Владата ги ограничи маржите до 10 отсто за стотина производи


  Владата денеска на вонредна седница ја усвои предлог-одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, …

Владата ги ограничи маржите до 10 отсто за стотина производи Read More »

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба


Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ- 16/24, по одржана јавна седница на 05 јуни годинава, на 06 септември, Апелациониот суд …

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба Read More »

Укината целосната забрана за движење во шума


 Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.  – Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана …

Укината целосната забрана за движење во шума Read More »

Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд


  Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“ која се одржа во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја …

Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка, се чека конечна одлука на Уставниот суд Read More »

Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец


По налог на Општина Центар, расчистен  е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ „Буњаковец“, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен …

Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец Read More »

Се проширува водоводот во Злокуќани


Град Скопје започна со трајно решавање на повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во населеното место Злокуќани.   Имено, со градежните работи на реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Скупи 3“ во општината Карпош, целосно се менуваат старите цевки, кои се со незадоволителен профил и се поставува нова водоводна мрежа со профили кои соодветствуваат на …

Се проширува водоводот во Злокуќани Read More »

Таткото на Вања со солзи го следи судењето: Неговите адвокати велат нема вина


Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, со солзи во очите го следи судењето од обвинителната клупа, додека неговите адвокати се обидуваат да докажат дека тој нема вина, за настаните кои довеле до тоа неговата малолетна ќерка Вања и претходно велешаневот Панче Жежовски, да бидат убиени. Владимир Туфегџиќ, адвокат на  Ѓорчевски, рече дека ќе докажат дека таткото …

Таткото на Вања со солзи го следи судењето: Неговите адвокати велат нема вина Read More »

Град Скопје oбјави повици за финансирање проекти и активности од областа на средното образование и за млади


 Град Скопје го објави јавниот повик за доделување финансиски средства за спроведување проектни активности од областа на средното образование од интерес на главниот град. Со овој јавен повик, како што информираат градските власти, ќе се финансираат проектни активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните …

Град Скопје oбјави повици за финансирање проекти и активности од областа на средното образование и за млади Read More »

Таравари: Акцелераторот во Штип не е распакуван, да се размисли дали може да се стави во употреба каде било


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека акцелераторот во Штип воопшто не е користен, а не е ниту распакуван. – Не е лошо да се размисли дали може акцелераторот да се стави во употреба каде било – вели Таравари. Кога вчера бил во штипската болница, го прашав раководството каде е апаратот. – За жал, …

Таравари: Акцелераторот во Штип не е распакуван, да се размисли дали може да се стави во употреба каде било Read More »

Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада


Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на GGP програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја …

Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада Read More »

Таткото на Вања и Палчо во иста судница – почна судењето за двојното убиство


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна …

Таткото на Вања и Палчо во иста судница – почна судењето за двојното убиство Read More »

Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје


Утрово е најстудено на Попова Шапка, седум степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје, 16 литри на метар квадратен.  Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени 9 степени во Берово и Лазарополе, 10 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Куманово, Крива Паланка и Охрид, 13 во Прилеп и …

Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје променливо …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 20 септември 2024 година, 264-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 102 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 34 минута. Денов трае 12 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Утре без вода центарот на Скопје


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на ул. „Македонија“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Димитрија Чуповски“ до „Даме Груев“ и дел од „Луј Пастер“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот до санирање …

Утре без вода центарот на Скопје Read More »

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница


Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница, на гинеколошко – акупшерското одделение,  со доктори од ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, информираа денеска од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.   – Со цел проширување на услугите што ги пружаат нашите лекари на Гинеколошко акушерско одделение, ЈЗУ Општа Болница со …

Од утре ќе се извршуваат сложени гинеколошки операции во кавадаречката болница Read More »

Без струја утре делови од Петровец и Кисела Вода


Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец. Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат делови од Пржино, Институтот …

Без струја утре делови од Петровец и Кисела Вода Read More »

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од членовите на Советот на јавни обвинители


  Владејачката коалиција го направи првиот чекор во обидот да биде распуштен Советот на јавни обвинители при денешната расправа за извештајот на ова тело. ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ најавија дека нема да го поддржат овој извештај и побараа оставка од членовите на Советот, велејќи дека „огромно мнозинство од граѓаните го очекуваат тоа“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ негативно …

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од членовите на Советот на јавни обвинители Read More »