Дали 700 образовни асистенти за деца со попреченост ќе останат без работа?


  На денешниот собир на наставници со поддршка на СДСМ стана збор и за наводното отпуштање на 700 асистенти за деца со попреченост распоредени по основни училишта низ државата „Околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат …

Дали 700 образовни асистенти за деца со попреченост ќе останат без работа? Read More »

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети


За подготовките и новините во учебната 2024-2025 година денеска прес-конференција одржа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во овие два месеци од нејзиното назначување на функцијата, заедно со вработените во министерството, како и со другите надлежни институции успеале да го подигнат девастираниот образовен систем од претходното лошо менаџирање. „За …

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети Read More »

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести


Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. …

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести Read More »

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола


 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба …

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола Read More »

Филипче: Никој не верува дека нема пари за зголемување на платите на наставниците


Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати, смета лидерот на опозицијата Венко Филипче, кој денеска организираше протест на наставниците пред просториите на МОН. – Денес сум тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на …

Филипче: Никој не верува дека нема пари за зголемување на платите на наставниците Read More »

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години


  Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу …

Учебната година почнува за 245 илјади ученици, за 17 илјади помалку во изминатите седум години Read More »

Белград: Завршна конференција за создавање на универзитети без корупција


Завршувањето на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ беше одбележано со финална конференција на тема „Достигнувања и иднина – создавање на универзитети без корупција“ која се одржа во Белград. Овој значаен настан ја означи кулминацијата на напорите за поттикнување на транспарентноста и интегритетот во високообразовните институции во овие три земји. На …

Белград: Завршна конференција за создавање на универзитети без корупција Read More »

Филков: Десетина дена чекаме Судскиот совет да одлучи дали судијата Пајазити постапил според законите


Министерот за правда Игор Филков смета дека одлуката на судијата Пајазит Пајазити да биде во куќен притвор поранешниот припадник на ОВК Блеким Рамадани, кој потоа избега од државата, е погрешна и во спротивност со досегашната пракса.  Филков вели дека ова прашање треба да биде приоритет посочувајќи дека веќе 10-тина дена се чека Судскиот совет да …

Филков: Десетина дена чекаме Судскиот совет да одлучи дали судијата Пајазити постапил според законите Read More »

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.  – Тоа што сите во јавниот сектор го …

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки Read More »

Учебната година повторно не започнува за децата во Воспитно-поправниот дом Тетово


Образовниот процес за штитениците од Воспитно поправниот дом – Тетово и оваа година нема да започне. Како и лани, овие деца на првиот училишен ден повторно нема да седнат во училишните клупи и да учат. Годинава нема проект, а не се донесени ниту законските измени потребни за формализирање на процесот. Непосредно пред почетокот на новата …

Учебната година повторно не започнува за децата во Воспитно-поправниот дом Тетово Read More »

Два пожари на Водно, Ангелов: Во прашање е вандализам


Утрово на 1 септември избиле два пожари на Водно, а од еден од нив бил зафатен и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ што се наоѓа на врвот на ова планина на територијата на Скопје. Забележан е и трет инцидент – искршено стакло на продавницата што се наоѓа во склоп на Милениумскиот крст на врвот на Водно. …

Два пожари на Водно, Ангелов: Во прашање е вандализам Read More »

Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно


Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески. Интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“. 

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“


Зголемена фреквенција на возила утринава има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава, соопштува Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Пожар во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на Водно


Пожар изби во планинарскиот дом ,,Даре Џамбаз” на врвот на Водно. Екипи на пожарникарите од Скопје се упатија кон врвот. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов замина кон местото на пожарот, а најави повеќе информации за десетина минути.

Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд на планините


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до …

Сончево со мала облачност и ветер, попладне дожд на планините Read More »

В недела во исто време изјави ќе даваат и наставниците и Јаневска и Филипче


  Собирот на наставниците пред Министерството за образоавание организиран од СДСМ закажан за в недела во 11 и 30 часот е првиот израз на пошироко незадоволство од намерата на новата внлада да не ги зголеми платите во образованието затоа што немало пари во Буџетот. Речиси во исто време на настанот ќе даваат изјави и претставници …

В недела во исто време изјави ќе даваат и наставниците и Јаневска и Филипче Read More »

Весна Јаневска вели дека партиски протест не е добар за наставниците


  Министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава за МИА вели дека повиците за утрешниот протест доаѓаат од партија која имала можност да го подобри статусот на наставниците.   „Протестите ги организира СДСМ која до вчера беше на власт и имаше министри, заменици-министри и државни секретари, која ја оставија државата во распад, го оставија …

Весна Јаневска вели дека партиски протест не е добар за наставниците Read More »

Влада: Арсовска да ги плати автобусите на Шилегов, таа тврди дека се исплатени


Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска побара од Владата да набави нови автобуси за јавниот превоз во Скопје, од таму денеска ѝ одговорија дека на скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а тоа што таа го бара е процес на набавка на автобуси што трае година до година и пол. Од Владата побараа …

Влада: Арсовска да ги плати автобусите на Шилегов, таа тврди дека се исплатени Read More »

Тодор Александров се врати во родното штипско Ново Село преку споменик


  Со свечена церемонија, коњаници кои во комитска облека го поминаа патот од центарот на Штип до Ново Село, и со панихида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  е одбележана 100 годишнината од загинувањето за Тодор Александров, македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО. Во негова чест денес е подигнат споменик, а …

Тодор Александров се врати во родното штипско Ново Село преку споменик Read More »

СДСМ утре организира собир на наставниците во Скопје за поголеми плати


  Опозициската СДСМ за утре најави собир на наставниците и просветните работници пред Министерството за образование поради тоа што Владата нема да ги зголеми нивните плати. „Пред самиот почеток на учебната година, јасно е дека Мицкоски и Јаневска немаат концепт ниту јасен план за развој и подобрување на образованието. Целосно го погазија ветувањето за зголемување …

СДСМ утре организира собир на наставниците во Скопје за поголеми плати Read More »