лекарите, засегнати се и хронично болните, но и работоспособните луѓе, децата, па дури и доенчињата, информираа денеска лекарите од кумановската општа болница.Температурните шокови поизразени се во пролет, отколку во есен, а повеќе ги чувствува женската популација, отколку мажите, изјави д-р Нора Господинова – Николовска, […]

Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Прослава и животот на Горан Стефановски“


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка за проектот „Прослава на животот на Горан Стефановски“, кој ќе се реализира на 27 април 2025 година, во чест на роденденот на еден од најголемите македонски драматурзи. „Горан Стефановски е еден од нашите најголеми културни творци и имаме обврска да го зачуваме […]

Во Пожар, Радовиш наврнале 42 л/м2 дожд, Демир Капија со 40 л/м2


Најмногу врнежи изминатите 24 часа имало во Пожар, 42 литра на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Охрид, 12. До седум часот утрово се измерени и 40 литри на единица површина во Демир Капија, 35 во Струмица, 34 во Штип и Ѓуриште, 31 во Попова Шапка, 25 во Крива Паланка и Маврови Анови, 24 […]

Земјотрес почувствуван во Битола и околината


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 05 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда M […]

Ден на франкофонските култури во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар


Во основното училиште „Киро Глигоров“ денеска во 11 часот ќе се одржи настан насловен „Ден на франкофонските култури“, чија цел е низ низа училишни активности на интерактивни штандови да се доближи културната разновидност на франкофонските земји до домашната публика. Настанот го организираат Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Општина Центар во рамки на […]

Посебен режим на сообраќај на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје


Министерството за внатрешни работи информира дека утрово од 5:00 до 7:00 часот на магистралниот пат ГП Блаце – Скопје, на околу четири километри од вториот кружен тек, во насока кон Скопје, ќе се извлекува претходно излетано од патот товарно возило. МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што во наведениот период сообраќајот […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во источните делови, каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 28 март 2025 година, 86-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 279 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 23 минути, а ќе зајде во 17 часот и 55 минути. Денов трае 12 часа и 31 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во […]

Без струја утре делови од Карпош, Сарај и Бутел


Без електрична енергија утре од 9:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од селата Горно Нерези и Горни Крушопек. Во периодот од 9:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улицата „Призренска“ бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53 во Општина Бутел. Како што соопшти РЦУК – Скопје, […]

Во текот на ноќта пообилни врнежи од дожд – можни се свлечишта


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се […]