Следниот период нестабилно со можност за пороен дожд и грмежи


Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Како што најавуваат од УХМР процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.

Штрајк во МАНУ, академиците им се заканувале на вработените


  Вработените во Македонската академија на науките и уметоностите (МАНУ) повторно го кренаа својот глас, денеска го активираа штрајкот и бараат да им се зголемат платите како што им беше ветено, бидејќи тие се на најниско ниво во целиот образовен и научен систем. Во изјавите денеска пред зградата на МАНУ беа кажани неочекувани работи – …

Штрајк во МАНУ, академиците им се заканувале на вработените Read More »

Во Македонија има 3.934 млади штркчиња и 1.765 гнезда на штркови


Во Македонија има 1.765 гнезда на штркови со 3.934 изведени штркчиња, преброи Македонското еколошко друштво.   Како што информираа денеска, заврши пописот на штркови!   Македонското еколошко друштво спроведе пребројување на штрковите на национално ниво. Овој цензус се спроведе во рамки на 8-от Европски цензус на штркови кој што се прави на секои 10 години, …

Во Македонија има 3.934 млади штркчиња и 1.765 гнезда на штркови Read More »

Герасимовски: ООУ „Свети Кирил и Методиј“ ја започнува учебната година со нови смарт табли и клима уреди


Во текот на летниот период, Општина Центар спроведе бројни реконструкции, реновирања и набавка на дигитална опрема во сите осум општински основни училишта. ООУ „ Свети Кирил и Методиј“ исто така доби нова опрема – седум смарт табли и десет клима уреди. Со оваа инвестиција, речиси сите училници сега се опремени со клима уреди и со …

Герасимовски: ООУ „Свети Кирил и Методиј“ ја започнува учебната година со нови смарт табли и клима уреди Read More »

Личната карта ја чекаат од април, а Тошковски уверува дека документите се готови за 15 дена


  Проблемот со издавање лични документи (пасоши, лични карти, возачки дозволи…) е надминат и граѓаните сега може да поднесат барање за издавање нов личен документ и да го добијат во законски одредениот рок од 15 дена уверува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во посета во пунктот во полициската станица „Пролет“ во …

Личната карта ја чекаат од април, а Тошковски уверува дека документите се готови за 15 дена Read More »

Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани


Понеделник 9 септември е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 Септември – Денот на независноста на Републиката е во недела и неработниот ден се префрла за понеделник, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади. Од Министерството на сите граѓани им го честитаат  Денот на независноста.

Подароци и желби за успешен почеток од Верверичката за првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“


Со среќа првачиња! Верверичката на Комерцијална банка, на првиот училиштен ден, со особена радост и возбуда ги дочека првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Ги изненади со подароци и забава затоа што нивниот прв училишен ден е дел од нивната најголема среќа. Дел од забавата беа и нашите пријатели од Боренка, кои со …

Подароци и желби за успешен почеток од Верверичката за првачињата во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ Read More »

Слаб земјотрес во Берово почувствуван и во Бугарија


Земјотресот е со јачина од 2,1 степен според Рихер. Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово во 5.25 часот е регистриран во источниот дел од Македонија. Епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.

Сончево и топло, попладне услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и претежно во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од …

Сончево и топло, попладне услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник 3 септември 2024 година, 247-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 119 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 19 часот и 3 минути. Денов трае 13 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Протестен марш на Независниот синдикат за образование, бараат почитување на колективните договори


 Бараме тоа што ни следува според Колективен договор и затоа испраќаме јасна и гласна порака дека е потребно и не смее да се одложува почитувањето на колективните договори во основното и средното образование, односно на Општиот колективен договор, изјави вечерва од Битола претседателот на Независниот синдикат за образование и наука Томислав Гиевски. На вечерашниот протестен …

Протестен марш на Независниот синдикат за образование, бараат почитување на колективните договори Read More »

Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, се враќаат во сообраќај


Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје. – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа …

Приватните превозници постигнаа договор со ЈСП, се враќаат во сообраќај Read More »

За една недела 131 нов случај на Kовид-19


Во последната недела, регистрирани се 131 случај на ковид-19 во земјава, од тестирани 379 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, Охрид, Тетово и Кавадарци. „Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени …

За една недела 131 нов случај на Kовид-19 Read More »

На 129 вработени во УЈП им ги поништија решенијата за работните места и за платите, може ќе треба да враќаат пари


На 129 вработени во Управата за јавни приходи им се поништени решенијата за работните места што ги потпишале во февруари годинава со кои добиле и повисоки плати, а па сега им се заканува дека ќе треба да ја вратат разликата. Станува збор за вкупно 180 милиони денари во бруто износ, односно со платени придонеси, додека …

На 129 вработени во УЈП им ги поништија решенијата за работните места и за платите, може ќе треба да враќаат пари Read More »

Кривичен суд: Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост


Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, …

Кривичен суд: Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост Read More »

Во ОУ „Лирија“ во Тетово градоначалникот Касами подели унифициран албански буквар за прво одделение


Околу 100 првачиња помалку има во тетовските училишта, оцени градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по повод почетокот на новата учебна година. Во основното училиште „Лирија“ во Тетово, тој подели, како што рече, унифициран албански буквар за прво одделение. – Трендот за жал, а продолжува и оваа година има околу 100 ученици помалку во основни и …

Во ОУ „Лирија“ во Тетово градоначалникот Касами подели унифициран албански буквар за прво одделение Read More »

Старите проблеми и на почетокот на оваа учебна година


Помалку ученици во клупите, исти плати, место повисоки за наставниците, учебници изработени од претходната власт се доставуваат до учениците, а оние со грешки немаат замена, за странски јазици нема учебници, асистентите денеска потпишуваат нови договори, денеска распишан конкурс за дополнителни, најавено едносменско посетување настава, но дел од училиштата немаат капацитети, скапи школски прибори и тетратки …

Старите проблеми и на почетокот на оваа учебна година Read More »

Исплатени 80 отсто од долгот на приватните превозници – повторно ќе возат


Приватните превозници постигнале договор со ЈСП и повторно ќе возат, откако денеска им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за пакет 1. Според Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакет 1, некои од колегите веќе се на линиите низ Град Скопје. – Двата пакети, пакет 1 и пакет 3, кои сабајле возеа …

Исплатени 80 отсто од долгот на приватните превозници – повторно ќе возат Read More »

Подновено и со нови училници и кабинети ООУ „Коле Неделковски“ ја почнува учебната година


Учебната година во ООУ „Коле Неделковски“ започна со доградба на ново отворено крило за учениците. – Ги исполнивме ветувањата, инвестиравме 43 милиони денари од општинскиот буџет и отворивме нови и осветлени училници, кабинети за психолог и педагог, библиотека, лифт и тоалет за непречено движење на учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за …

Подновено и со нови училници и кабинети ООУ „Коле Неделковски“ ја почнува учебната година Read More »